Надворешна убавина или внатрешна исполнетост?

Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
- Да сте згодни,убави,дотерани и привлечни, а лично психички неисполнети.
Е сега тука...прво не можеме на овој начин да ги класифицираме работите затоа што нашата исполнетост зависи од нашите верувања. Значи ако некој е убав, а внатрешно е, да претпоставиме љубовно неисполнет, автоматски за него велиме дека не е среќен (ова е пример) тогаш таа личност ќе се труди внатрешно да се исполни со својата надворешна убавина пред се (бидејќи со сигурност знаеме дека ја поседува) а потоа и со некои други работи... значи сепак колку-толку на крај ќе биде исполнет...


Да сте психички/внатрешно задоволни и исполнети, а да не обрнувате внимание на тоа дали сте дебели,преслаби,недотерани и непривлечни?
Ако не обрнуваме внимание на тоа тогаш на крај не е ни битно дали сме убави или не...затоа што не го гледаме тоа...
 

*princess*

..SiMpLy GorGeOuS..
Член од
17 февруари 2008
Мислења
747
Поени од реакции
21
Што би било подобро:
- Да сте згодни,убави,дотерани и привлечни, а лично психички неисполнети.

или​

- Да сте психички/внатрешно задоволни и исполнети, а да не обрнувате внимание на тоа дали сте дебели,преслаби,недотерани и непривлечни?
Ако сме внатрешно задоволни и исполнети тоа многу ќе влијае на нашата самодоверба и нормално дека ќе изгледаме поубаво ако зрачиме од позитивна енергија...Мислам дека кој го поседува второто го поседува и другото...Затоа што кога човекот е задоволен од себеси,,нормално е да води повеќе грижа за својот изглед...Некогаш дури и ако некој не е дотеран,,ако е среќен и исполнет со позитивна енергија,,тоа ќе направи да изгледа попривлечно во очите на другите :vozbud:
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
уффф...тешко прашање...а може некоја средина од двете??...ако не боље внатрешна исполнетост....:toe:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom