Здраво. Ми требаат информации, искуства, совети и се' што е поврзано со операција на простата, искуства од државна, искуства од приватна клиника, доктори и сл.
Колку трае закрепнувањето и какви несакани последици може да има.
Се работи за блиска особа. Ви благодарам однапред.
Многу е важно каков третман има
после операцијата. И најдобри експерти хирурзи одлично изведена операција, ако после нема соодветна грижа и следење од страна на лекари и правилни препораки, џабе е.
На државно имаш некои одлични хирурзи, НО имаш факинг КАТАСТРОФА се друго. Го оперирале сестрата или лекарката или кој и да е не знаел, не им текнало, итн, пример да кажат дека треба после операција да зема лекови против згрутчување на крвта = хематом и смрт. Тоа е тоа.
Одлично ќе ја направат операцијата, но премногу брзо го пуштаат на домашно лекување, БЕЗ соодветни упатства = умрел.
Одлично ќе ја направат операцијата, НО болничките хигенски услови, каде спие и јаде се за никаде, бубашваби трчкаат и полски вециња, фатил зараза = умрел.
Мој совет Приватна болница.
Каде на СЕ се гледа, од операција до послеедна ронка да нема во собата.