Драги форумѓии, еве ме пак со моите дилеми за набавката на најдобрите и најекокомичните можни клими. Несакав у меѓувреме да ви пречам во "креативната размена на аргументи"
, а и прибирав троа понуди.
Дефинитивно се одлучив за една 5ка за големиот простор дневна/кујна+едната детска (ќе видиме што реално ќе покрие) и една 3.5 за другата детска која ќе дува за замлачување и разладување и кон ходникот и спалната кога ќе треба со отворени врати. Ова вторава ми е непланирана како трошок ама ќе гледам да смогнам сили за да не ја правам истава вежба догодина.
Е сега што производител и модели???
Според компаративната табела од еуровент што ја извади стрелец за што сум му благодарен ми помогна доста како насока, а и сугестиите од некои од форумѓиите, мислев да идам со фујитсу. Тоа што ме попишмани е цената+монтажа =76.000 и дека заедно со 3.5та би отишол доста над тоа што сум подготвен да го дадам.
Така се фокусирав на 5-ка од бренд околу 1000ка со што поповолна цена/перформанс и 3.5ка од истиот производител, а заедно да се <= 105.000-107.000.
Ова се неколкуте опции па ќе ве замолам за вашите стручни проценки на најдобрата опција. Секако ако знаете за нешто посоодветно слободно предложете.
1. Hitachi RAC50WPA RAK50PPA (60.800 +90e montaza) i RAC35WPB RAK35RPB (41.000+80 e). Хитачи ги нема многу застапени на форумов со коментари, дали се ОК перформансите на двете?
2. Daikin FTX50GV RX50GV (64.700+90e) i FTX35J3 RX35K (39.900 + 70e). Тоа што кај овие сега не ми прави ќејф е дека според форумов биле познатото Грее ама поскапи сако поради името.
3. Toshiba околу 1000 евра ја има RAS-B16N3KV2-E1 (64.990) што претпоставувам е послаба од рангот на 5.5-ки (сако незнам колку послаба?), а 3.5та би била RAS-137SKV-E7 (44.690).
4. Со митсубиши не покушав зашто 5та е над 70.000, а FH35 иако стрелец ја препорачува во рангот на 5ки некако сепак бар номинално ми е 3.5 и незнам дали е соодветна за поголемиот простор.
Ако има некоја комбинација да предложите за двете до 95.000, а што јас не го најдов би било супер. Фала ви однапред многу ќе ми е битен вашиот совет. Поздрав