@concrete
Пегаз е способен да лансира сателит во орбита за разлика од овие другиве (X15,SP1 итн), но друга е поената. Колку е тоа исплатливо, За 56 милиони $, 440 kg?????
Тука негде е цената на еден Фалкон 9 за 22 тони, а да не споредуваме мали ракети со кој е во иста класа и го имаат истиот или поголем капацитет.
Надвор од секоја логика е, да е добар истиов концепт досега сите ќе лансираа сателити во орбита на ваков начин, не дека оваа технологија денес е некаков предизвик. Едноставно не е исплатливо. А тоа што разни богаташи како Пол Ален фрлаат пари на проекти не е гаранција за успех. Пол Ален, Ричард Брансон само имаат пари за фрлање, за разлика од нив Маск е и технички поткован, знае што прави.
Рутан, да има тој разни интересни летала, ентузијаст си е човекот, па му ја продал идејава на овој гревот кој што почнал и карти за вселенски патувања да продава, па се налепија разни будали. Па градеше и некаков аеродром за неговите СпејсШип ракетоплани, се изнафрла пари човекот. Не дека е далеку од остварување и дека е невозможно, но некој друг покажа како тоа се прави и каква технологија треба да се користи, во случајов Џеф Брезос, па здравје за година, две туристички суборбитални летови ќе бидат реалност и на нив ќе може добро да се заработи, но профитот ќе оди на контото на Брезос а не на Бренсон.
СпејсШип2 постигна 22 км, далеку е тоа од 100 км на СП1 која се зема за некаква приближна граница за да се каже дека биле макар и на 5 мин. во вселената.
Кај шатлот освен орбитерот се друго се користи еднократно, се распадна заради парче од изолацијата на резерварот кој го оштети крилото. За Пегаз, таа ракета е исто за едноктатна употерба, нема тука ништо ријузибл, освен авионот.