Откуп на електронски отпад

Член од
25 декември 2008
Мислења
1.877
Поени од реакции
1.089
Се освестуваме за проблемот со електронскиот отпад

Меѓу проблемите што се утврдени се слабите капацитети на невладините организации за управување со овој отпад, ниската свест кај граѓаните за опасностите од него, недостигот на статистички податоци за неговите количества и немањето мрежни структури насочени кон справувањето со проблеми од оваа област

Електронскиот отпад, кој се состои од расипани и дотраени уреди, како компјутери, телевизори, печатачи, видео и дивиди-плеери, музички системи, играчки конзоли и многу други слични апарати ќе биде сé помала закана за нашата земја и за регионот. Неправилното постапување со овие предмети е опасно за здравјето на луѓето и за нивната околина, бидејќи во нив има отровни материи што се ослободуваат и се шират низ почвата и низ подземните води, а и во воздухот преку чадот од депониите. Електронскиот отпад во земјава сé уште се третира како и секоја друга отпадна материја, се фрла во ѓубриштата, а голем број граѓани и фирми чуваат стари уреди во подруми или во складишта.

Но оваа состојба почна полека да се подобрува, прво во законодавството. По кампањата што ја предводеше организацијата „4х4х4 балкански мостови“, Собранието неодамна му даде поддршка на Законот за управување со батерии и со акумулатори и го проследи во понатамошна процедура. Пратениците заклучија дека одредбите во него, освен што се во согласност со европското законодавство, ќе овозможат да се сведат на најниско ниво опасностите од загадувањето со овие средства. За законот гласаше и опозицијата, иако таа имаше забелешка дека Македонија нема доволно капацитети за да го спроведе, односно регуларна депонија за такви материи. Сепак, од Министерството за животна средина одговорија дека таа состојба се подобрува, бидејќи во тек е постапката за регионална депонија, а веќе има и фабрика за акумулатори која врши откуп на стари уреди.

Решавањето на проблемот нема да застане само на батериите. Со проектот „Балканска мрежа за застапување при управување со електронски отпад“ треба да се уреди законодавството на начин што ќе ги опфати сите апарати и предмети што спаѓаат во таа категорија. Проектот се спроведува во Македонија, Србија, Хрватска и во Бугарија, а кај нас го координира фондацијата „Метаморфозис“. Тој почна минатата година, а ќе заврши в година. Меѓу проблемите што се утврдени се слабите капацитети на невладините организации за управување со овој отпад, ниската свест кај граѓаните за опасностите од него, недостигот на статистички податоци за неговите количества и немањето мрежни структури насочени кон справувањето со проблеми од оваа област.

Досега е создадена регионалната мрежа на организации што го спроведуваат проектот и кои работат локално. Сега тие прават истражувања за да се анализира тековната состојба во секоја земја, како и законските рамки во нив.

Проектот со своите активности планира да ги постигне следниве резултати: да ги зголеми соработката и размената на добрите практики за раководење со електронскиот отпад помеѓу сите релевантните страни, да ја подобри јавната свест за правилното раководење со електронскиот отпад, да се зголемат капацитетите на граѓанските организации за лобирање и застапување на правилно раководење со електронскиот отпад, темите поврзани со електронскиот отпад да се почесто застапени во медиумите и бројот на уреди кои се сé уште функционални, а завршиле во отпад да се намали.
http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=9610959199&id=101&prilog=0&setIzdanie=22077

Читајки го текстов ми падна на памет дека имам дома прилично доста ваков отпад :)
Па да сподели некој свое искуство со проблемов. Кај може да се продаде, цена на ваквиот отпад, дали и батериите се откупуваат. Знам дека ваков отпад, има во Струмица(мислам таму беше), но дали има и по другите градови, лично ме интересира за Скопје. Дали доаѓаат од дома да го подигнат, или мора да си го однесеме самите.
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Јас еднаш на обичен отпад продадов фотокопир и стари компијутери, ама за џабе ги земаат битно ми се мафнаа од дома..
 
Член од
7 март 2009
Мислења
1.127
Поени од реакции
788
Читајки го текстов ми падна на памет дека имам дома прилично доста ваков отпад :)
Па да сподели некој свое искуство со проблемов. Кај може да се продаде, цена на ваквиот отпад, дали и батериите се откупуваат. Знам дека ваков отпад, има во Струмица(мислам таму беше), но дали има и по другите градови, лично ме интересира за Скопје. Дали доаѓаат од дома да го подигнат, или мора да си го однесеме самите.
Еве јас живеам блиску до Струмица и за ваков откупен центар првпат слушам,а штом јас не сум слушнал значи за другите граѓани и да не зборувам.Инаку и мене од поодамна ми се врти во глава оваа бизнис-идеја,ем е еколошка и добра за животната средина и за сите нас,ем можеш да оствариш профит со откуп и понатамошна обработка и продажба на откупените делови и с-ва.
Пред неколку години мислам дека СЕТ-компјутери или на нив слична фирма беа организатори на една ваква акција низ Скопје и собраа доста голема количина на електронски отпад,а продажабата надмина 1 милион евра,значи ова е бизнис во кој може да се вртат големи пари.Само за да дојдеш до тие пари,прво ќе треба да имаш ќеш да го платиш откупеното,да вработиш стручни луѓе кои ќе ги вадат племенитите и вредни метали и легури од деловите кои ги откупуваш и на крај сето тоа да го продадеш на некој друг.
Лично сметам дека владата треба преку инвестициски фондови да направи еден ваков проект низ цела Македонија и посебно за секој град да основа по една фирма која ќе се занимава со откуп,складирање и продажба на вредните метали извадени од електронскиот отпад.
Ова е супер-идеја со која ќе се вработат многу млади луѓе,ќе се исчистат нашите домови од ваков токсичен отпад,ќе се прочисти средината во која живееме(наместо да го фрли стариот расипан монитор во реката,граѓанинот ќе го однесе во откупниот центар) и ќе се полни буџетот од продажбата и извозот на вредните метали.
Ех,јас да сум премиер или поглавен во некое министерство,какви прекрасни идеи ќе реализирам во оваа наша Македонија,поздрав! :)
 
