Моден советник

  • Креатор на темата Чек Он Ит
  • Време на започнување
Ч

Чек Он Ит

Гостин
Има теми на кои се дискутира за надворешната убавина, изгледот, телото, околу вашите проблеми со изгледот, тема на која можете да добиете + совети за совршен изглед на телото и лицето(тука , тука, тука итн.)

Но нема тема на која би се постирале некои интересни постови поврзани со модата и советите како да си помогнеме со облеката да изгледаме поубаво, како да ги скриеме недостатоците на кој било дел од телото со облека, што треба да се комбинира, што не треба, што е тотално аут, околу комбинации на боите, за модни утки кои никогаш не треба да си ги дозволите.

Значи од сега оваа тема е наменета само за тоа, за МОДАТА и се околу МОДАТА. :devojkr:

Темава е интересна, па се надевам и на вашиот придонес. :helou:

Еве јас ќе започнам :

3 модни утки што не треба да си ги дозволите :

1. Пренападна шминка - Колку шминката може да биде корисна толку може да има и bad ефекти.Пренападната шминка девојката ја прави ''ефтина''. Тоа што не треба да си го дозволите е изглед ''страшило'' - баш како на сликиве :





2. Мрсна коса - е тотално АУТ. Во денешно време е срамота да се шета со ''зејтин'' коса. Погледнете ги сликите за да видите што е права ноќна мора :



3. Излупен лак на ноктите - е тоа што ниедна девојка не смее да си го дозволи. Изгледот е премногу ''запуштен'' ...







:devojkr:
 
Ч

Чек Он Ит

Гостин
Деколте ...

Сакате да ги истакнете вашето деколте, еве како тоа би било поубаво :

• Жените со широки рамења и набиена фигура треба да ги избегнуваат квадратните деколтеа, фигурата ќе им изгледа уште поквадратна. Треба да носат мека овална линија, под основата на вратот.

• Големите гради и длбокото V-образно деколте не би стоеле добро едно до друго.
Затова пак жените с мали гради тоа можат да си го дозволат, како и оние со кус врат и широко квадратно лице.
Друг трик за прикривање на малите гради е и накитот на вратот.

• На жените с големи гради дизајнерите им препорачуваат квадратно, дури и подлабоко деколте - особено за летото и за официјални случаи, кога не можат да ги прикриваат со марама и шалови околу вратот.
 
Ч

Чек Он Ит

Гостин
HOT LOOKS

Оваа сезона доминира контрастот, минимализмот и едноставноста, како во боите и дезените, така и во кроевите.

- Бои

На ''модното мени'' оваа сезона се : црвената, жолтата, розе, зелена ... (colourful summer) Претпазливо комбинитајте и запамтете : Боите делуваат на расположението.























- Кожа

Некои дизајнери не ја заборавиле кожата - таа послужила како права надоградба за интересни модни колекции.



- Бело

И оваа сезона, секогаш актуелната, бела боја ''води'' во однос со останатите бои. Белата боја послужила како инспирација на многу модни дизајнери и модни куќи. Нека биде белото твојот избор за овие топли и сончеви денови.









- Црно

Уште еден голем моден тренд, посебно ако сте во дилема што да облечеш - црна како комплетен аутфит или само ситни детали во бела комбинација.







- Анимал принт

Иако е летна сезона модните дизајнери сеуште се ''досадни'' со анимал принтовите. Од Роберто Кавали до Луела Бартлеј, колекциите секогаш тежнеат кон животинското, леопардови принтови и најразлични крзна.

















- True Blue

Летото е тука и време е за необични комбинации во кои е вметната кобалт сината. Полесна за носење од кои било други потемни бои, безразлика дали ќе вметнете само некој морско син детал или ќе се ''предадете'' комплетно на синото.

















- Bling Bling (Златна, Сребрена треска)

Во сите колекции сезонава неизбежни се сребрените или златните додатоци. Од-глава-до-пети златен имиџ не е препорачлив.







:devojkr:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom