Одите ли редовно во црква и зашто?

Одите ли редовно во црква

  • Вкупно гласачи
    49

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.791
Поени од реакции
4.839
Правна не, духовна има.
Во Црквата, само Црковно документираниот и благословениот брак е битен, но како што за власта Црковниот брак е правно неважечки, така и за Црквата, бракот „во матично„ е чиста световна формалност...чисто „онака„, за да може Црквата да го избегне судирот со световната власт.
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.025
Поени од реакции
30.022
НБРМ е дел од државата, и е клучна институција за функционирање на истата.

Црквата од друга страна ти е „ветер во магла“, прикаски за мали деца, институција чиј маркетинг продава приказна за невидлива сила која последно се појавила пред 2000 години, од книжуле за чии автори нема начин како би покажале и докажале во каква психофизичка состојба биле во моментот.
Ете оди во темата за рамна земја и види какви глупости се пишуваат, замисли тие што ти ја пишувале таа книга да биле опалени во главата како овие. Или уште поверојатно, да биле под дејство на наркотици.
*za tebe.
 
Во каква психо-физичка состојба беше Стивен Хокинг?...
Во „совршена„ или во „жалосна„, па сепак и во „жалосна„, го сметаа за авторитет?...
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.511
џабе си го арчиш времето.

Во каква психо-физичка состојба беше Стивен Хокинг?...
Во „совршена„ или во „жалосна„, па сепак и во „жалосна„, го сметаа за авторитет?...
Хокинг беше теоретски физичар, никој не се потпира и не зема здраво за готово тоа што е дадено како хипотеза од Хокинг.
За разлика од него постојат илјадници други физички закони кои се докажани и покажани со теорија и пракса.
Згора на се науката никогаш не тврди дека е безгрешна, спротивно на црквата која ти кажува дека ја има ултимативната вистина.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.100
Поени од реакции
12.081
:coffee:
Сега за сега како што гледам по гласањето, водат оние кои не одат редовно во црква и тоа со голема бројка...
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.791
Поени од реакции
4.839
Хокинг беше теоретски физичар, никој не се потпира и не зема здраво за готово тоа што е дадено како хипотеза од Хокинг.
За разлика од него постојат илјадници други физички закони кои се докажани и покажани со теорија и пракса.
Згора на се науката никогаш не тврди дека е безгрешна, спротивно на црквата која ти кажува дека ја има ултимативната вистина.
Одлично-сега знаеме (а и до сега знаевме...) дека науките не се способни да ни дадат никаква трајна вистина...

И да, навистина, Црквата е носител вистината, онака како што сам Господ Бог и‘ ја остави...
Автоматски споено мислење:

:coffee:
Сега за сега како што гледам по гласањето, водат оние кои не одат редовно во црква и тоа со голема бројка...
Хмммм...па сам Христос ги нарекува Своите како „...мало стадо...„ а не „...непрегледна толпо...„, така да квантитетот во Цркава не е некоја доблест или предност...:icon_lol:
 
Последно уредено:

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.749
Поени од реакции
23.027
Ne znam zosto mora da ja palis prackata koga ete moze da imame razlicni mislenja, nema potreba da se ubeduvame.
Za Dzontra ne e bitno i toa e okej, mene mi e bitno i toa e ok.
Zivi bili.
Ne si me razbrala, ni na kraj na pamet bi mi padnalo sega da se ubeduvame ili razubeduvame okolu bog i crkvata, toa ke bidi najbezproduktivniot muabet. Zborot mi bese deka veruvaj si ti kolku sakas vo sto sakas, crkoven brak pred drzavata ne ti e validen se dodeka ne se potpisis vo maticno, da se registriras so se veli :toe: .
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.511
Одлично-сега знаеме (а и до сега знаевме...) дека науките не се способни да ни дадат никаква трајна вистина...

И да, навистина, Црквата е носител вистината, онака како што сам Господ Бог и‘ ја остави...
Трајна вистина нема, а немојт ни да има, ни јас ни ти ќе траеме па да ни треба трајна вистина.

И фала му на Госпо шо го нема, па Црквата може да продава прикаски и да печали од истите. Во историјата на човештвото се измислени многу богови, или да ме разбереш поедноставно: секогаш кога не знаеле да разберат нешто, го поистоветувале со надприродна моќ и некој кој е посовршен од нив.
Еве ти една листа, расчепкај, може ќе ти се убоди некој што ќе ти ги оствари молбите.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.100
Поени од реакции
12.081
Одлично-сега знаеме (а и до сега знаевме...) дека науките не се способни да ни дадат никаква трајна вистина...

И да, навистина, Црквата е носител вистината, онака како што сам Господ Бог и‘ ја остави...
Автоматски споено мислење:

Хмммм...па сам Христос ги нарекува Своите како „...мало стадо...„ а не „...непрегледна толпо...„, така да квантитетот во Цркава не е некоја доблест или предност...:icon_lol:
Другите сите на мачење бидејќи така мора, црквата и нејзината вистина вели така...
Затоа и малку се оние кои одат во црква и се им е адети од христијанството..
А и се градат од развратноста и лакомоста на самата црква и свештеници... Што мудрост ќе каже попот? Скромни бидете? Љубете ги сите?
Не. Гадови биле, гадови се и тоа ќе бидат свештениците кои сешто зборуваат, а малку прават од кажаното... Но што разбира стадото од тоа?

Затоа само за празници доаѓаат луѓето колку да ги видат... А и тоа ќе го снема откако ќе сфатат луѓето дека нам не ни е грижа дали некој оди или не било каде, секој свој универзум и никој не може да го суди туѓиот внатрешен пат.
 
Член од
4 август 2018
Мислења
1.514
Поени од реакции
3.255
Одам еднаш годишно само кога ми е слава..лош пример сум за верник и христијанин..
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.012
Поени од реакции
10.118

А зошто лош пример? Мислиш ли дека тој што оди редовно у црква е поголем верник, подобар христијанин од некој што не оди?
Добар пример ти се свештените лица, тие се стално у црква и што....па кога ќе ми текне само колку педофилија има во католичките цркви...ехеее....
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.289
Поени од реакции
4.033

Не мешај баби и жаби, не збориме за католици и остали секти.... Се знае која е црквата. И да, во црквата не се ангелите, свештениците се исто луѓе како нас, со сите слабости кои ги имаме и ние. И во црквата има луѓе кои се навистина посветени на неа и луѓе кои се таму од други побуди, исто како и во болница каде има посветени доктори и доктори бизнисмени и касапи.... и сега оти некој доктор барал мито или бил нестручен треба да речеме дека болници не ни требаат? И ако се сметаш за христијанин треба да идеш во црква, неможе тоа ама јас верувам на мој начин, јас почитувам обичаи, јас се молам на мој начин.... тоа на ,,мој начин,, е неспоиво со црквата. Црквата е пред се заедница во богослужење а не храмот како објект. Во црква неможе ,,да одиш на свој начин,, се знае како треба а во храмот ако некој ја заборави вратата може да влезе и куче и мачка и кокошка.... и туристи...
 
Каде пишува дека треба да одам редовно у црква? Што си ти подобар верник од мене?
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.289
Поени од реакции
4.033
Каде пишува дека треба да одам редовно у црква? Што си ти подобар верник од мене?
Па во член.3, став 1 од законот за риболовство јасно стои дека поздрав еден топол мора редовно да оди во црква под страв од присилно извршување. Ако одеше редовно во црква ке знаеше каде пишува. А тоа дали сум подобар верник од тебе, друг е судијата. По мене, јас сум најлошиот верник.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom