leandra
Модератор
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 23.641
- Поени од реакции
- 38.562
Еден од бисерите на Хрватското приморје, родното место на туризмот во Хрватска изградено во Австро-Унгарски стил ќе ве воодушеви на прв поглед. Место на кое со сигурност повторно ќе се вратите.
Приказната започнува со Опатијка - кип на девојка со галеб
која ве пречекува во централниот дел на Опатија.
12км долгото шеталиште на Опатиската ривиера ќе ви ги покаже убавините на кои нема да останете рамнодушни. Прекрасни градби со Австро-Унгарски белег го красат целото шеталиште
Во централниот дел каде се наоѓа најстарата градба вила Ангиолина, се наоѓа централниот парк на Опатија во кој има преку 150 билни видови од сите делови на Светот. Во тој дел се наоѓа и отворениот театар на Опатија каде секоја вечер се одвиваат културни настани. Џезот во Опатија е на прво место, како и сите настани поврзани со класична музика. Монденско место кое вреди за секој потрошен денар.