Повреди на колена, совети, прашања..

  • Креатор на темата Креатор на темата ФорцаМилан
  • Време на започнување Време на започнување
Здраво.
Во последниве неколку месеци имам големи болки во десната нога, странично во областа до коленото над него и под него. Болките можам да ги споредам со боцкања од игли. Со текот на времето стануваат се почести и почести. Не траат долго, 5 минути максимум но стануваат неподносливи. Се појавуваат кога шетам, кога стојам, кога мирувам - секогаш.
Дали ви е позната оваа ситуација? Од што може да бидат предизвикани овие болки?
Што треба да направам?
Дали се имаш повредено порано во тој реон?
Во секој случај, појди на лекар, ќе ти направат ренген снимка и ако има нешто посериозно (скраја да е) ќе биде забележано порано.
 
Ај да се надоврзам и јас за ова,исто мене ме болит коленово десно ко ке играв често фудбал во случај ко ке се затрчам набрзина или ко ке ја истегнам новага во шутирање пример и само на момент нешто ке почнит да ме болит неколку сек и одма после ми се смирвит ама се десават секогаш,а до сега не сум бил на лекар за то да прашвам....некој дан знајт или да не му се имат дешавано исто???
 
Ај да се надоврзам и јас за ова,исто мене ме болит коленово десно ко ке играв често фудбал во случај ко ке се затрчам набрзина или ко ке ја истегнам новага во шутирање пример и само на момент нешто ке почнит да ме болит неколку сек и одма после ми се смирвит ама се десават секогаш,а до сега не сум бил на лекар за то да прашвам....некој дан знајт или да не му се имат дешавано исто???
загревај се /истегај се убаво пред да вршиш физички активности.
 
Ако знае некој нека одговори. Истото и се случува и на женска ми скоро секоја вечер. Од право стоење ќе почни да вреска како некој надрогиран рокер. Не спортува ништо ама сака да трчаме летово ама неможи од тие проклети игли. Баш денеска го превикта глуждот поради тие болки и тоа најтрагично глуждот од левата нога, така да неможеше да оди воопшто. Некој со слично искуство ? :D
 
А сте имале некое превиткување, удар или слично кога па почнале овие работи ?
Оток, забележување како коленот да е полно со некоја течност има ?
Мал тест.
Седнете на кревет
ногата/коленот кое ве боли исправетеја на креветот во страна
без да стегате било каков мускул потрудетесе самата нога да се опушти максимално праваполжба
ако станвуа збор за лева нога користете лева рака, за десна - десна рака
пријдете на “капачето“ од коленото со палцот и средниот прст од раката а показалецот да ви биде слободен. значи палците од внатрешнастрна на ногата, центрирајте/задржете го капачето на средина од па со показалецот благо притиснете ја средината од капачето.

Дали капачето е цврсто припиено за внатршниот зглоб или има бар малку празен од кога пробувате да притисните надолу. Значи не накај стапалото или телото туку надолу накај зглобот во внатрешноста на коленото.

Капачето треба да е цврсто залепено.
Ако има простор тогаш коленото има проблем на било каков начин и има внатрешен излив/оток.
Можно е менискусот или другите лигаменти да се истегнати или недај боже напукнати... Ренген помага да се види нешто но треба тој ортопедот да има малку проширено познавање не само да и се пули на коската од сликата затоа што не верувам дека овде станува збор за проблеми со коската како коска туку со другите делови кои се внатре во коленичниот зглоб и околу него.
 
џими не ги тегни луѓето за уши..........
 
треба да идеш кај специалист.

На денешно време проблемот прво на кајгана се споделува :/
 
Може да е до нагло растење, мојот помал брат е прилично висок за неговата возраст и кога го фати растечкиот бум имше проблеми со двете колена. Е сега он тренира фудбал веќе 5-6 години. Незнам дали истото би се случило и доколку иста доза недвижење искомбинираш со раст. 17 години имаш можда последна сантиметража ти е :D Како и да е, филозофирањето не ти помага оди на лекар нека те видат, на интервебот и со рак ќе те дијагностицираат :eek:.
 
Јас имав огромни проблеми со колената но, пред тоа имав околу 110кг, на висина од 165-170цм и се беше во ред, кога решив да слабеам, да спортувам, почнав напето, со екстремно намалување на исхарана, напорно вежбање, се трудев максимално и симнав огронна килажа. До пред да почнам, поголема активност од Жмурка, маалски фудбал на мали голчиња (голман) и баскет (чмаење под кош), немав некоја активност.

