Нуклеарна војна, и загрижувачкиот тренд на неразбирање на последиците од истата

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.865
Поени од реакции
30.568
Корекциите зависат од условите на летот, истите мерени од сензори. Не може да го испрограмираш проектилот со однапред зададена брзина, каде да сврти и да го фрлиш да лета и да очекуваш да ја погоди целта прецизно.
Сите прецизни проектили се наведувани од сензори. Дали ја мапираат површината, дали ги следат ѕвездите, дали добиваат сигнали од сателити за наведување не битно, битно се во постојана комуникација со надворешни фактори.
Преселектиран лет со однапред внесени податоци каде да забрза и смени насока, без сензори ја промашува целта секој пат.
Овој дел го заклучуваш без конкретни практични знаења за конкретниот систем.
Изјавите на креаторите кажуваат дека баш тоа го постигнале, што ти велиш дека не е можно. Корекции на лет и во терминална фаза на летот.

До пред пар години и појавата на новите проектили со хиперсонична технолгија, и за други работи кажуваа дека не се можни, но се покажа дека се можни. Како неколкукратно поголемиот домет, неколку пати поголемите брзини на движење. Итн.


Да, меѓутоа заклучивме дека тоа може да биде постигнато со оружја стари неколку децении, затоа прашањето.
Впрочем, до ден денешен еве тоа функционира, зошто сега измислување нешто магично?
Затоа што САД има доктрина на прв удар и во последната деценија реториката со закани од секој вид, е се позасилена.
Веројатно има и нешто што не се знае јавно, но како и да е РФ се почуствувале доволно загрозени за да вложат во овој асиметричен одговор (симетрично никој не може да се носи со САД и нивниот принтер).


Патем, Русија, како и САД има стратегија за прва да употреби нуклеарно оружје.
Официјално нема. Има само закани дека ќе ја смени, ако САД продолжат вака и после менување на куп неопходни правни регулативи.
 

Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
3.703
Поени од реакции
8.700
Затоа што САД има доктрина на прв удар и во последната деценија реториката со закани од секој вид, е се позасилена.
Веројатно има и нешто што не се знае јавно, но како и да е РФ се почуствувале доволно загрозени за да вложат во овој асиметричен одговор (симетрично никој не може да се носи со САД и нивниот принтер).
Ти го постирав еднаш, може и два пати. Овде ти е објаснето што е фората со асиметричниов одговор.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.865
Поени од реакции
30.568
Ти го постирав еднаш, може и два пати. Овде ти е објаснето што е фората со асиметричниов одговор.
Мене ми е слушано ова повеќе пати, но не можам да им пружам ова како одговор на колегиве... На дел од нив под чест им е да слушаат излагање на „диктаторот Путлер“. :)
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.116
Поени од реакции
4.752
Овој дел го заклучуваш без конкретни практични знаења за конкретниот систем.
Изјавите на креаторите кажуваат дека баш тоа го постигнале, што ти велиш дека не е можно. Корекции на лет и во терминална фаза на летот.
Here we go again.
Терминалната фаза од летот се состои од лет низ плазмата при влез во погустите делови од атмосферата (од орбитални брзини од 6-8 км во секунда до помалку од мах 5), каде се губи голем дел од брзината и остатокот од летот каде леталото е далеку побавно и излегло од плазмата, од огромната брзина. Плазмата е појава каде топлина врши забрзување. (забрзувањето е промена на брзина или насока). Во овој дел леталото (боева глава или глајдер) може да прави корекции бидејќи нема плазма околу него бидејќи ја изгубил огромната брзина.
Сепак, тие "корекции" се мали маневри во обид да избегни соборување, најчесто од системи како THAAD.

Ок, изгледа џабе е кога во 2-3 пати ти реков прочитај нешто.

хиперсонична технолгија, и за други работи кажуваа дека не се можни, но се покажа дека се можни.
Ај вака, најди барем еден пример каде е демонстриран хиперсоничен лет. Glide летала, боеви глави, и астронаути не се важат пошто летаат над атмосферата. И тоа се вика орбитален или суборбитален лет.

асиметричен одговор
Знаеш што е асиметричен одговор?
Иван во ранецот да стави нуклеарка и да ја детонира во Њујорк.

Русија и тоа како може да одговори на нуклеарен напад, исто како и напаѓачот, симетрично, дури и пожестоко.

Настрана фактот што Русија при нуклеарна војна треба да гаѓа многу повеќе цели отколку САД.

Официјално нема.
Официјално, нагласено којзнае колку пати само во теков на војнава, ИМА. Значи Русија има first use policy и врз нуклеарни сили и врз такви кои немаат нуклеарно оружје.
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.097
Поени од реакции
3.292
Преселектиран лет со однапред внесени податоци каде да забрза и смени насока, без сензори ја промашува целта секој пат.
Ваљда не е проблем нуклеарка да ја промаши целта за некој километар.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.116
Поени од реакции
4.752
Ваљда не е проблем нуклеарка да ја промаши целта за некој километар.
Проблем е ако гаѓа нуклеарни силоси да речиме.
Или воена база, или аеродром или носач или бродоградилиште.
Ако нуклеарната бомба не детонира над овие мети туку километри подалеку, ќе преживеат, скоро недопрени.

