Платформа за мобилни телефони

Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
Бидејќи немав прееска доволно време да дообјаснам сега. За да се одлучиш за која платформа сакаш треба да си во тек со мобилната технологија. Последниве месеци се прават огрмони промени еве ќе набројам само неколку.

Гоогле ја купи Моторола, со тоа што сега Моторола ќе имаат екслузивни права на Андроидот. Иако гоогле тврди дека тоа не е така големите компании веќе се спротиставија на сето ова.

Самуснг кој се рачуна како еден од најголемите производители на мобилни од почетокот на 2013 нема да прави веќе мобилни со видос мобајл и андроид. Тие ќе се префрлат на нивниот BADA OS кој денеска кажаа дека ќе го прават со отворен код. Тоа е огромен + бидејчи ќе може да го користат сите компании, така да за 2 години и овај оперативен ќе биде во игра на пазарот.

ХТЦ се во план да го купат WebOs од HP, бидејќи HP откако го купи никако неможе да го разработат како што треба. ХТЦ имаат ОГРОМЕН дел од смартфоните така да ако го купат WebOs ете уште еден оперативен кој не треба да се занемари.

Исто така таблетите играат огромна улога. Тие ќе бидат се повеќе и повеќе продавани.

Три вида на табелти

Андроид
Ипад
Windows 8

Ајпадот сега за сега е најпродаван, и има најмногу апликации. Андроидот е зад него, а windows 8 почнува од наредна година. Windows 8 е во предност со тоа што тој не е обичен таблет туку тој е таблет пц. Колку и да има сега негативни работи за Windows 8 тој е во ОГРОМНА предност од неговите "колеги".

Седнувај и убаво размисли која платворма ти би ја одбрал. Бизнисот за развивање на мобилни апликации допрва ќе цвета.

Што и да одбереш ти посакувам успех и секако редовни апдејти и што повеќе корисници :)))
 

Jane

Кајганџија
Член од
5 февруари 2006
Мислења
3.394
Поени од реакции
114
Android е промашена работа, има ПРЕМНОГУ апликации маркетот се презаситува и има баш се. Ајфонот исто така.

Прими совет windows mobile 7, прилично нова платформа која има светла иднина.(последните истражувања покажуваат дека дури 50% нареден телефон би зеле токму wp7) Апликации има околу 30 000 што е премалку во споредба со Андроид и iOS.
Види една работа, ако има нешто промашена работа, тоа е твојот пост. Не си свесен колкава побарувачка има помеѓу македонските компании за андроид/иос девелопери.

Зашто? Сигурно не зашто нема работа и е презаситено. Напротив јас работев како андроид девелопер и во секое време кој сака има и може одма да се вработи, се разбира доколку има знаење.

Една работа што не ти е јасна е дека парите се во ентерпрајс апликациите, а не глупостите што искачаат по маркетот. Да не се разбереме погрешно дека нема во маркетот пари, али ретки се тие што успеале.

И конечно, концептот е објектно ориентирано програмирање. Ако го разбереш и ако го имаш научено, за неколку недели се учи синтаксата, особено андроидот кој е прелесен. За Windows Phone 7 имавме предавање едно од еден дечко од сивус, се работи во Силверлајт и кажа дека ако знаеме .нет, работата е 70% завршена зашто се премногу слични. Пак и таму важи, за неколку недели се научува.
Ако ти фаќа кликерот и ако си добро поткован со добра основа, брзо се учи новата синтакса. И се разбира, мора да размислуваш мобилно, да имаш во предвид дека правиш апликација за мобилен и да внимаваш на ресурсите што ги трошиш.
 

Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
Еден совет до сите што праваат апликации. Иконата на апликацијата е една од најбитните работи, ако имаш убава икона шансите да влезе корисникот и да ја види апликацијата се огромни. Ако имаш грда икона никој не ја чепка.

Ете јас се ставам тука во таа група, кога листам низ андроид маркетот прво што гледам е иконата.
 
Член од
20 мај 2013
Мислења
2
Поени од реакции
0
Барам некој кој прави Windows phone 8 апликации, студентски проект ми е, секако ке си платам.
 
Член од
5 август 2009
Мислења
1.295
Поени од реакции
484
Промногу општ муабет за да може да се прифати било кој одговор како точен. Автобуско или друга МК апликација на пример за iPhone би била комплетна утка. Истата развиена за Симбиан веројатно би бил погодок. Ако се таргетира американски корисник тогаш изборот би бил гарант обратен. Така да ... нема простор за конкретен разговор, туку добар бизнис план кој на крај сам ќе си каже што и како треба да се работи.
 
Член од
14 октомври 2015
Мислења
43
Поени од реакции
24
Дали постои некаква open source платформа за креирање на мобилни апликации нешто како што е wordpress за веб страни каде може без големи познавања од програмирање да се направат апликации? Барав нешто на google ми се јавија овие неколку платформи http://mashable.com/2013/12/03/build-mobile-apps/#ApfPq0O8uqqf ама се плаќаат месечно или годишно, е сега не ми е јасно дали ако платам на пример за еден месец и ја напраам апликацијата (само една апликација сакам да праам) дали ќе треба да плаќам секој месец... ако може некоја помош околу ова...фала однапред!
 
Член од
6 јуни 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
445
Дали постои некаква open source платформа за креирање на мобилни апликации нешто како што е wordpress за веб страни каде може без големи познавања од програмирање да се направат апликации? Барав нешто на google ми се јавија овие неколку платформи http://mashable.com/2013/12/03/build-mobile-apps/#ApfPq0O8uqqf ама се плаќаат месечно или годишно, е сега не ми е јасно дали ако платам на пример за еден месец и ја напраам апликацијата (само една апликација сакам да праам) дали ќе треба да плаќам секој месец... ако може некоја помош околу ова...фала однапред!
Побарај MIT APP Inventor. ова е бесплтно.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom