Најомилена (култна) сцена од филм

  • Креатор на темата Креатор на темата ПрИтИ_гРл
  • Време на започнување Време на започнување
Daniel Baker, ликот што е жртва во сценава, ја свири Spanish key од легендарниот Bitches brew на Miles Davis. Целиот филм го следи една чудно опуштена ноќна атмосфера, генијално одбрана музика и кратки моменти на лудачка тензија. Не ми е Том Круз меѓу омилените актери, ама во филмов глуми генијално, посебно дијалозите внатре во таксито се според мене неповторливи. Многу underrated, Collateral.

 

Секој пат се смеам на сценава.
Посебно Mother of God на Финч.
 
Замисли филм да беше.
Брејвхарт е филм кој што претендира на историски контекст (како и многу други филмови).
...и страшно промашува во тие претензии (како и многу други филмови).

Инаку интересен и забавен филм е, вака ако кур те боли дали стварно било така или не.

(мада оф-топик е целиов муабет)
 
Овој филм има толку многу историски грешки, недоследности и неправилности, што може комотно у фикција да се стави.
Мислам дека темава не е за точноста и неточноста на интерпретирањето на историски настани. Брејвхарт е приказна за Вилијам Волис, мислам дека не претендира на историки контекст исто како и другите филмови на Гибсон. Сите се само перспектива на историски настани, негова перспектива.
Ако успее да извлечи некаква емоција од гледачот- значи успеал.
 
Успева да извлече емоција и забавен е, нема збор за тоа.

Но истиот момент кога ќе кажеш филмот е за, на пример, Адолф Хитлер, тоа значи дека (во 99% од случаевите) претендира на историска акуративност.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom