KАДЕ БЕШЕ 11 ГОД (е темава) ДА НЕ ПРОСВЕТЛИШ!?
Види вака, јас климата ја мразам од дното на душата, ама за ладење, за греење не... и летно време ја уклучувам исклучиво ако надвор е 40 а во собата ми е 26-27*Ц... и тоа сет на висока т 25-26*Ц и на мал издув и многу кратко... еве ќе ти кажам зошто! Вака како тебе старите мои со ТА печка 5ка во 20м2 соба...а јас како мал тогаш со нив, ја сетираа на 25*Ц а термостатот со кабел поврзан со ТА го ставаа далеку од печката на прозор кој беше стар фуреше студенило во термостатот и во собата 27-8 постојано на кратки ракави да седиш, но се случи со мене иако постојано врз ТА на мермерот (имаше мермер озгора) ставаа или поширок сад со вода или влажни текстил крпи (такви беа овлажувачите на воздух во 70-80тите)... ништо не помогна, ја по*бав слузницата, добив deviatio septum девијација... и од тогаш проблеми со носот, кога затнат кога главоболки... и тн и тн. сето од премногу сув и превисока температура во собата... Отвори на интернет имаш за тоа прочитај што велат доктори и не ја прави истата грешка ако имаш мали деца! Свеста сега е поголема, па се оди на чување на здравјето повеќе отколку пред половина век... тоа се случи кај мене, затоа денес бегам од клими како ѓаол... Казна ми е кога морам да одам во Рамстор каде летно време е 18*Ц... реков едвај да ја уклучувам климата летно време (кратко)
Да не бидам погрешно разбран мене исто не ми се прифатливи и оние кои сетираат на 21-22-23*Ц, за да добијат степен помалку... не, јас сетирам на 24 или 25 да добијам на подот 20-21 на 50см 21-22 на метро 23-24*Ц...а ноќе сет на 22-23! Неколку пати на форумов се објви листа на колку степени “живеат“ живеат зиме, по разни меридијани низ Светов... ме мрзи да ја барам но интересно за тебе би била да ја видиш. Ако добро се сеќавам:
Најтопли домови (разбирливо) имаат во Русија 24-25*Ц реков развирливо бидејки 80-90% од Русија е проклето ладно а 80-90% немаат воопшто, или добра изолација и квалитетни прозори со изо-стакло, па таму ко ќе отвориш да пролуфтираш за 10 мин од 25 паѓа на 15! Врата ко ќе отвори некој за да влезе паѓа т. за неколку степени.. затоа греат на 24-5*Ц... Американците исто на висока т. 24 мислам, па и таму без југот Невада Њу Мексико Флорида Луизијана, Калифорнија... сето друго е студено од Езерата па скоро до Сиетл... лани фати леден бран со т. до -40 скоро до Луизијана! Но најинтересно ќе биде за тебе да погледнеш на кои температури живеат во земји кои имаат месечни приходи 3-5,000 Евра како Шведска Норге Финска ... на кои не им е никаков трошок за греење од 100-150Евра (онолку колку таму кошта кило кашкавал)... нема да кажам колку степени е нивната животна средина зиме, те на колку ги греат становите (мислам околу 20*Ц)... и да е рамномерна таа т. по цел стан, по наши критериуми малку е!
Потражи на нет... 27*C е премногу и тоа како може да ја оштети слузницата на носот! Таа температура не е здрава како што за нас не е ни 20 (која е ОК кога нема никој во просторијата, да се одржува т. или за спиење)... еве еден линк на темата ма да претеруваат со препорака за спиење на 18*Ц, но стои за висока температура при греење (сум го прочитал многу пати) не е со цел заштеда на енергијата туку во зачувување на здравјето ...
https://www.alo.rs/zenske-price/nazdravlje/pretopljavanje-kuce-narusava-zdravlje-evo-koje-tegobe-uzrokuje-i-koja-je-preporucena-sobna-temperatura/269925/vest па ти сега види.