- Член од
- 6 февруари 2005
- Мислења
- 9.722
- Поени од реакции
- 248
Дали смртта на Мијалков е несреќа или атентат?
Снежана Лупевска
22.03.2006
Киро Глигоров По 15 години, внукот на првиот македонски министер за внатрешни работи Јордан Мијалков го отвора досието. Се сомнева на атентат. Мислењата на тогашните функционери се поделени, но речиси никој не говори јавно.
За едни, Мијалков загинал затоа што брзал за Белград на средба со српскиот генерал Грачанин. За други, несреќата е по налог на Милошевиќ и македонските тајни служби.
За претседателот Глигоров, се е чисто. Се повикува на извештајот од комисијата на МВР. Истражувале тогашниот прв човек на државната безбедност Слободан Богоевски и Павле Трајанов како потсекретар.
„Ми рече, одам за Белград. Како, велам, така, што имаш работа? Вели, ме покани колегата од таму да разговараме и ќе ни дадат 100 тенкови. Велам, слушај, ти знаеш што пишува во Уставот, јас сум врховен командант на војската и полицијата. Ти во Белград не може да одиш. Му забранив да оди. Тој не ме послуша, седна во колата“, рече Киро Глигоров, поранешен претседател на РМ.
Мијалков починал од трауматски шок во врањската болница. Кога стасале Богоевски и Трајанов, веќе било доцна. Во нивниот извештај стои, автомобилот излетал од патот поради неприлагодена брзина.
Токму Богоевски сега е советник на Груевски. Денеска не беше достапен да ги коментира неговите изјави.
Несреќата се случила во време кога се очекувала интерпелација на Мијалков поради несогласувања со тогашната СКМ-ПДП, но и кога на Македонија и претстоело отцепување од Југославија.
Случајот Мијалков официјално е затворен, семејството не побарало дополнителна истрага.
Мој Коментар : Никогаш не сум го сакал а нема ниту да го сакам. Не ми е чист и секогаш играл дволично. Погоре напишаново е уште еден доказ дека матните игри се почнати од него. :pishtoldz
Α да. Не е заради Тупурковски туку заради курвинската политика на Дедо Киро што сме денес на ова дереџе. :star: