Петко Дабески

Член од
22 јануари 2005
Мислења
980
Поени од реакции
4
Кратка биографија:

Роден е на 15.10.1939 во Волковија,Тетовско. Гимназија завршил во Тетово, Електротехнички факултет во Белград(1963). Претседател е на Собранието на општина Тетово во еден мандат.
Поезија објавува во младински весници и литературни списанија од 1955 година.
Објавени книги поезија:
Третиот потег(Современост,1982);
Слободен удар(Студентски збор,1983);
Цетврта координата(Македонска книга, 1987, за која е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ при СВП за '87),
-истоимената книга препеана е и на српски, 1988, во издание на Графос, Белград;
Параболи (Култура, 1989);
Невестински ковцег (Наша книга, 1991);
Надвор од опитот (Култура, 1996);
Неста над зборовите (Мисла, 1997);
Цувари на калето (Феникс, 1998);
Не е се' хаику (Студентски збор, 1999);
Наивности (песни во проза);
Каприча за лира и гајде (2002);
Ја има подготвено и Антологијата на македонската хаику поезија, а за стихозбирката „Сноп параболи“ во 2004 година по вторпат ја добива наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата.
 
Член од
22 јануари 2005
Мислења
980
Поени од реакции
4
Од стихозбирката „Сноп параболи”:



Правда и вистина

Некогаш, во позлатените времиња, правдата
била неразделна од вистината
Некаде, на исток, и денес за вистина велат правда
дури и кога правдата или вистината вистински ги нема
Не би знаел точно ни зошто ни како
но како и секоја љубов што си има само сопствена вечност
и тие беше се разделиле, се чини за нешто ситно
Можеби што вистината заради годините станувала грда
а правдата некому не му била секогаш по правина
За праведниците пак повеќе и не би имал што да речам
од времето кога требаше први да го фрлат првиот камен
за каменување на вдовицата сирота и блудна
Ама, затоа, добро ги познавам вистинољубивите
Оние што гинат за вистината
ашто мене, пробидејќи сакат, токму тие
и кога не сум пијан ме трезнат
Фала им, што, за да не се подзаборавам
и да не паднам во гревна заблуда дека се` ми е токму
секој ден наутро, напладне и навелер
наместо изветвените добро утро, добар ден, добра вечер
со насмевка верничка ме честат со ти си сакат
 
Член од
22 јануари 2005
Мислења
980
Поени од реакции
4
Од стихозбирката „Каприча за лира и гајде”:



Евтино

Евтино е
Како да не биде евтино кога пет пари
не даваме ниту за сопствената кожа
Дали секогаш кога доаѓа евтинија
се` е така почудесено и евтино
Се` е верувајте толку поевтинето
што е за плашење колку ли ќе потрае
И дали толкавото добро на арно ќе излезе
кога се` може и под вистинската
цена да се купи и поткупи
Сега, кога е се` толку евтино, евтино ем убаво
Толку евтино и дотолку убаво
никому да не му се верува евтино
од сопствената кожа дека ќе се извлече



Ринг

Го поткреваш конопецот и свечено влегуваш
со чувство: оставен си на ТУЃИ раце
Сите ги кренале од тебе, еден на тебе
А рингот, гори во сеирџискиот фокус
на илјадните втренчени погледи
Да не се бреговите на бицепсите и рамењата
би немал на што да се потпреш
петлите на ракавиците пред да се зграбат
Гонгот не е камбана или повик за молитва
ниту знак во чудо за да се крстиш
А и аглите не му се меѓу две рунди станици
Постојат само два ангела од кои едниот ќе биде паднат
меѓу четирите јажиња врзани со ритамот на
борбата
И четирите раце престорени во тупаници