A

Accipiter82

Гостин
Државата не треба да отвора бизнис, веќе треба да создаде услови за да приватниот сектор отвора бизнис кои што ќе откупуваат електронски отпад.
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Па многу пари треба за вакво нешто.Не е исплатливо освен ако не го откупуваш безпари.Имав јас многу монитори некаде околу 5 тона пробав да го извадам бакарот и катодната цевка ама искрено не е исплатливо.
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.877
Поени од реакции
1.089
Еве јас живеам блиску до Струмица и за ваков откупен центар првпат слушам,а штом јас не сум слушнал значи за другите граѓани и да не зборувам.Инаку и мене од поодамна ми се врти во глава оваа бизнис-идеја,ем е еколошка и добра за животната средина и за сите нас,ем можеш да оствариш профит со откуп и понатамошна обработка и продажба на откупените делови и с-ва.
Пред неколку години мислам дека СЕТ-компјутери или на нив слична фирма беа организатори на една ваква акција низ Скопје и собраа доста голема количина на електронски отпад,а продажабата надмина 1 милион евра,значи ова е бизнис во кој може да се вртат големи пари.Само за да дојдеш до тие пари,прво ќе треба да имаш ќеш да го платиш откупеното,да вработиш стручни луѓе кои ќе ги вадат племенитите и вредни метали и легури од деловите кои ги откупуваш и на крај сето тоа да го продадеш на некој друг.
Лично сметам дека владата треба преку инвестициски фондови да направи еден ваков проект низ цела Македонија и посебно за секој град да основа по една фирма која ќе се занимава со откуп,складирање и продажба на вредните метали извадени од електронскиот отпад.
Ова е супер-идеја со која ќе се вработат многу млади луѓе,ќе се исчистат нашите домови од ваков токсичен отпад,ќе се прочисти средината во која живееме(наместо да го фрли стариот расипан монитор во реката,граѓанинот ќе го однесе во откупниот центар) и ќе се полни буџетот од продажбата и извозот на вредните метали.
Ех,јас да сум премиер или поглавен во некое министерство,какви прекрасни идеи ќе реализирам во оваа наша Македонија,поздрав! :)
Реков мислам дека е во Струмица. Тоа го потврдува и линков,кој го најдов на нет случајно
http://www.mtv.com.mk/mk/vesti/ekonomija/44917/strumichkoto_pretprijatie_„nju-flesh”_izveze_15_toni_elektronski_otpad.aspx
Е сеа, дали само фирмата е регистрирана кај вас незнам.
И се слагам дека за ваков бизнис е потребна голема сума на пари, но мене ме интересира откупната цена, за да се ослободам дома од отпадот кој го имам.
Барајки на нет информации, налетав и на ова
http://zk.com.mk/act/откуп на електронски отпад/Македонија
Проблем сепак ми е сеуште, што никаде нема некој бројки околу евентуален отку.Ќе се јавам деновиве па ке споделам што ми кажале, и пред се цената.
 

X3m

Титула по желба
Член од
20 јуни 2007
Мислења
445
Поени од реакции
177
Знае ли некој како идат откупните цени ? Имам дома 5-6 страи мобилни телефони, компјутер со монитор, 2 телевизори, 3-4 нинтенда, видео и усте куп ствари што не ги употребувам... ама пошто отпадот не е во мојот град, да прашам дали ми се исплати да одам :)
п.с. ако некој знае конкретно за овде би било добро - http://e-reciklaza.mk/
 
Член од
7 март 2009
Мислења
1.127
Поени од реакции
788
Реков мислам дека е во Струмица. Тоа го потврдува и линков,кој го најдов на нет случајно
http://www.mtv.com.mk/mk/vesti/ekonomija/44917/strumichkoto_pretprijatie_„nju-flesh”_izveze_15_toni_elektronski_otpad.aspx
Е сеа, дали само фирмата е регистрирана кај вас незнам.
И се слагам дека за ваков бизнис е потребна голема сума на пари, но мене ме интересира откупната цена, за да се ослободам дома од отпадот кој го имам.
Барајки на нет информации, налетав и на ова
http://zk.com.mk/act/откуп на електронски отпад/Македонија
Проблем сепак ми е сеуште, што никаде нема некој бројки околу евентуален отку.Ќе се јавам деновиве па ке споделам што ми кажале, и пред се цената.
Ниеден линк не работи,веројатно биле некои фантомски моментални фирмички за перење пари какви што ги има многу низ државава
 

Kajgana Shop

На врв Bottom