Мене подеднакво одвратни ми се тие што го бранат дпмне и тврдат дека немало нешто вакво во нивно време.
А како дпмне ги решаваше ваквите ситуации, сите знаеме.
Ниту еден медиум не смееше ништо да писне, додека Латас водеше монолог колку ќе беше полошо да беше сдс на власт. Грујо стално беше надвор од државата и никогаш никој не поднесуваше оставка, слично како и денес. На секој протест правеа контра протест.
За протестот за Смилковци, уфрлија нивни луѓе (кои потоа ги ставија да ја преземат трибината на Комити) кои во моментите кога од гнев народот тргна накај Чаршија, почнаа да маваат по протестирачите.
Секогаш некој небитен одговараше за крупни работи, гледавме самоубиства со давење во кофа, прикривање на убиство на Нешковски итн. Го искреираа Кале (каде што исто можеа да загинат недолжни луѓе), вадеа лисици на нивни луѓе (од коалициониот партнер ДУИ).
Жити се не ми ги бранете имбецилните. Исти кур се и едните и другите, и двете партии имаат партиски групи на вибер каде што си споделуваат вакви енормно дебилски пораки и после спамираат на сите можни страни. Од двата штаба да ги соберам сите, еден човек не можеш да составиш.
Секако дека мораше да се смени претходната власт. Канцер општество направија. Тараби, лимови, продолжување на богатење на криминалци, иселување на цела младина. Господ не ја оправа државата.
Овие само продолжија, за жал странската чизма не ги зема конците во свои раце, затоа што само тоа може да не оправи.
Веќе нема решение или калашот и потепување на сите (штои нема да се случи) или селење.