Трансформацијата ми се случи на 17-18 години. Одкако ослабев, почнав поактивно да спортувам, да трчам рекреативно, запишав и боречка вештина, низ маало цело време фудбал, поретко баскет ова она и после неполна година почнав да осеќам се поголеми и поголеми болки во коленото. Осеќав боцкања како што кажуваш, пример ако седам на кревет, и зглобот е затворен, ми требаа околу 20тина секунди, за да го отворам зглобот. Кога трчав, исклучиво само темпо, спорт со дуели, никако зошто имав чувство дека ќе ми се одвои квадрицепсот со долниот дел од ногата.

Отидов на лекар, направив снимка, ништо, па не ехо, пак ништо не видео и на крај магнетна резонанса. Бев кај Камиловски ми кажа, ништо не можам да видам на снимкиве, не можам ништо да ти кажам, мора да отвориме, за да видам што треба да правам. Се нафурав нешто, ми збореа дека треба нели таа анастезија во кичма што се прима бла бла, се уплашив и не отидов. После ми препорача стегач еден, во Медикус хелп го земав, кај државна. 3000 одприлика го платив, не ме фаќај за збор и скоро секаде со него на почеток, па со тек на време ги вадев, не ги носев често и верувај дека ми помогнаа, многу.

Сега немам скоро никаков проблем, веќе 3 години сум супер само што имав мала повреда на тренинг ама тоа е мое невнимание и незнаење :D и проблем ми е нагло менување на време, тогаш знае да ме „врти“ едно од коленава, мада се мислам дека тоа ми е психички :)

Ова ти е мое искуство, еве ти ги доле стегачите, само мислам дека ти треба упат за да ги земеш.

БИТНО: Консулатција со доктор, не го зимај ова здраво за готово. Не знам за другиве ама јас нит сум доктор нит нешто слично, само ти споделувам искуство.

stegac_4.jpg


http://www.medicushelp.com.mk/ortopedski-pomagala/cat.php?cat_id=50&page=2
 
Иди на лекар ОБАВЕЗНО ја 2 години ме болеше коленото од нагло растење било.2 години нон стоп ме болеше на напор и сеа рекоа до 17-18 год ќе поминело.Иди на лекат може да биде касно ко кај мене.
 
треба да идеш кај специалист.

На денешно време проблемот прво на кајгана се споделува :/


Ко Иван Исцелителот станал форумов, ако не и бетер. :icon_mrgr:
Он топик: прво се прави магнетна резонанса (скапо е, ама најдобро), па се иде на лекар.
 
Се исфорсирав преѓеска со трчањево. Истрчав 12 круга, 4-5 дена немав трчано и како да ми беше малку решив спринт да трчам 2-3 круга. На круг и пол ептен ме здоболе коленото од надворешната страна, сеа испаднав до чаршија и со кривење се вратив дома одвај. Некоја маст што би помогнала? Некој да знае? Или било што?
Ја и фудбал закажав за утре, ама изглеа ќе мора да одложам.
 
Се исфорсирав преѓеска со трчањево. Истрчав 12 круга, 4-5 дена немав трчано и како да ми беше малку решив спринт да трчам 2-3 круга. На круг и пол ептен ме здоболе коленото од надворешната страна, сеа испаднав до чаршија и со кривење се вратив дома одвај. Некоја маст што би помогнала? Некој да знае? Или било што?
Ја и фудбал закажав за утре, ама изглеа ќе мора да одложам.
Имаш оток?

Ако имаш обавезно ставај мраз и за секој случај појди да те зирнат и да провериш дали навистина нема ништо сериозно.

Не е ова ко температура па ај ќе помине ако лежиш 2-3 дена дома, ова со коленава ми е мене сериозна работа пошо голема мака може да ти напраи.

Мој искрен совет.
 
Се исфорсирав преѓеска со трчањево. Истрчав 12 круга, 4-5 дена немав трчано и како да ми беше малку решив спринт да трчам 2-3 круга. На круг и пол ептен ме здоболе коленото од надворешната страна, сеа испаднав до чаршија и со кривење се вратив дома одвај. Некоја маст што би помогнала? Некој да знае? Или било што?
Ја и фудбал закажав за утре, ама изглеа ќе мора да одложам.


ако имаш болки (при движење) и оток (мал) одлагај натпреварот и користи ладни облоги(пази да го ладиш а не да го замрзниш коленото),ако имаш болки при седење,станување,одење и поголем оток - правец ортопедија
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom