Со таа разлика што кога Мартин Нешковски беше убиен од полуретадиран џандар од тепање (кој патем, беше пуштен на слобода од СДС, која мизерија) со месеци Скопје беше блокирано од шарени куртони барајќи правда.
Ај замисли денес штрајкувачи да ти го блокираат Скопје за жртвите во Тетово?
Денес 15 невини болни луѓе кои биле под болничка закрила на државата живи изгорија имаш играње крив курац на Заев и Филипче со давање оставки (ама не прифаќање), врбување директори на болници и здравствени здруженија во одбрана на Филипче и сите останати мизерни ликови тетка Панче и Ратка кои не знаат што значи зборот прирок ти се јавуваат на фејсбук во одбрана на министерот пошо ако не бил тој, потоп ќе била државава.
А Филипче и Заев се тие кои ти ја изградија фушерајската болница и се директни виновници што луѓето се лечеле во ПВЦ зидови кои како што испадна една искра е доволна да ја пламне цела зграда.
Кај се сега шарените куртони? Кај е правдата?
Кои шарени куртони бе другар, на народот му дојде преку курот од се' и отиде да протестира затоа што пробаа да го скријат убиството и се рашири веста после неколку денови.
Цело друштво протестиравме, никој од нас не одел по шарени револуции. Бев на протестите на пленумот, бев и на првиот протест по бомбите, кога ЕБР влегуваа во студентска библиотека да тепаат. Тоа беше револт и гнев кај сите, а ЕБР беа заштитиници на власта која правеше што им прдне на курот. Не ме интересирале такви педерски протести како шарањето, како распеани скопјани, ама сум присуствувал на сите протести за барање правда, вклучувајќи ги и Смилковци и оној за Талат Џафери, кога полицијата не бркаше до дома.
Кај се сега шарените куртони? Па, дел во влада, некои од водачите. Студентскиот пленум го формираа деца кои немаат допирна точка од овие кои се на власт, ама после се истакнаа фаци ко Туфекџиќ и на крај се даде партиски печат на цела организација. Секако дека умрена партија ко сдс ќе извади 5000 студенти на протести во време на тешка опозиција.
Врти сучи, луѓето кои одеа на големите протести бараа промени за подобро, не беа приврзаници на сдс. За жал, во позадина сдс си имаше свои фаци кои после ги начука на позиции.
Кога оние што се бунеа тогаш сфатија дека ништо нема да се промени, НАРОДОТ СЕ ОТКАЖА. Не е дека нема протести затоа што добиле фотеља (со исклучок на 15-тина дрипци), туку затоа што или се иселија или им ја убија и малата надеж дека може да има промени.
Пример, јас организирав два локални протести во време на сдс и без никаква намера, практично ќе им поклониме победа на дпмне на локални. Утре ќе дојде некој и ќе рече ете Saber Rider протестираше во време на сдс, каде е сега во време на домне? Му скислило каде е, протестирал 10 години, начукал 35 години и си тера во бедата кога сите знаат само лајна да јадат од страна, а на протести никаде ги нема.
За крај, јас не ги бранам сдс. Кој ме следи на социјални мрежи, може да потврди дека јавно серам против двете партии и не се кријам. Вие сте тие што викате ПОДОБРО БЕШЕ во време на вмро. Не беше подобро, исто срање беше, со тоа што ако во тоа време го правев муабетот, утре можеше „ненамерно“ да се удавам во некој вир на улица.
Гнаси и едни и други, а најгнасни нивните слепи приврзаници.