"Натпреварот за македонскиот идентитет 1870 - 1912 година"

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Книгата "Натпреварот за македонскиот идентитет 1870 - 1912 година" од д-р Ник Анастасовски

Историската временска рамка од пред еден век и повеќе, разработена низ призмата на македонскиот идентитет, борбата за негово зачувавање и одржување не намалува од актуелност и денес. Напротив, во неа можат да се најдат многу одговори за прашања кои и денес се актуелни за Македонија и Македонците и за нашата вековна борба на себе - наоѓање, почитување и опстојување

Во издаваштво на Pollitecon Publications деновиве од печат излезе "Натпреварот за македонскиот идентитет 1870 - 1912 година" од авторот Ник Анастасовски. Тоа е неговата докторска дисертација која на овој начин станува достапна за широката јавност во Австралија и пошироко што беше повод за разговор со авторот.


Вашата научна работа со подготовка на книгата започнаа пред 6 години. Тоа е долг пат. Кои се вашите впечатоци сега, кога еве на крајот и читачката публика ќе има шанса да се запознае со она што вие го истражувавте на научна основа.
- Најголемиот дел од работата беше истражувачка и тоа во Македонија. Искрено, тој пат што го направив со подготвувањето на докторатот ми беше многу интересен, богат и со еден збор тоа беше неповторливо доживување. Тој период од 42 години кој го обработувам во книгата не се однесува толку многу на политиката колку што се работи за животот на човекот на Македонецот, на нашите дедовци: како тие живееја, со какви маки и притисоци се соочуваа во тоа време. Сето тоа оживеа во мене преку разговорите со тие 50 ти стари луѓе со кои направив разговори. Од нив повеќето беа православни Македонци од битолскиот крај, но и од другите националности Турци, Албанци и Власи. Среќен сум што имав прилика да ги правам тие разговори, да ја доловам таа слика на тогашниот живот и нивната борба да се опстои како Македонец во такво бурно и тешко време.


Зошто периодот од 1870 - 1912 година, што е она што е посебно карактеристично за тие 40-тина година?
- Поделбите, неправдите, македонската историја од секогаш ме интересирале иако сум тука целиот свој живот. Во моето семејство тие теми беа секојдневни. Тоа е периодот непосредно пред поделбата на Македонија, што лична ја сметам како втора најголема трагедија на македонскиот народ. Првата е укинувањето на Охридската афтокефална Архиепископија во 1767. Ако црквата не беше укината и нејзините епископии ставени во рамките на Цариградската Патриархија, немаше ни да се подели државата, јас сум убеден во тоа. Во последните двеста години од историјата на македонскиот народ сметав дека тој период е најважен од изградбата на македонскиот идентитет. Чувствував дека имав обврска тоа да им го пренесам и на другите. За цело време додека работев на докторатот се чувствував среќен што ќе можам да им ги дадам тие информации и на младите посебно кои живеат во Австралија, Америка, Канада... Убеден сум дека она што може да се прочита во книгата дава една многу реална претстава кои сме како народ, зошто и денес ги имаме тие поделби и недоразбирања. Сметам дека корените на поделбата на Македонија во 1913 година лежат во периодот опфатен во оваа книга во смисла кој и какви идеи имал од нашите комшии тогаш. Притисоците за приграбување и присвојување на македонскиот идентитет, а со тоа и поделбата не се случува точно со таа 1913 година, туку почнува 1870 и порано. Тоа е критичен период за македонскиот народ, најтежок во последните 500 години од нашата историја.


Главната тема на истражувањата е македонскиот идентитет ставен во временска рамка. Историчарите имаат различни мислења околу тоа кога се формира македонската национална свест. Што покажуваа вашите истражувања?

