Одиме на Марс?

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Прадедото на космичкиот патник, ако одлучат да личат на своите творци... :) :)
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.429
Поени од реакции
5.111

Новата ракета на Блу Ориџин. Бустерот како и на СпејсИкс е дизајниран да биде реупотреблив, впрочем, начинот на враќање на бустерот е доста сличен со начинот што го користи СпејсИкс.

Ракетата ќе биде најмоќната реупотреблива кога ќе летне за првпат во 2020 година. Блу Ориџин веќе обезбедиле договор за лансирање на сателит на еден од првите летови.
 
Human, едно е да си праиме ладеж околу приказни како онаа на Блу Ориџин каде богатунери пробаат да си го зголемат или одржат богатството на проекти кои можат да бидат магнет за мали инвеститори кои сакаат возбуда , а плус тоа можат и да си клемаат даноци....со вистински расположивото ниво на технологија. Она погоре освен што е фино скоцкана анимација нема ништо ново и и веќе непостоечко. Освен нормално сега популарното кај американциве...слетување на г'з на палуба на баржа у Пацифик.
Инаку целата таа приказна не држи со сегашната состојба на науката и технологијата за горива. Едноставно нема тука биланс на енергија и нешто батките во врска со тоа лажат. Пресметај колку маса гориво треба да забрзаш и качиш скоро во орбита , па да го враќаш назад за да го користиш за кочење, лебдење и маневрирање??? Или каклкулираат дека за некое време ќе се појави гориво кое тоа ќе го овозможи. А како гледам од млазот на полетање... користат течно гориво и оксидатор кислород..
По истиот терк да не бевме у ќуше како Македонија и ние можеме да сеобереме некоја пара , иаме тука супер мајстори за визуелизација и да скоцкаме ваков проект ..прсти да излижеш... Ама јеби га у ќуше сме родени... :) :) :)
Да не си сретнал негде како би го превеле значењето на Блу Ориџин во случајов на Македонски??? Не мора буквално..
 
Не знам како функционира Блу Ориџин, дали имаат потреба од инвеститори имајќи го предвид фактот дека Безос е еден од најбогатите луѓе на светот и комотно може да истура пари во компанијата. Елон вложуваше со години стотици милиони во СпејсИкс пред да им тргни. Меѓутоа, се работи за затворени компании кои не мораат да покажуваат финансиски извештаи јавно.

Ракетата ќе користи метан како гориво, слично како ILS на СпејсИкс.
Колку им се исплаќа да качуваат горе гориво за да го искористат после за слетување не знам. Најверојатно многу, имајќи предвид дека веќе две големи компании се насочија кон таа технологија. Подобро би трошеле големи количини гориво отколку да фрлаат мотори и електроника...
Колку ќе се исплати ќе кажи времето, но уште сега СпејсИкс најавува 30% попуст (и покрај најниските цени на пазарот што ги има) за ракети кои ќе летаат со искористени мотори.

Името Блу Ориџин (Blue Origin) според тоа што прочитав се однесувало Blue на самата планета Земја, а Origin на тоа дека оттука потекнуваме, како почетна точка.

Патем, Блу Ориџин за многу кратко време повторно склучиле нов договор за 5 нови лансирања.
 
хе добар си...имајќи го предвид фактот дека Безос е еден од најбогатите луѓе на светот и комотно може да истура пари во компанијата. Елон вложуваше со години стотици милиони во СпејсИкс пред да им тргни.... :)
Многумина не се свесни за тоа посебно кај нас и очекуваат дека треба само да брцнат прачка(од лозница) и да пијат вино...:)
 
А

Атлантист

Гостин
Во Австралија на крајот на овој месец ќе има настап Елон Маск, во рамките на Меѓународниот Конгрес за Астронаутика.
Се очекува ревизија на плановите, од оној за Марс, има предвидувања дека ќе биде представена мисија со поскромни димензии, од онаа лани што ја представи.
Друго што се очекува е редизаин на Драгон V2 , капсулата за пренос на астронаути до ISS, како и онаа Red Dragon, беспилотната капсула за до Марс, односно треба да користат падобрани, на барање на НАСА, исто и за Марс, утврдено е дека е тоа порационално решение. И тоа е една од причините за нивното каснење.

Исто така мисиите на Red Dragon нема да почнат од наредната година, него евентуално од 2020, а за 2018 ќе има (можеби) мисија со екипаж од двајца (наводно веќе платиле за мисијава, нивните имиња не се познати), околу Месечината, односно повторување на Аполо мисијата од 1968. (Не онаа 1969 кога слетаа).

Секако има место и за оптимизам, а тоа е лансирањето на Фалкон Хеви, кое треба да се случи во Ноември. За двата странични бустери ќе бидат предходно користени први степени на ракетата Falcon 9, додека централниот степен претрпи редизаин.
Веќе е изграден и претрпе низа на тестови, проблем е што централниот степен за разлкика од страничните ќе постигне многу поголема брзина и висина, па проблем е неговото враќање , односно за разлкиа од другите степени ќе биде под многу поголеми напрегања и температура па може и да согори, односно да не го преживее враќањето во атмосверата.
Инаку и Елон Маск миаијата на Фалкон Хеви ја отценува за многу ризична. Како што изгави го парафразирам - Успех би било за почеток и доколку само успеат да лансираат а притоа да не се оштети лансирната рампа.
За оние кои не пратат, лансирањето на Флакон Хеви треба вака некако да изгледа.
 