Ако гаѓаш населени места, тогаш ок е прецизноста.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.865
Поени од реакции
30.568
Ај вака, најди барем еден пример каде е демонстриран хиперсоничен лет. Glide летала, боеви глави, и астронаути не се важат пошто летаат над атмосферата. И тоа се вика орбитален или суборбитален лет.
Овака некој понезгоден од мене би те прашал од каде знаеш и дека земјата е округла. Јас само ќе кажам дека не знам какви побарувања имаш за да те задоволат доказите. Публицирани тест летови имало неколку, е а ако прашуваш дали американски претставник се потпишал на записникот за сведоштво на успешноста и ги прател инструментите на земја... Е тоа веќе е друга работа. :unsure:

Сериозно поназад ти линкав вест од сиенен како цитираат амерички офицер дека кинескиот тест лет бил успешен (пази кинескиот). Сега ти за рускиве ако се сомневаш, ок! Што да ти кажам. Инаку и Лестер ти посочи некои снимки од војната во Украина, ама очигледно тоа не ти задоволува спецификации.

Знаеш што е асиметричен одговор?
Иван во ранецот да стави нуклеарка и да ја детонира во Њујорк.
Ова не е фер кон @Ingvar и видеото кое го постираше. :unsure:

Ај другите работи нема да ги одговарам или барем не сега, ме викаат на оган.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.116
Поени од реакции
4.752
Овака некој понезгоден од мене би те прашал од каде знаеш и дека земјата е округла. Јас само ќе кажам дека не знам какви побарувања имаш за да те задоволат доказите. Публицирани тест летови имало неколку, е а ако прашуваш дали американски претставник се потпишал на записникот за сведоштво на успешноста и ги прател инструментите на земја... Е тоа веќе е друга работа. :unsure:

Сериозно поназад ти линкав вест од сиенен како цитираат амерички офицер дека кинескиот тест лет бил успешен (пази кинескиот). Сега ти за рускиве ако се сомневаш, ок! Што да ти кажам. Инаку и Лестер ти посочи некои снимки од војната во Украина, ама очигледно тоа не ти задоволува спецификации.


Ова не е фер кон @Ingvar и видеото кое го постираше. :unsure:

Ај другите работи нема да ги одговарам или барем не сега, ме викаат на оган.
И знаеш што гледаш ти на видеата?
Ете подолу види го тоа чудото како забрзува. Да го пишиме хиперсонично?
Тоа од Кина е глајдер. Глајдерите се боева глава со малку повеќе термална заштита и екстра површини за контрола. Лета во вселената и се враќа назад во атмосферата.

Не ти побарав видеа. Ти побарав било каков доказ каде е демонстриран хиперсоничен лет низ атмосфера.
Да ти спасам време ако случајно ти текни да бараш, освен експериментални летови и тестови на одредени технологии, нема ништо друго да најдеш, бидејќи не постојат.

Од друга страна постои пропаганда и маркетинг.

 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.886
Поени од реакции
35.718
Проблем е ако гаѓа нуклеарни силоси да речиме.
Или воена база, или аеродром или носач или бродоградилиште.
Ако нуклеарната бомба не детонира над овие мети туку километри подалеку, ќе преживеат, скоро недопрени.

Ако гаѓаш населени места, тогаш ок е прецизноста.
Ако цирконот им лета со 20+ маха и 1000км далечина, тогаш со инерцијални сензори може да погодиш и маневрирање до цел голема 200+ метри која се движи со околу 50км/ч, како што е носачот, и уште полесно фиксен силос. За динамични мети и висок процент на реализација ќе им требаат 3.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.116
Поени од реакции
4.752
Ако цирконот им лета со 20+ маха и 1000км далечина, тогаш со инерцијални сензори може да погодиш и маневрирање до цел голема 200+ метри која се движи со околу 50км/ч, како што е носачот, и уште полесно фиксен силос. За динамични мети и висок процент на реализација ќе им требаат 3.
Ако носачот смени траекторија?
Види, на огромни брзина, над 5 маха и нагоре се појавува плазма околу леталото која ја блокира секоја комуникација со надворешниот свет.
Како да добие инпут дека метата не е повеќе таму кога не може да користи сензори и да комуницира со надворешни сензори?

Патем, според Википедија, максималната брзина му е 9 маха (можно е во финалната фаза од летот). И замислен е како против бродско оружје, што најверојатно нема да носи нуклеарно полнење.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.886
Поени од реакции
35.718
Ако носачот смени траекторија?
Види, на огромни брзина, над 5 маха и нагоре се појавува плазма околу леталото која ја блокира секоја комуникација со надворешниот свет.
Како да добие инпут дека метата не е повеќе таму кога не може да користи сензори и да комуницира со надворешни сензори?

