Мистичен
Човек
- Член од
- 23 јануари 2005
- Мислења
- 13.578
- Поени од реакции
- 1.098
Венецуелскиот претседател Хуго Чавез уште претходно ги имаше ставено под капата на државата телекомуникациите, електродистрибуцијата и нафтените компании, а сега на ред за национализација дојдоа и банките, а и најголемата железара во државата.
Иако не одреди точен датум кога ова може да се случи, судејќи според неговите потези - таков потег може да се очекува во секој момент. Најавата за национализација на банките е само уште еден доказ дека Чавез е истраен во спроведувањето на својата програма која се заснова на идеите на социјализмот.
"Приватните банки мораат да го финансираат државниот индустриски сектор и не смеат да му наметнуваат големи камати. Доколку не се согласат на таквиот начин на работење, тогаш е подобро да си одат од тука и банките да ми ги предадат на мене (нема лабаво). Тогаш ќе ги национализираме и ќе направиме да работат за доброто на целата земја, а не само за својот профит" - изјави Чавез.