Хах и со соларните системи е слична ситуацијата како и кај климите....
Јас имам исто со 2 внатрешни бојлери и 25м долга бакарна инсталација полна со антифриз до панел на кров, со автоматика за 2 бојлери, пумпа и експанзионен лонец.
Инвестиција од 1200еур во 2011та година, со веќе постоечки бојлери.
Инсталацијата е со една автоматика и еден Еуротерм панел со капацитет од 150литри поврзан на 2 бојлери по 80л.
Од тогаш направен е само еден сервис на 9та година кога е сменет антифризот и 2та вентили кои беа почнати да капат (чинеше 6000денари).
Кога соодветно ќе го димензионираш, немаш потреба од грижи, иако како што ти спомнале автоматиката ја нуди опцијата за "Holiday Mode" за да се заштити од штета и навечер ја врти пумпата да го подизлади бојлерот (тоа во превод значи на евтина струја ќе потроши дополнително некои 5kw maxx во тие 10 дена додека не си тука.... груба пресметка пошо пумпата троши 50w/h кога работи)
На вклучување бојлер заборавам од Април до крај Октомври... иако во тие 4-5 зимски месеци системот сепак ја подгрева водата до кај 2-30сетина степени.... сепак мора да се припушти на струја.
Летно време највисоко што сум го видел бојлерот (понискиот од двата) да загрее е 70С...
Математика кога ќе ми се врати инвестицијата.... и дали воопшто.... не сум правел.... не ни планирам да правам... удобноста на користењето ми е доволна и сум задоволен!
Пријатели што имаат од другите системи, најчесто се жалеле на проблеми со притисокот, секогаш различно колку повеќе вода во бојлерот горе подобро, ама често се случува да е пола празен или при крај па да се цеди топлата вода а ладната грга па мандорење попушти намали додека подесиш температура за да се пикнеш под туш.... недај боже да треба да менуваш одпосле.....
Пумпите кои се користеле за дополнување притисок прегорувале често ради жешката вода... али као не биле скапи, по 1500денари ги земаат чинам...
Зимно време ако заборавиш да пуштиш греач за заштита и ти пукне доводната цефка имаш проблем...
Летно време ако си на одмор кога ќе прегрее добиваш локомотива на кров пошо немаш "Holiday Mode".
Ако пукне/се скрши цефка имаш поплава на кров, цефките не биле скапи и лесно се заменувале ако не ти е страв да се пентериш на кров...
За греење на водата доста ги фалат, дури и зимно време.... така да веројатно тој дизајн е поефективен!