- За изградена национална свест историчарите го сметаат периодот крајот на 19 тиот и почетокот на 20 век. Но, моите истражувања покажуваат дека тој процес се случува многу порано. Временската рамка опфатена во книгата говори за еден веќе изграден македонски идентитет. Дури и има доволно податоци да се оди и 50 тина години поназад. За време на отоманската власт религијата беше многу поврзана со националното чувство. Интересен е примерот со Македонските Муслимани од тој период токму заради ова прашање. Како што знаеме прифаќањето на муслиманската вероисповед познато е под терминот "потурчување". Сепак постоела и во тоа време разлика меѓу Македонски Муслиман и Турчин. На прашањата со испитаниците точно да ми ја доловат таа разлика околу националниот идентитет одговорот секогаш беше едноставен. Иако религијата имала голема улога постоела цврста граница меѓу Македонските Муслимани и Турците, меѓу "наш Турчин и Турчин" како што одговараа моите соговорници. Многу интересен ми беше тој терминот "НАШ" зашто и покрај големите притисоци, примање на друга религија, сепак националното чувство е над сѐ и тоа никој не успеал да го приграби и украде. Или на пример за христијаните од западниот дел на Македонија каде притисоците биле од страна на српската и бугарската црква. Според историските податоци некои од селата биле поделени и потпаднале или под едната или под другата црква. Но интересен беше коментарот на македонските муслимани како независни во случајов заради вероисповедта. Тие не правеа разлика меѓу христијанската заедница, црквите, туку едноставно за нив сите тие биле "НАШИ" - македонски. Понатаму интересна била стратегијата на самоодбрана. Отсуството на држава која ќе ги штити Македонците, ги терало луѓето по селата да приоѓаат на доброволно прифаќање на муслиманската религија посебно во западниот дел каде имале мака од албанските банди, само да го штити селото. Такви случаи има повеќе. Во мариовскиот дел селата биле со бугарската егзархија, што не значи дека биле Бугари и тука доаѓале грчки чети. Од мака од тие чети кои правеле многу штета, некој од селото станувал член на таа грчка чета, со цел да ги заштити останитите соселани, што не значи дека бил Грк. Овие луѓе биле многу ценети од остатите зашто тоа го правеле доброволно и со јасна намера за заштита, самоодбрана.
* * *​
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Уште една книга „Егејци“ објавена пред девет години од Кица Колбе, токму деновивие добива на актуелност со оглед на грчкиот проблем .

Македонка која долго време живее во Германија, доктор по филозофија и писател беше специјален гостин на германскиот претседател Келер за време на посетата на Балканот.

„Егејци“ беше еден голем филозофски есеј или есеистички роман, како што тоа се нарекува објавен 1999г. Таа книга има и многу политички потенцијал, каде критички е претставена ситуацијата на бегалците од Егејска Македонија, но исто така интересно е што таму има одредени проблеми што станаа актуелни во политиката дури сега. Сега на пример со многу голема сериозност и големо внимание се посветува внимание на проблемот на бегалците од Егејска Македонија, сега стануваат бризантно политички важни сите тие прашања за тоа, затвореноста, табуизираноста на тој проблем во поранешна Југославија, затвореноста на границите за бегалците.

Колбе: Има интерес за книгава сега се повеќе кога стана јасно дека во грчкотот вето не се работи за тоа да го прифати името на Република Македонија. Не се работи за никаков антички декор и за славата на Александар, туку се работи за она што е рецидив на поделбата на Македонија по Балканските војни имено постоењето на словенско македонско население во Грција. Меѓутоа исто така нешто што сакам да го кажам и како критика до самите нас и самокритчност, еден проблем за којшто јас пишував во „Егејци“ е непостоењето на чувство на заедништво, за она што се главните цели на заедничкото постоење на Македонците во Република Македонија или каде било. Тоа што порано беше за бегалците од Егејска Македонија или каде бил пишуваа само бегалци. Луѓе кои имаат некаква биографска врска со бегалската судбина, другите како да не ги допираше тој проблем и сега одеднаш се случи, сите се најдоа во состојбата да бидат Егејци, Милчо Манчевски, мој драг пријател во една пригода ми вели, ние сме сите Егејци. И тоа е точно така сега се случи да дојде до таков драматуршки пресврт на политичко ниво на сите да им се негира македонскиот идентитет, онака како што тој се негираше во Грција по Балканските војни. Мислам дека може многу повеќе да стори и Република Македонија, значи сите инситуции по угледот на она што го направи Хрватска и хрватското министерство за култура оваа година кога се успеа да ја презентира хрватска литература, како земја гостин на саемот на книгата во Лајпциг. Дури тогаш ќе можеме сериозно да говориме за тоа дека ние гласно и многу децидно сакаме да им кажеме на европската јавност кои сме што сме и што се случувало во историјата досега со нас и што се случува.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom