А
Ајсшутер
Гостин
Неонацисти прекинаа промоција на грчко-македонскиот речник во Атина
Дваесетина активисти на грчката фашистичка организација „Хриси авги“ (Златна зора) синоќа насилно ја прекинаа промоцијата на Грчко-македонскиот речник во Атина, што ја организираше партијата на Македонците во Грција „Виножито“.
Половина час по почетокот на промоцијата, групата маскирани лица влегле во Меѓународниот прес-центар лоциран веднаш до Министерството за надворешни работи на Грција со цел да предизвикаат инцидент. Тие дивееле во салата, ја оштетиле опремата на присутните сниматели, го уништиле промотивниот материјал и вербално ги нападнале промоторите, но никој не е повреден.
Во обид да ги сними со својата камера, од физички напад се спасил и еден од промоторите, познатиот американски славист и лингвист Виктор Фридман кој беше гостин на промоцијата. На снимките на телевизијата „Сонце“ што ги објави ТВ „Канал 5“ се гледа како еден од членовите на групата насилници и се заканува на професорка од Универзитетот во Волос и се обидува со својот шлем да го удри Фридман во што е спречен од предводникот на групата насилници.
Откако не успеале да испровоцираат потежок инцидент и добиле информации дека кон прес-центарот се приближува полиција, членовите на „Хриси авги“ кои од неодамна се регистрирани како политичка партија, а досега беа во тесни врски со парламентарната националистичка партија ЛАОС на Јоргос Караџаферис, избегале, и промоцијата иако со тензија продолжила.
По доаѓањето на полицијата и по информациите дека други групи на грчки радикални структури се подготвуваат за други инциденти и напади на членовите на „Виножито“ се повлекле на периферија на Атина. Еден од лидерите на „Виножито“ Павле Васкопулос, за „Канал 5“ изјави дека ова е сигнал дека „грчките власти почнуваат да се плашат од македонштината во Грција“. Инцидентот, вели, е голем срам за Грција што не може да го скрие од европската јавност.
Синоќешниот инцидент се случува пет дена пред изборите во Грција за Европарламентот кои се одржуваат в недела. Според грчките националисти, Грчко-македонскиот речник со 15.000 зборови подготвен од Васко Караџа не требало да биде воопшто печатен затоа што македонскиот јазик не постоел.
Промоторите на речникот, кој е прво такво издание во Грција, пак, истакнуваат дека тој е сведоштво за постоењето на Македонците во таа земја и одговор против режимски став на Атина за наводното непостоење на македонскиот јазик.