Последно уредено од модератор:
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.288
Поени од реакции
15.433
Овој Елон Маск многу е присутен во последно време по медиумите...се крева голема прашина околу него!!!!!
Или досега немаше вака неконвенционален претпријемач......или е дебело нешто со властите заплеткан
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993

И мене ми е мистерија. Мислев дека е комерцијала. И е комерцијала во суштина, ама ете не праи патенти, туку ги дава изумите слободно да се реплицираат и користат. Сепак продава коли од по 100000 долари.
Имам пишувано у темиве - жално е што државните вселенска агенции, руската не ја ни рачунам, ама и наса оди по тој пат, се страшно деградирани, оскудни со персонал и буџет. Затоа подобро да ги има вакви, отколку ништо да не се дешава.
 
Да, изгледа личниот пи-ар го издигна на едно ново ниво. Не знам колку е познато но Тесла нема класични рекламни кампањи, па дури ги исфрли и дилерите и дирекно фирмата им ги испорачува автомобилите. И не им треба, Маск самиот е реклама.

А тоа со властите, биди сигурен, од подредена улога неговата СпејсЕкс е на пат да стане главен за владините лансирања, вклучително и воените, ја гледав статистиката на лансирањата оваа година ULA(Boing + Lokid) од монопол, сега се сведени на само 5 лансирања, додека Falkon9 има 13, секако најмногу се комерцијални. Па и многу осетливи мисии како онаа на мини шатлот X37 му е препуштена на СпејсЕкс.[DOUBLEPOST=1505593606][/DOUBLEPOST]
И мене ми е мистерија. Мислев дека е комерцијала. И е комерцијала во суштина, ама ете не праи патенти, туку ги дава изумите слободно да се реплицираат и користат. Сепак продава коли од по 100000 долари.
Имам пишувано у темиве - жално е што државните вселенска агенции, руската не ја ни рачунам, ама и наса оди по тој пат, се страшно деградирани, оскудни со персонал и буџет. Затоа подобро да ги има вакви, отколку ништо да не се дешава.
НАСА самите се деградираа со супер скапите проекти како она со шатлот, ајде не го сметам за целосно промашување затоа што многу работи како поправка на Хабл Телескопот ќе беа невозможни.
Едноставно нема што да понудат, станаа бирократизирана институција, од друга страна Пентагон се врза со ULA(Boing i Lokid) и од нив направи монопол, а за возврат доби услуга по баслосновни цени. Лансирање ено од 500 милиони, такви некои цифри...
За колите еве сега има Модел 3 од 35000$. Тек ќе следи бум на ова поле.

Инаку ништо не добил на тацна, тешко се изборил, односно не како некои други кои влегуваат во бизнисот со лансирање ракети како Пол Ален или Џеф Брезос кои се супер богати. Ова е СпејсЕкс 2002 без мексиканците. :) Како носач го имаат Falkon1 со скромни можности, кој пак никако да оствари успешно лансирање . Некаде мислам 2008 - 2009 Маск е пред банкрот со двете компании СпејсЕкс и Тесла.
А влегол во овој бизнис откако го продал ПејПал за што тој добил 165 милини $, многу мал почетен капитал за еден скап бизнис како што е лансирање ракети.
 
Последно уредено од модератор:

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Во Наса, во најдобрите времиња работеле 400000 луѓе. Мене ми е логично со тек на време проектите да стануваат погабаритни и поскапи, но кратењата на буџетот се од друга природа - немање на земјен и вселенски конкурент со падот на СССР како најсериозен. Во периодот на вселенската трка како плод на обемните истражувања и скапи експерименти, откриени се и неколку нови хемиски елементи и други значајни практични откритија. За тоа денеска нема пари. Треба да се бомбардира во Ирак, Сирија...
Станува реалност она од сф филмовите - ако има ресурси на други планети, има и интерес од бизнис елитата за нивна експлоатација.
Маск има супер идеи. Посебно ми се допаѓаат фотоволтаичните "ќерамиди" или кровни панели што генерираат струја. А од друга страна инвестира во оној мега погон со кој планира да ја снабдува пола Америка со струја од Сонцето. Сепак мислам дека парите му се приоритет, а би било супер да грешам. Уникатна појава у секој случај, наспроти капиталистички пијавици како Џобс кој со глупости доби култен статус, а бил обичен алчен гад.
 
А

Атлантист

Гостин
^
Да но тоа секако не било одржливо, има и периоди кога 5% од БДП одело за НАСА за време на Аполо, ни воениот буџет не им е толку. Пресфртот е уште во 70-сетите и онаа заедничка мисија Аполо - Сојуз. Кога е јасно дека Русите немаат план за Месечината а овие пак го откажуваат Аполо и воопшто немаат мисии со човечки екипаж до појавата на шатлот.
Мислам дека тука им е основната грешка, можеле да продолжат со Аполо во поскромен обем, ако веќе ја баталиле Месечината. Изгледа се попалиле со проектот за шатлот и неговите можности во однос на класичните капсули + воената компонента на шатлот, па фантазии дека ќе биде во иднина целосно повеќекратен брод...
 
Не е целта да се префрлат повеќе пари за вселенската програма, целта е да се направи нештото економично и одржливо.
Едно лансирање на Сатурн 5 чинело преку 1 милијарда долари, а едно лансирање на шатлот пола милијарда, или ако се земе во предвид неговиот развој повеќе од милијарда долари по лансирање. Со така високи трошоци дури и целиот воен буџет да го добијаат нема да тераат далеку.
Но во право си дека добиваат мала сума.

Најдобро решение е да ја префрлат топката на приватниот сектор, да создадат конкуренција (како со лансирањето на товар и астронаути до МВС) и мое мислење е дека со истиот буџет може да постигнат многу повеќе на долгорочен план, предизвикувајќи нови иновации и решенија.
 
Да но ова се однесува за 70-сетите и дали е во ред што го укинале Аполо и не е само Сатурн 5, Сатурн е цела фамилија ракети, за до орбита до Скајлаб орбиталната станица и заедничката мисија со Сојуз го користат Saturn IB.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom