Здраво луѓе. Продавам околу 99,9% полн (искористени се само 2 шприцања за тестирање) Mont Blanc Legend Intense (Франција) тоалетна вода од 100 мл., којашто веќе не се произведува. Купен е пред неколку дена од наша реномирана парфимерија (нема реклама) и отворен е пред помалку од 1 ден. Производството му е од 2013г. - годината кога e излезен во продажба. За тие што не се запознаени, станува збор за еден од најдобрите парфеми од понудата на Mont Blanc (според рејтинзите на fragrantica најдобро рангиран од целата нивна понуда со 4.25 рејтинг поени од преку 1100 гласови). Парфемов веќе скоро никаде не може да се најде во цел свет, освен по тотално нереални цени на интернет (воглавно eBay) и тоа по неколку пати поголема цена од вистинската. Јас на слепо го купив последното шише од парфимеријата, а никаде на друго место го немам видено на залиха кај нас - ниту во парфимерија ниту онлајн. Не би ме чудело буквално да е последеното што беше во продажба во Скопје, а и во цела Македонија. Инаку парфемов има карактеристична метална нота којашто не е за секого, а секако не е за мене. Шишето е доста тешко доста и делува поприлично премиум, а баш добро доловува што има во него со неговата сива металик боја. Мирисот и презентацијата делуваат како да станува збор за доста поскап парфем, но не е така. Има некоја свежина во себе, но спаѓа во категорија на парфеми за најразлична намена и може да се носи скоро во секоја ситуација. За оној што сака вакви парфеми апсолутно може да биде "signature" и за него, да се послужам со англиски речник ова би можело да биде "holy grail" или "masterpiece". За друг не го препорачувам, освен ако не е колекционер на парфеми. Ова е веројатно последна шанса да го набавите по приступачна цена. Го продавам заедно со неговата кутија и со декларација. За да не ги наведувам нотите што ги содржи, а коишто пред се овошни и благи, посетете ја fragrantica или basenotes на пример.
Деновиве, а особено викендов можам да ви набавам и повеќе други нови (неотворени) и оригинални парфеми и тоа по одлична цена, коишто веќе потешко може да се најдат, така што слободно прашајте ако нешто ви треба. Еве уште еден многу редок парфем, а којшто многу колекционери сакаат да го имаат: Lanvin Avant Garde (Франција) тоалетна вода. Го има во шишиња од 50 и 100 мл. Инаку ова е еден од ретките парфеми кој како нота и тоа главна ја има пчелин восок. Многу добар парфем, особено за колекционери (го имам и јас). Според мене ова е поприлично унисекс парфем, иако официјално е за мажи. Ако сакате благи парфеми со доминантна нота на пчелин восок или мед, овој парфем би требало да е супер за вас. Исто како и Legend Intense, мириса поскапо, а и овој веќе некое време не се произведува и воглавно, со некои исклучоци, само на eBay и сл. може да се најде и тоа неколку пати поскап се разбира. Убедливо најдобриот и најпопуларниот парфем за мажи од Lanvin. Впечатливо име - Avant Garde и интересно шише и дефинитивно ја збогатува колекцијата на било кој колекционер.
Може да набавам и многу други парфеми, и тоа и машки и женски, а и не само постари туку и понови. Пишете ми во приватна порака само кој ве интересира и ќе ви кажам дали ќе може да ви го набавам и по која цена. Ви одговарам во рок од 1 ден и доколку ви одговара веднаш ви го набавувам.
Mont Blanc Legend Intense и Lanvin Avant Garde може и да ги тестирате ако сакате од кај мене затоа што ги имам, а бидејќи тестер мислам дека кај нас никаде нема да може да најдете. Понудава не важи постојано, туку воглавно е со краток рок и тоа пред се за време на викендов, а за понатаму можно е да имам можност за набавка, но за тоа ќе треба дополнително да се консултирам.
А Legend Intense инаку секако дека го продавам, бидејќи не сум некој голем колекционер, а мирисот не е баш за мене.
Поздрав на сите и секое добро.