Мафијата на диво изградила цело гратче во Неапол

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
4.840
Поени од реакции
10.132
Италијанската мафија Камора изградила во предградието на Неапол цело гратче, без никакви дозволи од локалната администрација.

Според денешниот италијански печат, биле изградени 50 згради со станови за продавање и 435 станови за издавање под наем, со целосна инфраструктура.

Населбата била изградена за помалку од три години на површини на кои порано месното население садело зеленчук.

Градоначалникот на Неапол за денешниот број на „Кориере дела Сера“ се колне дека не знае каде се наоѓа населбата, но изразил подготвеност да нареди уривање.

Според првичната проценка на експертите, ниту еден од материјалите употребени во изградбата не одговора на стандардите на градба за Неапол и регионот, кои се сметаат за ризична сеизмичка зона.

Приклучувањето на вода, струја, гас, улично осветление и слично, било извршувано со фалсификувани документи и со помош на службеници во јавните претпријатија и комунални служби.

Камора се смета за најголема мафијашка група во светот, чиј основен бизнис се шверцот на цигари и шверцот на дрога. Покрај тоа, се занимава и со изнуди, перење на пари, фалсификувања, киднапирања на странци и други нелегални активности.

Перењето на мафијашките пари преку изградба или купување на недвижности се смета за еден од најстарите начини на перење пари.

Makfax
 
Член од
3 февруари 2007
Мислења
39
Поени од реакции
0
Епа тие што не биле во Европа мислат дека таму улиците се поплочени со злато, и ваѓаат бугарски пасоши со надеж дека еднаш ќе појдат!!! Ама таму е бетер драги мои и не можеш да знаеш што имаш додека не го изгубиш тоа.....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom