- Член од
- 6 февруари 2005
- Мислења
- 9.722
- Поени од реакции
- 248

Теута Арифи ака Тута Арифија
Пред пет години во Охрид беше потпишан Рамковниот договор, со кој му се стави крај на неколкумесечниот воен конфликт во државата.
Договорот, за кој се смета дека ја смени сликата на Македонија, беше постигнат во Охрид, во претседателската вила „Билјана”, по едномесечните преговори меѓу албанските и македонските политички лидери, под покровителство на тогашниот претседател, сега покојниот Борис Трајковски и се посредство на меѓународните претставници Франсоа Леотар и Џејмс Пердју.
Истата година беа изгласани и уставните измени во Собранието, со што Албанците го подобрија нивниот статус во Уставот.
Но, нивното имплементирање не одеше лесно. Зависно од тоа дали партиите се на власт или во опозиција, се разликуваа и оценките за неговото имплементирање.
Вечерва во хотелот „Горица”, во Охрид, ДУИ ја слави традиционално годишнината од потпишувањето на Рамковниот договор.
„ДУИ е политичка партија која својата програма и своите начела на својата работа апсолутно ги има базирано на Охридскиот рамковен договор и ДУИ не ги менувала, ниту има намера да ги менува приоритетите во однос на неговата имплементација и тој останува еден висок политички приоритет кој е гарант за идниот пат на Македонија кон НАТО и ЕУ”, изјави Теута Арифи, ДУИ.
„Не само тоа, ДУИ со својата политичка сила, заедно со ПДП како коалиција, апсолутно е една од гарантите на многу процеси поврзани со Охридскиот договор, имајќи го предвид фактот колкав број на пратеници има во Собранието”, рече Арифи.
„Со славењето во Охрид праќаме порака. Господинот Али Ахмети во неговиот говор минатата година кажа дека ДУИ оваа година ќе прослави во Охрид, затоа што сака да биде уште поблиску до самото место каде се потпишуваше овој историски договор. Тоа е пораката и мислиме дека добро направивме со тоа”, вели Теута Арифи.
„Ова е петта година што ДУИ организира прослава и прием по повод Охридскиот рамковен договор и како и секоја година, поканети се дипломатскиот кор, институциите на државата и сите политички партии без исклучок, затоа што сметаме дека вредностите на Охридскиот договор се за сите граѓани на РМ и токму поради тоа место има за сите, но секој треба да даде придонес и да не се одвојува од тој пат што се поврзува со Охридскиот договор”, додаде Арифи.
Инаку, идниот мандатар Никола Груевски во интервју за вчерашниот број на „Дневник” ја искажал важноста на Охридскиот рамковен договор за иднината на Македонија.
Пред две години Груевски како лидер на македонската опозиција беше многу критичен, особено кон законот за територијална поделба и законот за локална самоуправа.
„Дали ќе успее или не, ќе видиме, затоа што се уште има силни радикални структури кои Рамковниот договор го гледаат само како средство да дојдат до некоја друга крајна цел, која се вика остварување на некои големи соништа за друга држава, а таа друга држава има територијални претензии кон РМ”, изјави во август 2004-та Никола Груевски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Од оваа година за првпат, освен ДУИ, и една државна институција ќе почне да го слави традиционално потпишувањето на договорот. На 17 август од кабинетот на Претседателот имаат најавено слична прослава за Рамковниот договор.