Патем, според Википедија, максималната брзина му е 9 маха (можно е во финалната фаза од летот). И замислен е како против бродско оружје, што најверојатно нема да носи нуклеарно полнење.
Затоа ти пишав мин. три комада, ќе паѓаат во форма на триаголник на претпоставени локации, погодок на било кој дел го онеспособува и во нареден напад е фиксна цел.

Ако им ги следат бродовите барем 1-2 месеци, и направат експериментални прелетувања во близина, ќе видат по кој протокол реагира секој капетан, т.е неговите финти, после тоа се сведува на креирање патерни за кои дури и со јавните AI модели може да пресметаш веројатност на секоја можна позиција.

Проектилот ќе добие локација за удар пред да полета, заедно со векторите на локален координатен систем во кој би маневрирал со инерцијални сензори.

Ова е како јас би го решил, и на толкави мети мислам дека има огромна шанса да погоди и со максимална кинетичка енергија при пад, во суштина ќе биде како да ги погоди метеор, а со среќа во рушење на нешто што лета со таа брзина, освен ласер/EMP на блиско растојание нема шанса да го погодат.
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.097
Поени од реакции
3.292
Ако носачот смени траекторија?
Види, на огромни брзина, над 5 маха и нагоре се појавува плазма околу леталото која ја блокира секоја комуникација со надворешниот свет.
Како да добие инпут дека метата не е повеќе таму кога не може да користи сензори и да комуницира со надворешни сензори?

Патем, според Википедија, максималната брзина му е 9 маха (можно е во финалната фаза од летот). И замислен е како против бродско оружје, што најверојатно нема да носи нуклеарно полнење.
Ајде да претпоставиме дека е 9 маха кој за 1000км ќе му бидат потребни помалку од 20 секунди (ваљда сум притиснал прави копчиња на дигитронот), за тоа време капетанот нема ни да разбере дека е лансиран проектил, а не па да има време за реакција,
да е 20 маха помалку од 10 секунди до целта,
носачите возеле со 56км на саат максимална брзина, за 20 секунди ќе пројде 300 и нешто метри, колку својата должина, за 10 секунди пола, убаво ти вика Лестер со 3 речиси сигурно ќе ја погодат целта.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.865
Поени од реакции
30.568
И знаеш што гледаш ти на видеата?
Ете подолу види го тоа чудото како забрзува. Да го пишиме хиперсонично?
Тоа од Кина е глајдер. Глајдерите се боева глава со малку повеќе термална заштита и екстра површини за контрола. Лета во вселената и се враќа назад во атмосферата.

Не ти побарав видеа. Ти побарав било каков доказ каде е демонстриран хиперсоничен лет низ атмосфера.
Да ти спасам време ако случајно ти текни да бараш, освен експериментални летови и тестови на одредени технологии, нема ништо друго да најдеш, бидејќи не постојат.

Од друга страна постои пропаганда и маркетинг.

Па и Авангард е глајдер... Не разбирам сосема, за семантики ситничариме (имиња на технологии) или за нешто друго зборуваш. Инаку и јас секогаш сум за скептицизам, само овде искачаш поголем скептик и од Америве - не сум ги слушнал да го одрекуваат постоењето на технологијата. Напротив улагаат големи пари за да се уклучат и они во играта.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.886
Поени од реакции
35.718
Ајде да претпоставиме дека е 9 маха кој за 1000км ќе му бидат потребни помалку од 20 секунди (ваљда сум притиснал прави копчиња на дигитронот), за тоа време капетанот нема ни да разбере дека е лансиран проектил, а не па да има време за реакција,
да е 20 маха помалку од 10 секунди до целта,
носачите возеле со 56км на саат максимална брзина, за 20 секунди ќе пројде 300 и нешто метри, колку својата должина, за 10 секунди пола, убаво ти вика Лестер со 3 речиси сигурно ќе ја погодат целта.
Си утнал, со 9 маха грубо очекувај околу 5.5мин.
11000км/ч ти се 9 маха, значи 180тина км во минута или пет кома нешто мин.
 

Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
3.703
Поени од реакции
8.700
Цирконот се движи со 7.5 до 8 маха преку сила, над таа брзина ти е како да возиш точак у прва и вртиш како будала, ама џабе точакот оди колку што оди. Најверојатно има комуникација со надвор и има радар, активен и пасивен.
Автоматски споено мислење:

Теоретска ситуација......подморници, бродови и авиони се доближуваат до носачите на авиони, разорувачите и сл. испалуваат по неколку циркони/кинжали и носачите ги нема. У меѓу време се прави напад на сите бази у Европа на домет на Искандер, полетуваат авиони и бомбардираат бази у Германија и Норвешка со конвенционално оружје со кинжали и други крстосувачки ракети. За 45 минути ги нема носачите на авиони, 80% од морнарицата, 80% бази у Европа како и Крим и Калининград.
Што ќе прават јенките, ќе започнат ли нуклеарна војна?
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom