ОМД назначи претставник во егејскиот дел на Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.592
The United Macedonian Diaspora (UMD) is proud to announce its first official representative for Greece, in Aegean Macedonia. Eugenia “Evgenija” Natsoulidou, a long-time activist and co-founder of the Educative and Cultural Movement of Edessa (Voden), was appointed by a unanimous vote of the UMD Board of Directors.

Read more about Eugenia and the appointment at: http://umdiaspora.org/content/view/669/1/

Честито!
 
Незнам дали сме ние овде сите свесни баш колку храброст треба да се прифати
ваква функција. Грчкиот менталитет не е сменет воопшто и овие луѓе си ја носат главата
во торба. Се ми се чини дека повеќе храброст треба да си Македонец во Грција, отколку
да си Македонец во Отоманска империја.
 
Одлична вест, браво за активностите на ОМД!
 
Браво и за Eвгенија. Еве го нејзиното интервју во Дневник:


Даночниците во Воден спречија да се учи македонски

Финансиската криза во Грција не се случи само поради неконтролираното трошење, туку и поради недостигот на демократија и на модерни европски гледишта во земјата, вели Евгенија Нацулиду, новоизбран претставник на Обединетата македонска дијаспора (ОМД) во Грција и активист од организацијата Едукативно и културно движење на Воден. Нацулиду, позната на социјалните мрежи како Воденка, вели дека како претставник на ОМД ќе се обиде да влијае да се крене гласот на Македонците во Грција, да не се плашат да ги учат македонскиот јазик, песните и обичаите.

Kои ќе бидат Вашите главни активности како претставник на ОМД во Грција?

- Ситуацијата со човековите права на Македонците во Грција е многу лоша. На пример, зошто само Македонците во селата кои во време на оваа криза сакаат да го продадат имотот немаат право тоа да го сторат оти државата не им ги признава документите. Ваквиот проблем им се случува единствено на Македонците, и тоа не само на децата-бегалци, што е страшно. Нивите може да ги користат, но не може да докажат дека се нивни, не може да градат на имотот, да добијат дозвола. За ова имам и личен пример со земјиште на кое моето семејство одгледува лозје. Луѓето с` уште се исплашени затоа што нема демократија во земјата. Kризата не се случи само поради неконтролираното трошење и колку пари и да ни дава Европа, овој феномен ќе остане!

Споменавте дека добивате закани не само од екстремистите туку и од политичките партии. За какви закани станува збор?

- Речиси сите политички партии во Грција имаат националистички идеи кои не се разликуваат од оние на Златна зора. Тие не ни се закануваат отворено, но секојпат кога се обидуваме нешто да направиме, преку медиумите не прикажуваат во негативно светло. Ова е жесток систем, дури и народниот правобранител не реагира на нашите поплаки. Kога се жалиме за најобичен проблем до некое министерство или општина, не добиваме одговор.

Тешко дека состојбата ќе се подобри со Андонис Самарас како премиер.

- Погрешно е што честопати проблемот се персонализира. Не е важно дали е Самарас или Папандреу, проблемот лежи во самиот систем. Залудно дискутираме дали едниот бил подобар од другиот.

Пред неколку години Вашата организација најави отворање на училиште за изучување на македонски јазик. Што се случи со оваа иницијатива?

- Со проектот за изучување на јазикот почнавме пред три години. Имаше голем интерес кај младите, но проектот на самиот почеток беше стопиран од даночните служби во Воден, кои забранија да се одржуваат часовите бидејќи биле нелегални. Ни рекоа дека не може часовите да бидат бесплатни и неколку пати бараа да потпишам изјава дека никој не ги финансира. Лично ми се заканија дека ќе имам проблеми. Сепак, заканите не се причината што проектот пропадна бидејќи јас не се плашам, не сум државен службеник, па да ме уценуваат. Проблемот е што немаме професор по македонски јазик и во иднина ќе бараме решение за да ја реализираме оваа идеја.

Ивана Костовска

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=CAE078130B69204DB63329A442A6BBA8


.
 
Ништо ново од циганиве на јужно од нас! Ај сега на одмор да одиме само на кој крак годинава???:facepalm:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom