Македонски специјални единици (полициски и воени)

Член од
7 март 2009
Мислења
1.161
Поени од реакции
827
Oд толку полицајци нема нови деца ,а ? Ајде те молам немој со вакви моабети , причината е сосем друга а не дека „ сите „ се отидени во странство хахаха... Вакви моабети прифаќаат само ниско интелигентни луге и тоа е све .
Деца има колку сакаш ама полуписмени и од албанскиот блок каде наталитетот е поголем,од таму најдоа деца за да бидат нови џандари, ти си ниско интелигентен ако не ги знаеш овие работи
 
Член од
1 септември 2020
Мислења
23
Поени од реакции
15
Деца има колку сакаш ама полуписмени и од албанскиот блок каде наталитетот е поголем,од таму најдоа деца за да бидат нови џандари, ти си ниско интелигентен ако не ги знаеш овие работи
Појма немаш и изгледа си детиште со кое не се дебатира !!! Терај магарето !
 
Член од
11 октомври 2022
Мислења
13
Поени од реакции
3
Дали некој знае како би можеле да контактирам некој од специјалните единици во Прилеп? Станува збор за исчезнато лице. Во полицијата кога ќе се јави семејството го добиваат истиот одговор бараме... А всушност ништо... Итно ми е.. Го нема човекот 6 дена
 
Член од
24 ноември 2005
Мислења
3.233
Поени од реакции
391
Нашите единици спреми се! Уште да беа побројни ке немаше ко нас. Добро сега не можиме да се споредуваме со армијата на САД и Русија која е побројна од цела Македонија но сепак треба со гордост да се земе во предвид, дека од 2 милиона народ излезе толку спремна единица.
Тие 2.000.000 народ треба да се свесни дека од 2.000.000 народ не може голем и добар избор да се направи. Лесно им е на големите нации зашто многу ги има па со тоа и изборот на поединци за секаква можна намена име и поголем и полесно доаѓаат до добар квалитет кога имаат голем избор.
 
Член од
7 март 2009
Мислења
1.161
Поени од реакции
827
Тие 2.000.000 народ треба да се свесни дека од 2.000.000 народ не може голем и добар избор да се направи. Лесно им е на големите нации зашто многу ги има па со тоа и изборот на поединци за секаква можна намена име и поголем и полесно доаѓаат до добар квалитет кога имаат голем избор.
Денес не постојат чисти нации затоа што се е измиксано
 
Член од
24 ноември 2005
Мислења
3.233
Поени од реакции
391
кои се ловџииве?
Автоматски споено мислење:

Денес не постојат чисти нации затоа што се е измиксано
Абе жити све? За себе и за своето потекло конкретно зборуваш?
 
Член од
7 март 2009
Мислења
1.161
Поени од реакции
827
Интерен оглас е ова?
Уште кога ќе го видам огласот на кој стои Северна.....Веднаш ми ствара одбивност и гадење! Едноставон кажано сдсовци,северџаните итн. се чист отпад и не се македонци,затоа секој кој ќе соработува со нив трерба да се смета за немакедонец и предавник на својот народ!
 
Член од
23 јануари 2023
Мислења
1
Поени од реакции
5
Здраво другари! Вчера го најдов форумов, и прилично интересни теми гледам се вртат тука и добри информации може да се најда. Иначе ја сум колекционер на амблеми, појќето се полициски, но собирам и од Волците како најелитна воена единица во МК. Можете да го посетите мојот профил на инстаграм @mkd_patch_collector , имам поставено амблеми кои се во моата колекција и инфо за истите, па ако некој може да дополни со некоа информација, или ако има некој амблеми што недостасуваат и сака да помогне, или да се сменимо со дупликати, пишете слободно! Би бил благодарен на поддршката.
Поздрав!

П.с. покрај МК полиција која ми е приоритет да ја комплетирам со свите носени амблеми од 1991 до денес, собирам и амблеми на странски специјални единици кои се прикажани, заедно и со кратко инфо во врска со нив.

Во прилог една слика дел од моата колекција.

Screenshot_20221105-213707_Instagram.jpg
 
Член од
14 октомври 2013
Мислења
886
Поени од реакции
3.485
Денеска, (13.03.2023), во Касарна Илинден Скопје се оддржа свечено одбележување на 13 Март - Денот на формирањето на Специјалната Антитерористичка Единица- „ТИГАР“ и 42 години од постоењето на Единицата, во присуство на претседателот на Владата на Република 1.jpg 2.jpg Македонија, Димитар Ковачевски, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заедно со највисокото раководство во МВР, како и високи претставници од Владата и Генералштабот на Армијата, амбасадори и полициски аташеа при амбасадите во земјава, поранешни команданти на Единицата, семејствата на загинатите припадници на Единицата и бројни гости, соработници и пријатели на Специјалната антитерористичка единица ,,Тигар“ при Бирото за Јавна безбедност во рамките на МВР.
Пред спомен плочата на загинатите припадници на САЕ-,,ТИГАР“ беше положено цвеќе од страна на официјалните делегации од Влада, МВР и семејствата на загинатите припадници на Единицата, како и од делегацијата на Министерството за безбедност на Босна и Херцеговина предводена од министер за безбедност на БиХ, Ненад Нешиќ.
„Денес сите ние со гордост стоиме пред вас. Безбедноста на граѓаните ни е најважна, но како Влада подеднакво ни е важна и вашата безбедност почитувани припадници на специјалната антитерористичка единица Тигар. Наша задача како Влада е да ви ги обезбедиме најдобрите услови за работа. Она со што се гордееме е дека САЕ Тигар со својата врвна стручност и професионално извршување на задачите не се разликува од европските полиции, тоа досега во повеќе наврати го имаат докажано и покажано. За вас не постои горна граница на постигнувања бидејќи секогаш се стремите да бидете подобри и јас ви честитам за тоа”, рече премиерот Ковачевски во своето обраќање.
Министерот Спасовски истакна дека кога се зборува за елитна полициска формација во безбедносниот систем на државата, станува збор за Специјалната антитерористичка единица ТИГАР при Бирото за јавна безбедност на Министерството за внатрешни работи, која зад себе има 42 години исполнети со бројни активности, специјализирани меѓународни обуки, врвни акции и полициски операции.
„Храбро чекорејќи во петтата деценија од своето постоење, Специјалната антитерористичка единица ТИГАР се профилираше во високоспецијализиран тим на обучени полициски службеници, секогаш беспрекорно подготвени да се спротивстават на новите предизвици во борбата против тероризмот и организираниот криминал, како најголема закана на новото време. Досегашните резултати, пак, се уште еден показател дека ТИГАР како единица е позиционирана рамо до рамо со истородните формации од Европа и светот, парирајќи им како во стандардите на опременост и стручност, така и во врвно професионалното полициско постапување”, истакна министерот Спасовски.
Командантот на Специјалната антитерористичка Единица ТИГАР Драган Прокоповски истакнувајќи ја храброста и пожртвуваноста на припадниците на Единицата, потсети на седумте припадници на Специјалната антитерористичка единица-Тигар кои вршејќи ја својата должност, штитејќи го уставниот поредок, мирот и безбедноста, ги загубија своите животи.
„Оваа огромна загуба тлее во секого од нас, а споменот за нив, за нивното дело и жртвата што ја дадоа ќе живее засекогаш. Тие храбри срца живеат во срцата на сите припадници на нашата единица, бидејќи како што вели слоганот испишан на спомен плочата подигната во нивна чест “Сите даваме по нешто, но некои, односно токму тие, “дадоа се”. Тие се синоним за пожртвуваност и храброст и пример за сегашните и идни генерации. Тие се наши херои и никогаш нема да бидат заборавени”, рече командантот Прокоповски, при што ја изрази својата благодарност до раководството на МВР, заради тоа што од првиот момент го има препознаено значењето на Специјалната антитерористичка единица – Тигар, па вложувањето во неа е неизоставен дел од приоритетите на ова раководство на МВР.
Од страна на припадниците на САЕ – ТИГАР беше реализирана и видео презентација на активностите на Единицата за 2022 година, а во знак на одбележување на 42 години од формирањето на Единицата беа доделени и плакети, благодарници и награда за најдобриот припадник на Единицата за 2022 година. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски додели плакета на Н.Е. Килиан Вал - амбасадор, Шеф на мисијата на ОБСЕ во Скопје. Воедно, беа доделени плакети на припадниците за 5, 15, 20 и 25 години служба во Единицата, а од страна на Македонскиот полициски синдикат беа доделени пригодини подароци и плакети на двајца припадници на САЕ Тигар кои годинава заминуваат во пензија.
На крајот од свеченото одбележување присутните се упатија кон Спомен куќата на САЕ „ТИГАР“.
 
Член од
14 октомври 2013
Мислења
886
Поени од реакции
3.485
НИКОЛА-КОЉО ГЕНЕРАЦИЈА 94 ПАНТЕРИ-ВОЛЦИ...ИСТОРИЈА
 

Kajgana Shop

На врв Bottom