Стаклено

Камерите се немилосрдни сведоци
Боксерот - апсолутен фаворит
неочекувано добива ненадеен аперкат
токму во врвот на брадата
Боксерот отповеќе познат
по разорното лево кроше
и степ чекорот на бенгалски тигар
а не по стаклената брада
Истиот боксер, за неверување
на стаклени нозе
одвај се додржува подисправен
тетеравејќи се до противничкиот
наместо до својот агол во рингот
 
Член од
22 јануари 2005
Мислења
980
Поени од реакции
4
Од стихозбирката „Каприча за лира и гајде”:



Вечна среда

За нас метафора, за нив над нафора
Ама според кажувањата на нашинците
доларот да ти бил зелен гуштер
Не толку зелен колку што провлеклив
Откако ќе влезел прво во џебот
без да праша ќе се припикнел
во сите седум-осум отвори
на главата и телесната празнина
свивајќи како под ќерамиди седела
Од таму не би ли посатрапски те гонел
до обелување да црнчиш како луд
А среда да ти биде
и во празник и во недела



Банкноти

Ситните пари се шетаат
како народна песна, само не
од уста на уста, туку од рака в рака
На крупните банкноти се поретки
мрсните отпечатоци на прстите
На една најкрупна и нова прочитав
нечиј љубовен запис со црвено мастило:
”Убавице, врати ми се пак”!
А роднините од Америка ни испратија
после месец дена на гости, овде
една банкнота од Еден долар со Око
И едно техничко упатство од тринаесет
стиха од Книгата мудрост соломонова
за негова правилна употреба



Правење чатија

Слушам звук, гласен, а далечен
Доаѓа некако одозгора,
од невидливи височини
Тоа мајсторска тесла со чело
удира во глава од клинец
недозариен во дрво.
До нота истогласниот
карактеристично забрзан ритам
од завршните акорди при забивањето клин
во симфонијата Правење чатија
се повторува без исклучок
Со иста извежбана виртуозност
пред секое конечно забивање
и на стотиот клинец в греда
 
Член од
22 јануари 2005
Мислења
980
Поени од реакции
4
Од стихозбирката „Каприча за лира и гајде”:



Вештина

Искрено сум изначуден
од умешноста на пајакот
Со невидлив конец ми ја сошил
устата без да забележам
Како ли тоа тенко ја истенчил
потенко од секоја наша примисла
сребрената нишка помеѓу два трна
од два грма глогови
Толку тенка до нестварност
што ниту капката дожд на неа
не успева да застане
Само отсјајните
амплитуди сончеви
Само отсутната сенка на призракот



Градски петел

Некој градски петел
оддалеку, а толку јасно
пред секое разденување
бодро се огласува
токму кога се бричам
Како да ми се обраќа
токму мене
Мене пак и не ми
преостанува друго,
па и криво да ме сфатат,
освен да присоберам глас
И во една мугра
на аберот со абер
доличен да вратам



Прошка

Се поклонувам пред сите
врутоци и изблици на животот
и молам проштанија
Што со исто уво не го потприслушнувам
брмчењето на пчелата во увото на цветот
и брмчењето на мушичката
настојчиво што се вовира во солзата
од добродушното око на коњот
во тапите ноздри на волот
додека целодневниот оброк од трева
прилегнат си го прежива
И што паѓа како нечестива црна дамка
врз белината на млекото
во детската рака принесена до устата
 
Член од
22 јануари 2005
Мислења
980
Поени од реакции
4
ОД ЗБИРКАТА СО ХАИКУ ПОЕЗИЈА: „НЕ Е СЕ` ХАИКУ”:



СУМА

Зар не гледаш?
Славеј ми пее на уво,
а не го гледам!

****************************

ДВА СЛАВЕЈА

Ах, два славеја!
Преку страк од јоргован
в гласје се караат.

************************

ОД КОГО

Каде и од кого
ли ги учат славеите
своите песни?
 
D

DJ_DEXTER

Гостин
Жена му ми предаваше во основно . Магдалена Дабевска. На часовите читавме понекогаш некои негови дела.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom