Нов светски поредок

  • Креатор на темата Креатор на темата Supervisor
  • Време на започнување Време на започнување

Постои ли светски поредок (креиран од најбогатите)

  • Да, постои

    Гласови: 340 79,6%
  • Не, тоа се измислици

    Гласови: 87 20,4%

  • Вкупно гласачи
    427
Луѓе, во новиот дел на Zeitgeist (вчера беше премиерата) се зборува за преминот од овој поредок во наредниот кој мора да се случи што побрзо (во спротивно ќе изумреме).
 
Освен што Zeitgeist е 70% чиста лага 20% вистина и 10% преувеличување не гледам многу лоши работи во тој NWO... Една влада? супер, една држава ќе можеме да се движиме каде сакаме, тоа значи и повеќе капитал, слободни патувања и тако даље, светот ќе биде далеку поповрзан, ако ни се погоди владата да е добра, сигурно ќе направат закон со кој ќе се забранат штетните горива па ќе имаме ко што викаат Американците eco-friendly environment, голем број на научни и технолошки достигнувања се попречувани од политичката ситуација што нема да биде случај со the one world government. Несакајќи zeitgeist ги направија лошите момци добри - или можеби не е несакајќи?! хмммммм ми мириса ова на заговор :pos2:
 
Баш така! Толку многу плукање по глобализмот, а не се ни прашуваат луѓево што ни донесе светот во кој се е раздвоено, локално, национално, патриотско.....! Најголемите конфликти, маскри, војни.... биле и се на национална, верска или етничка база! Тие што најмногу плукаат по глобализмот, први фатија магла по светот кога се укинаа визите! Тие што најмногу го критикуваат го користат интернетов кој е производ на глобализмот! Што има лошо во тоа човештвото да биде обединето во една нација, една држава, една влада?
 
Така е, штета што нема да се случи ова барем не во скоро време (неколку века минимум). Се додека постојат повеќе суперсили ова нема да се случи така да NWO можеме да го издвоиме како уште една луда теорија на заговор.
 
Небиди толку сигурен дека е само уште една луда идеја и дека нема да се случи уште неколку века. Во моментов има само една супер сила, а валутите полека се концентрираат во една, Европа е првиот континент кој си има своја валута, полека и останатите континенти ќе си имаат! За на крај сите да прифатат само една! После тоа е многу полесно да се обединат нациите во една!
 
Тешко ми е да поверувам во тоа зошто постојат држави како Русија, Кина кои се доволно силни за да не дозволат такво нешто. И Европската Унија не е баш пример за една влада, секоја држава е самостојна, со свој претседател, се менува претседателство секоја година, единствена разлика е што границите се отворени за членките и имаат иста валута. Секоја држава има право на глас и сите се еднакви, што е и добра работа зошто во спротивно би било диктатура. Но секогаш има држави кои нема да сакаат да бидат членки и затоа ми е тешко да поверувам дека некогаш ќе имаме една влада освен ако не се случи трета светска војна и Америка излезе како тотален победник. Но јас сум за, ова е една од ретките теории за кои би сакал да бидат вистина, нема ништо лошо во глобализацијата според мене.
 
Па и треба секој да има право на глас! Нереков јас дека глобализацијата треба да донесе диктатура, туку да ги укине границите, разликите и да го обедини човештвото во една нација и една држава! А тоа е можно само преку економска и политичка асимилација на целото човештво!
 
Никој не сака диктатура но "лошата" работа со демократија е што ептен ептен ретко се случува да се донесе едногласна одлука... Французите, Германците и Британците ќе се бунат нема да сакаат да влезат во унија со сиромашни земји (пр. Африканските земји) заради имиграциони проблеми, други нема да бидат задоволни некои услови ова она, ќе влезат во расправа за ситници, државите како Шведска, Финска најверојатно нема да сакаат од причина што им е убаво вака како што е, Русија е доволно силна како самостојна држава и на неа не и треба никаква унија, САД и Кина исто. Затоа викам дека ваква работа е неколку векови далеку.
 
А што ако нема повеќе Французи, Германци, Руси....? Значи незборуваме за унија, федерација или слично, туку укинување на разликите - Една нација, една држава и една влада! Што е тоа што ја прави Америка толку силна? Тоа што кога Ирците, Италијаните, Французите, Шкотите....кога ја наелиле Амарика се асимилирале сите во нова Нација! Сите прифатиле еден нов идентитет! Глобализацијата е истиот тој процес само на глобално ниво, сите држави, нации и религии да се асимилираат во една!
 
Па тоа и ми беше поентата, не дека вакво нешто неможе да се случи него дека треба многу време за да се случи, затоа реков неколку века. А и проблемот е што постојат премногу патриоти кои сметаат дека што правеле нашите предци пред 1000 години е побитно и посвето од се друго. Имаш и сепаратисти, анархисти... Ваква работа не е невозможна но тешко дека ќе се случи од претходно наведените работи. Плус таа асимилација за која збориш не е воопшто ни започната, никој не губи од идентетот ако стане член на ОН или ЕУ.
 
Луѓе, во новиот дел на Zeitgeist (вчера беше премиерата) се зборува за преминот од овој поредок во наредниот кој мора да се случи што побрзо (во спротивно ќе изумреме).

Како ќе изумреме ако не преминеме?

--- надополнето ---

Во новиот светски поредок е и http://mickhunt1.files.wordpress.com/2010/11/cern_logo_white.gif или објаснето како 666
 
Како ќе изумреме ако не преминеме?

Во наредните години ќе има масовни протести што ако не се смират (со воведувањето на нов поредок) ќе настане трета светска војна и ќе има катастрофални последици. Веќе гледаме колку често се случуваат протести низ светов. Плус ресурсите на нафта се ограничени и се очекува до 2030 да се исцрпат последните резерви па ќе мора да се бара алтернатива.
 
Нема повеќе протести оваа деценија во споредба во 60тите, 70тите, 80тите и 90тите. Дури во 60тите имало далеку повеќе протести од денес. Луѓето протестираат, се бунат тоа е нормална работа. Исто ко на многу луѓе што им се причинува дека има повеќе земјотреси и други елементарни непогоди денес заради 2012.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom