Кога сме кај Никси, тимот има длабочина т.е. има ДВЕ постави (буквално) што е исклучително значајно за плејоф, а особено за во текот на сезоната. Проблемот е тука онај ненормалниот Тибодо што знае да ги прегори играчите и да ги игра цело време иста петорка и да им фура голема минутажа.
Едноставно ги умира на терен. Ист беше во Чикаго, ист во Минесота, исто гомно е и во Њујорк.
Кај него не е проблем да ти направи дефанзива, брз баскет се игра па лани цела сезона ја изгура со стари и релативно стари играчи на позиција 4-5.
Мичел Робинсон се враќа + Кемба, ако некогаш воопшто се врати во форма и не ги еби колената пак, не знам како не го гледате како закана пошто истиот е 20 поени во движење против било која екипа во НБА.
Исто, да се надеваме на промена на правила (и на терен, не само на папиру) и мидрејнџот да се врати на велико повторно во НБА при што екипава ќе има еден тон играчи кои ќе бидат закана.
Другите да не ги редам, сите играат тимски баскет и немаат проблем со ЕГО. Топин ако не се покажи сезонава ќе го трејдаме, Берет и Рендл наводно вежбаа да ја користат и десната рака и (ако е така) би требало да ја подигнат играта за ниво повеќе. Тимот е повеќе него што може просечен навивач да очекува и посака, одличен тим без суперстар гомнари во истиот.
Истокот ќе биде пекол сезонава, премногу напето, супер ќе биде и преку сезона и за ПО. Јас не им предвидувам (иако посакувам) финале на исток ама дека ќе имаат добра сезона со уште едно учество во ПО тоа е сигурно.
Практично ако сега извадат добра сезона можат да се надеваат дека следна година ќе носат „суперстар“ - што не и двајца. Како и секогаш, тука е проблем сопственикот Долан и раководството на тимот, мада да не ги почудам последната сезона е океј без поголеми испади, па да се надевам како нивни навивач дека и оваа ќе биде таква.
Колку год да изгураат во ПО ќе ги сакам и ќе навивам за нив.

