"Повелете" - а уште не сте ни влегле во бутикот...

  • Креатор на темата Креатор на темата Мистичен
  • Време на започнување Време на започнување

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.098
Веб-сајт
www.kajgana.com
Само што си го прешол прагот, и продавачката ти се лепи ко фластер. Е што да повелам, па не влегувам у бурекџилница јеботе па да ти кажам ко од пушка: "Четврт пица бурек и јогуртче, ама денешно да е"! Треба ли да видам прво што нудите, па потоа да "повелам"? Мене страшно ме пизди кога ќе ми се случи тоа. Сакам да си разгледувам лезетски, конкретно кога станува збор за гардероба, шо се вика ко чоек да се ѕирнеш у огледало без стомакот да го вовлекуеш пред неа, или коа ќе те забуља у гз и те убедува дека ќе ти се пуштат кога ќе ги испереш, а кога ти се големи, викаат дека ќе се стеснат. Чуден изум ова фармеркиве...

Треба да не пречекуваат вака "гостопримливо" уште од врата или треба да не остаат на раат?
 
Нервира тоа.

А колку нервира, влагаш у продавница, прашуваш нешто, а спроти тебе намрштена фаца, исфрустрирана од обратнопропорционалноста на платата и работното време.. и имаш: „па гледаш дека има, што прашуваш“, „ако не ти чини твој проблем“, „не знам(!!!)“, „епа тоа ти е“, „ако зимаш зимај“, „ајде побрзај“...

Најубаво ако си одржаваат ненаметливо ниво, се разбира со запазени финеси, пошто ипак зависат од нас, муштериите.
 
И мене ме нервира тоа. Отприлика знам што сакам кога купувам и затоа барам насекаде... е сега ако јас при секое влегување во продавница и објаснувам на продавачката што сакам, па она да каже немаме тоа, ама имаме ова, ова и ова ... не фала. Ја им викам - само да разгледам
 
Ај со „Повелете“ се помирувам. Најмногу ме нервира кога ми ѕирка во гардероба да види како ми стои. Барем од учтивост треба да почека да излезам, а ако сака да види нешто, има и друг начин
:evil:
 
Еј, сакате да праиме едно клипче? Кога ќе поминеш на 5 метра поред тоа сендвичарите кај Стоилко, сите по ред од шалтер ти се редат викајќи "ПОВЕЛЕТЕ"! "ПОВЕЛЕТЕ"! "ПОВЕЛЕТЕ"! "ПОВЕЛЕТЕ"! "ПОВЕЛЕТЕ"!

Како плаче ова за реплика "Доста мелете"!
 
Ова теткиве од Чичко Стоилко и ближните се мн нападни, ако немаат никој муштерија. А за други продавници не ме гњавеле толку многу коа сум влегувал, си знам што си сакам и не се замарам многу со продавачки ;)
 
Дури и кога упорно ти играат фластер ко да си Озел од Кометал? :)
 
StenmarC напиша:
И мене ме нервира тоа. Отприлика знам што сакам кога купувам и затоа барам насекаде... е сега ако јас при секое влегување во продавница и објаснувам на продавачката што сакам, па она да каже немаме тоа, ама имаме ова, ова и ова ... не фала. Ја им викам - само да разгледам

А на тој муабет си приметил како мрштат фаца најчесто? Демек не ја бива со овој :lol: :lol: :lol:
Кај Стоилко се закон ... да ти се одјаде од реметење :lol: :P
 
Абе така ги учат газдите на продавниците :) не се криви продавачите само. Само тоа го прават многу нападно. Учтиво е да те пуштат да си разгледаш, па ако видат дека не можеш да се одлучиш или не можеш да најдеш нешто, тогаш да пристапат и да те прашаат дали може да ти помогнат некако.
Најмногу мен нервира кога ќе пробаш фармерки, па малку ти се долги, па ќе те погледне продавачката и ќе ти рече: Во газот ти се супер, малку ти се долги, само ќе ги скратиш и нема проблем :D Па мајка му стара, купуваш за потоа да плаќаш за да сечиш и кратиш? Како никој до сега не се сетил на лице место во продавницата да ти ги скрати, барем да ти олесни :D Никогаш не сум купил такви панталони или фармерки кои бараат „корегирање“ :)
За таквите продавници кај што ти нудат „топло добредојде“, нјдобро е да им посочиш да те остават сам да разгледаш и пробаш, па ако ти треба помош дека ќе ги повикаш. Така се смируваат :wink:
 
Абе мене ми се случи да купам панталони (и тоа скапички) и да ми наплатат за кратење во истиот бутик. Ептен бев у зорт, ми требаа за утредента инаку....!
 
Најмногу се нервирам кога продавачката се обидува да ми тутне нешто кое не ми се допаѓа и кога ме убедува дека е супер, а при тоа иде по мене кај што разгледувам... Ме нервира тоа и во истиот момент си заминувам од продавницата ако после првата опомена дека сакам да разгледам ме следи :)
Знам дека се платени да бидат услужливи, но не и напорни :)
Намуртените продавачки исто така ме иритираат... Најдобра комбинација е насмеана, a да одговара само ако ја прашаш или дојде до тебе ако ја викнеш :lol:
 
мхм
А замислете ситуација вие влегувате у бутик, дигате рака да прашате нешто а продавачот или продавачката не ве онадуе ама ни 2%.
А?

Јас да имав бутик, ќе ставев рестрикции за ваше влегување.
Неблагодарни кајгански јајца ! :lol: :lol: :lol:
 
StormAngel напиша:
мхм
А замислете ситуација вие влегувате у бутик, дигате рака да прашате нешто а продавачот или продавачката не ве онадуе ама ни 2%.
А?

Јас да имав бутик, ќе ставев рестрикции за ваше влегување.
Неблагодарни кајгански јајца ! :lol: :lol: :lol:
Епа ако не ме онади ни 2% тогаш исто така излегувам од продавница и ќе се запрашам пред да влезам уште еднаш таму :D Или би се пожалила кај газдата :lol: Ај стај рестрикции да те видам :lol: :lol:
 
Зашо па да не?
У еден бутик влегуваш затоа што ти се допаѓа нешто.

А замисли ситуација, само еден бутик во цел град и истата случка како погоре?

Продавачката е тука за да продаде, а муштеријата за да купи.Што не е јасно тука?
Како се врши ова, дали е навистина важно?
Нема таа продавачка да ја облече твојата блуза фала богу.
 
Понекогаш е глупо и нервира тоа повелете а вие уште не влезени во продавницата.. само случајно сте свртиле поглед кон бутикот таја одма хахах.. ама пак и ужасно нервира кога нема некој да ти рече повелете!! Нема цена (бројче) на тоа што сакаш да го земиш, или на облеката што сакаш да го пробаш а ја гледаш продавачката како те гледа на криво, ти ја викаш да дојде.. или ја прашуваш нешто, а таа продолжува да зјапа во енигматскиот забавник! па и то не чинит..

А најмногу ме нервират кога продавачка ми кажвит шо ми стојт убо а шо не.. :evil:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom