Петре Прличко (Велес, 13 март 1907 - Скопје, 16 ноември 1995) е актер во повеќе филмови, театарски претстави и телевизиски екранизации. Сам по себе претставува вистинска легенда и завзема голем удел во македонското глумиште во 20-от век. И покрај тоа што бил запишан во гимназија, Петре Прличко не останал долго време таму. Во 1923 година ја напушта гимназијата и се приклучува кон патувачката група на Михајло Лазиќ. Откако прошетал низ неколку театарски дружини, во 1931 година, охрабрен од начинот на кој го примила публиката, тој основа свој сопствен театар "Боем".
Од 1939 членувал во Народниот театар во Скопје, па од 1944 во партизанскиот театар „Кочо Рацин“ кој подоцна прераснува во Македонскиот народен театар. Токму тука неговиот талент блеснува во полн сјај и тој станува најзначајната личност на македонската сцена во тоа време. Во меѓувреме го испробува својот талент и како театарски режисер.
Со филмот „Фросина“ (1952) тој го доживува своето филмско деби. Со своите импресивни комични трансформации и изведби на улоги на „човек од народот“ го истакнува својот посебен уметнички сензибилитет, на ниво на кое може да му завидат многу други наши актери.
Добитник е на многу награди и признанија, меѓу кои наградите: АВНОЈ, „11 Октомври“, „Бранко Гавела“, Орден за заслуга (доделен од Георги Димитров) и други.
Во една прилика Петре Прличко изјави дека сепак ако мора да избере една улога како најдрага тоа секако ќе биде "Манданата" т.е. неговиот лик во филмот "Мис Стон", за која ја доби и наградата „Златна арена“.
Од неодамна востановена е награда за животно дело „Петре Прличко“ која се доделува на актер од средната генерација и таа се состои од плакета со ликот на Петре Прличко и соодветна парична награда.
Во 2004 година Јелена Лужина објави монографија за Петре Прличко, во издание на „Магор“.
Награди
Филмографија
Други филмови
Wikipedia Source
Инаку ај и еден отчет од мене, најдобар актер во историјата на македонската драма и филм. Репер за напредни генерации, со неговите глуми во многу серии за деца и возрасни, како и многу филмови. Ајде дајте и некој лик на темава, некое негово интервју, видео клипче, или предлог за филм со Прличко улога.

- 1959 Пула, „Златна арена“ за главна машка улога во филмот „Мис Стон“
- 1991 Ниш, награда „Славица“ за животно дело.
Филмографија
- Фросина - 1952 (Главна улога)
- Волча ноќ - 1955 (Главна улога)
- Мис Стон - 1958 (Главна улога)
- Виза на злото - 1959 (Споредна улога)
- Мирно лето - 1961 (Главна улога)
- Солунските атентатори - 1961 (Главна улога)
- Твојот роденден - 1961 (Главна улога)
- Денови на искушение - 1965 (Главна улога)
- До победата и по неа - 1966 (Главна улога)
- Каде по дождот - 1967 (Споредна улога)
- Македонска крвава свадба - 1967 (Главна улога)
- Мементо - 1967 (Главна улога)
- Планината на гневот - 1968 (Главна улога)
- Републиката во пламен - 1969 (Главна улога)
- Жед - 1971 (Споредна улога)
- Македонски дел од пеколот - 1971 (Главна улога)
- Време, води - 1980 (Главна улога)
- Време, живот - 1999 (Главна улога)
Други филмови
- Капетанот Леши (KAPETAN LEŠI) - 1960
- Парче Плаво Небо НЕБО (PARČE PLAVOG NEBA) - 1961
- Пресметка (OBRAČUN) - 1962
- Невесинско Пушка (НЕВЕСИНЈСКА ПУШКА) - 1963
- Народен Пратеник (НАРОДНИ ПОСЛАНИК) - 1964
- Не Се Враќај По Истиот Пат (ПО ИСТИ ПОТИ СЕ НЕ ВРАЧАЈ) - 1965
- Братот На Доктор Хомер (BRAT DOKTORA HOMERA) - 1968
- Капетанот Микула Мали (KAPETAN MIKULA MALI) - 1974
- Ужичка Република (UŽIČKA REPUBLIKA) - 1974