Најдоброто од Македонија - музички проект

Член од
20 јуни 2009
Мислења
126
Поени од реакции
4


20 ГОДИНИ НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА

Стартуваше големиот музички проект...

Кои се 20-те најубави македонски песни?

Во пресрет на големиот јубилеј - 20 години самостојна и независна Република Македонија, започнаа подготовки за реализација на музичкиот проект Најдоброто од Македонија - Музика. Идејата за овој проект потекнува од Агенцијата за млади и спорт, како продолжување на континуитетот на сите музички проекти кои беа успешно реализирани во изминатиот период.

Директорот Спасов истакна дека сите оние македонски пејачи и пејачки кои оставиле белег во изминативе 20 години заслужуваат внимание и заслужуваат да се најдат на музичката компилација по повод 8-ми Септември.

Граѓаните ќе имаат можност да се запознаат со песните преку интернет страната: www.najdobrotoodmakedonija.mk и www.thebestofmacedonia.mk Гласањето ќе биде транспарентно и ќе се одвива преку интернет страните, како и со испраќање на бесплатен смс на телефонскиот број 144-400 од сите оператори. Освен 100-те предлози по избор на музичките уредници, композитори и аранжери, сите што ќе сакаат да гласаат за некоја песна која ја нема меѓу понудените, а е нивен фаворит ќе можат да ја предложат на самата интернет страна.

Гласањето завршува на 20-ти август, а оние што ќе соберат најмногу гласови ќе го обезбедат своето присуство на тројната компилација. Промоцијата на компилацијата Најдоброто од Македонија - Музика, ќе биде на 8-ми Септември на плоштадот во Скопје со голем концерт, на кој заедно ќе ја прославиме 20-годишнината од независноста на Македонија.
 
I

Iblis

Гостин
Колку ќе беше добро гласањево да одеше преку Interwebs :)
Јас се извинувам не сум проверил добро :place:
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
4.346
Поени од реакции
3.754
Леле по грешка гласав, сакав за Ареа, ама за Тоше по грешка стиснав- Тајно моја :(
 
T

Tetro

Гостин
Леле по грешка гласав, сакав за Ареа, ама за Тоше по грешка стиснав- Тајно моја :(
И јас по грешка гласав за бр.1, како и поголемиот процент од гласачите. Осеќам дека гласањето нема да даде валидни резултати со нашите грешки.
 
I

Iblis

Гостин
И јас по грешка гласав за бр.1, како и поголемиот процент од гласачите. Осеќам дека гласањето нема да даде валидни резултати со нашите грешки.
Не се секирајте, утре од сабајле ќе ги оправам, сеа касно ми е:sneaky:
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Многу ми се допаѓа идејава!!! Леле си се потсетив на некои песни од златно слвејче :)
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Идејата е сосема во ред, ама гласањево е тотално без врска, се знае дека највеќе гласови ќе земат тие под број еден. Требало повеќе категории да направат, не може во иста група Мизар и Маја Вуќичевич да ги стават, тоа е навреда. Плус изборов на некои песни од забавна е што да ти причам и дај нека направат за повеќе песни да може да се гласа.
 
Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.238
Поени од реакции
959
И јас гласав по грешка за првата песна, а не сакав за неа.
Кога ги видов сите песни штиклирани, помислив дека треба да ги отштиклирам сите освен оние за кои, логично, гласам.
А тоа, ми го уважи како глас :mad:
 
Член од
2 октомври 2008
Мислења
3.434
Поени од реакции
7.286
Гласајте за суперхикс и ќе ви ставам лајк на 10 ваши мислења. :D
 

Shorty

Вансериски
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.277
Поени од реакции
1.496
Си гласав за Архангел :)
 
Член од
21 мај 2011
Мислења
165
Поени од реакции
77
Не ми се верува дека Некст тајм ги има на листата.:eek:
 

Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.165
Леле по грешка гласав, сакав за Ареа, ама за Тоше по грешка стиснав- Тајно моја :(
И јас исто!!! :( :mad:
Само јас сакав да гласам за Џафер, ама гласот ми отиде кај Тоше.

Малце е конфузен интерфејсот, требало да му стават hover на копчето, ама тоа е...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom