Ај да се разбереме, во MVC не можеш да имаш separation of concerns пошто ниту моделот, ниту контролерот, ниту вјуто имаат главен concern да хендлаат бизнис логика. Ниту постои некое пишано правило дека контролерот е тој што треба да ти ја хендла бизнис логиката. Не за џабе се вика контролер, менаџер класа е. Сфати го ко сообраќаец на раскрсница кој дава знаци кој кај треба да иде, и ама воопшто не треба да му биде грижа за биснис логиката, со тоа што ставаш бизнис логика во контролерот го нарушуваш single responsibility principle од SOLID принципите. Што му е грижа на контролерот? Во зависност од тоа што параметри имаш во гет риквестот кој контролер, поточно кој метод од контролер класата да ти го ранува, за во тој метод да ти се инстанцира соодветен модел, преку чија инстанца ќе повикуваш други методи кои ќе земаат податоци од база, податоци кои ќе му ги дадеш на некој лоад вју метод во истиот метод на контролер класата(кој на лоад вју методот може да му пристапи пошто го екстендува основниот контролер кај што е дефиниран тој лоад вју метод) кој потоа ќе му ги предаде податоците на вјуто (ова ми е најпросто што можев да објаснам). Ако сакаш да имаш separation of concerns ќе си креираш посебна класа која што ќе ти ја хендла бизнис логиката, а додека контролерот у конструкторот ќе ја прима инстанцата на таа сервис класа и таа инстанца ќе му ги предаде податоците во бараната форма на контролерот.