Треба да дообјасниме некои работи оти гледам на некои не им е јасно или ги вадат работите од контекст.
Значи на Боинг 747-400F имаме монтирано ласер кој енергијата ја обезбедува преку хемиска реакција,намената на истиот е да неутрализира балистички ракети е сега ако станува збор за ICBM тогаш ласерот може да реагира само во првата фаза,ако станува збор за балистика од типот на скад и слични кои патуваат со помала брзина ласерот има овде подобри изгледи за успех,во основа истиот може да делува и против авиони(на пример некој мавион во воздух контролиран од терористи би добил пожар "случајно)" и крстосувачки ракети.
Како што напишав погоре цената надмина над милијарда ипол долари а до 2011 се врти цифра од 5 милијарди како и да е развојот започна уште во 1996 и тука беа вклучени многу добри играчи како што се Нортроп груман,Боинг и локхид мартин притоа секоја од овие фирми беше задолжена за посебен дел т.е сегмент од финалниот производ, Така на пример Нортроп Груман(попозната како производител на невидливиот Б-2) беа задолжени за ласерот,боинг логично за авионот како мобилна платформа а локхид мартин го изработија системот за истрелување како и носната купола.
Сепак овде нема дел кој не е важен сите се важни,согласно улогата но за главен ете го сметаат ласерот кој како што напишав е хемиски што значи дека користи хидроген пероксид,вода,хлор и се корист молекуларен јод,имено поради хемиската реакција од хидроген пероксидот и реакцијата добиваме топлина,пареа и молекуларен "возбуден" кислород,нареден чекор е отстранување на водената пара и додавање на молекуларен јод кој поради возбуденоста на кислородот предизвикува истиот да достигне и суперсонична брзина а потоа оваа енергија се користи за ласерскиот зрак.
Треба да се каже и дека моќноста на ласерот успеале да ја зголемат за 400% што значи дека оригинално од 1996 па до 1998 САД биле решени да произведат прототип па макар и навистина слаб моментално е мегават епа видете сега.
Така да уште предвреме се запалија како ќе можат да ништат ракети на оддалеченост од 600 километри и не успејаа,наводно причината била цврстотом гориво,се обидоа и на 300 километри согласно пресметките но и овде успехот изостана иако во теорија се беше како подмачкано,конечно ласерот успеа да неутрализира мета на оддалеченост од мизерни 100 километри.
Начинот на работа не е ни најмалку едноставен бидејќи имаме всушност три ласери,првиот развиен од
Raytheon е нискоенергетски и истиот се користи за да го определи растојанието до метата,понатаму атмосферата како и овозможува податоци за нишанскиот систем кои се потребни на примарниот ласер.
Вториот ласер со моќност од киловат е исклучиво за анализа на атмосферата и нејзините промени а ова се дознава преку рефлексијата.
Откако првите два ласери ќе ја завршат својата работа во куполата има огледало со дијаметар од 1.5 метри кое служи за фокусирање на ласерот.
Воглавно тоа е тоа што го знам за ласреов што се однесува за изјавата на гејтс-дефинитивно е во право.
пред само
неколку години, секретарот за одбрана на
САД, Роберт Гејтс, изјавил: „Ниту еден чо-
век во Департманот за одбрана не мис-
ли дека овој проект треба да биде опе-
ративен, ниту, пак, дека ќе биде. Реал-
носта е дека вам ви е потребен дваесет
до триесет пати помоќен ласер од оној
кој е монтиран денес за да добиете ре-
спектабилен дострел. Со ова што го има-
ме, за да бидеме во состојба да неутра-
лизираме ракети истрелани од Иран, ќе
ни бидат потребни десет до дваесет ави-
они кои постојано ќе летаат над иран-
ска територија, а тоа е операција која
би чинела 100 милиони долари годиш-
но, имајќи предвид дека станува збор за
авиони кои вредат по еден и половина
билион долари поединечно.“
Јас уште на првите неколку страни напоменав дека нема да биде нишшто од оваа како што ја нареков мобилна платформа и не ме изненади уопште откажувањето(поточно ова е одложување ама ај).