"Подргупи"

Член од
16 октомври 2015
Мислења
23
Поени од реакции
4
Епа пошто нема отворена тема ваква,еве јас ми текна да отворам,турајте слики видеа информациии и така натаму за подгруптие ваши други итн итн и малце да дискутираме на вааа тема што и како ;)
 
Член од
23 февруари 2011
Мислења
1.055
Поени од реакции
1.603
Ние немаме групи па уште со подгрупи да се занимаваме :)
Според мене најголема грешка и глупост што се дозволи формирање на 1,000,000 (читај милион) подгрупи. Се собрале 3ца луѓе и ај подгрупа ќе формираме, без некоја идеа зашто е формирана како ќе дејствува работи, која ќе е филозофијта на подгрупата и насоката на дејствување што ќе е поразлична од онаа на главната групата и слично, него онака ние сме 3-4 ца и сме подгрупа.
А и тоа не е страшно се до моментот кога подгрупата се става пред групата и се конфронтира со главната група или друг подгрупа. И тоа доведува до имање 1,000,000 (читај милион) подгрупи а на стадион 100 навивачи.
Пример и ја одам на утакмица со екипа од маало плус минус некој другар (макс 10 луѓе) заедно пиеме пиво пред утакмица па тоа не значи дека и ние ајде сеа да сме подгрупа па да вадиме наши (на подгрупата) маици, шалови знамиња....
И кога треба да се поделат карти или да се прави список за гостовање или слично се делат помеѓу подгрупите, а не на редовните членови од Групата, и така можеш да извисиш за карта(нормално само за некое европско дерби не за ПМФЛ) иако имам повеќе натпреври од пола подгрупи заедно.
Мое видување.
 
Член од
29 јануари 2016
Мислења
26
Поени од реакции
5
Демек народов у Македонија е до толку паметен и доминантен што нема шанси да направи некоја традионална група која што ке ја следат повекето одколку да ја растураат што повеке.
Епа...тоа е...што се они па должни да следат нешто или некого, коа се они бољи од другите.:pos:
Е кур мој успех така на сите полиња па и во спортот.
 

ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
2.951
Поени од реакции
6.746
Подгрупите како појава, и со својот начин на делување, треба да ја олеснат работава на лидерите на групата, а воедно со меѓусебниот натпревар и докажување, подгрупите треба да донесат повеќе акции , во секое поле на Ултрас субкултурата,а со тоа да го издигнат и квалитетот на својата матична група.Но за жал во Македонија истите подгрупи носат спротивен ефект.Нормално е тоа у Македонија се да биде контра, па така е и ова со подгрупите, иако не би требало тоа да е така.Најголемиот проблем на сите мак-групи , е менталитетот, т.е. не едуцираноста на членовите кои ја сочинува подгрупата, а кога си дел од подгрупа ти треба да си максимално едуциран.Тука самиот проблем е кај групите, кои не работат на едуцирање на дечките што идат на утакмици на трибина, и кои подоцна основаат подгрупа.
Во Македонија основен принцип да основиш подгрупа е да имаш маса, а не да имаш едуцирана екипа, која има јасна визија и цел, каде ќе оди подгрупата, а со тоа каде ќе е целта да ја движат и самата група.Па потоа следува јадење гурабии, и распагање на групата.За да не дојде до вакви работи како што реков, групата треба макисмално да работи на едукација на членовите, со самото зачленување треба да се даде кодексот на групата, кој секој член мора да го знае на памет, низ натпреварите да се изработуват едукативни текстови, кои ќе се делат на на новите членови, кои треба да ги прочитат и нормално да ги применуват.За да дојдаш до основање на подгрупата, мора да имаш група ,а кај нас нема групи а се основат подгрупи, кои поголемиот дел од нив дали стигнуват до 2 години постоење.

А да бидеш член на некоја подгрупа, треба да е чест и привилегија.Подгрупата те дефинира тебе како навивач, и тоа кој стил на навивање тебе тие најблизиок, треба да поминеш низа на докажувања за да стигнеш до самата подгрупа.Како што имат браќата Кумани графит: Ултрас не е за свагока, тој е начин на живот а не забава.
 

Незапирливи 1903/87

Изгорен за Вардар
Член од
20 јули 2011
Мислења
3.484
Поени од реакции
9.909
Да немаше секое маало своја "група" и секоја "екипа" што пие два пати во неделата пиво на клупа пред зграда да се декларираше како подгрупа, тогаш ќе имавме и групи за почит и подгрупи што би биле на ниво на "најдобрите" 5-6 групи последниве неколку години, вака имаме само тиња групи со резил подгрупи
 
Член од
13 септември 2015
Мислења
1.000
Поени од реакции
2.249
Јас сум за да се укинат сите подгрупи или да се направи да една подгрупа има знаме и да се смета како подгрупа само ако брои пример 70-80 членови РЕДОВНИ на натпревари.
 
Член од
16 октомври 2015
Мислења
23
Поени од реакции
4
Јас сум за да се укинат сите подгрупи или да се направи да една подгрупа има знаме и да се смета како подгрупа само ако брои пример 70-80 членови РЕДОВНИ на натпревари.
Секаде има над 3 подгрупи без разлика дали се 20 души или 10 хахахах :D
 

ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
2.951
Поени од реакции
6.746
Еве инетересен факт за тоа како се формират подгрупи у Македонија.2014 Мајмуни 20 души активни на трибина, 2016 имат 10 подгрупи на трибина.Што повеќе да се збори за тоа како настануват подгрупи на оваа тифо сцена.
 

AAbrat

*******
Член од
28 октомври 2015
Мислења
696
Поени од реакции
1.554
Еве инетересен факт за тоа како се формират подгрупи у Македонија.2014 Мајмуни 20 души активни на трибина, 2016 имат 10 подгрупи на трибина.Што повеќе да се збори за тоа како настануват подгрупи на оваа тифо сцена.
После 4-5 години од коментаров ни групата ни подгрупите активни . :D
Класична мак тифо сцена.
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.034
Поени од реакции
34.444
Кога се појави трендот на формирање подгрупи се распаднаа групите.

Еден куп екипи, кои требаше да делуваат како екипи направија подгрупи со по 20 луѓе, а во главната група не остана никој. Зборам за Комити затоа што за таму знам како беше. Единствена подгрупа требаше да остане само ЛФ.

Се останато се екипи од разни делови на градот, или луѓе што се дружат меѓу себе.

Пример за ова се Екипа Пиво, дечките се веројатно едни од наједуцираните во Македонија, па не се истрчаа и не направија подгрупа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom