Новите “Југословенски’’ железници

Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.592
Се создаде заедничка компанија на железниците на Словенија, Хрватска и Србија за превоиз на стоки “Алијанска карго 10’’.

Според информациите, на оваа компанија ќе и пристапат Македонските железници по сопствено барање.

Влегувањето на првиот воз во употреба се очекува да биде на почетокот на октомври кога се очекува МЖ да го потпишат договорот.

Според Хрватските железници, целта на компанијата е оптимизација на процесите во железничкиот сообраќај.


Хрватскиот Министер за сообраќај се сретнал со челниците на полицијата и царината за да изнуди кооперативност за што побрзо поминувањето на теретните возови на граничните премини.


Мислења?


Дали е ова добро за Македонија економски, политички, економски и политички?
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Уште не е сигурно дали Македонија ќе учествува во овој проект, но секако дека е добро да учествува.
 

theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
Сеуште неможам да сфатам зошто нашите се молеа да влезат во оваа Компанија?
Зарем толку многу има да добиеме на економски план од ова?

Мислам, не ме сфаќајте лошо, се што се прави во интерес на економијата е добро, но нашиве како да се молеа да влезат во оваа Компанија.
Така испадна работата.

Да се надеваме дека ова „молење“ ќе се оправди економски.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom