Max Legend
The black swordsman
- Член од
- 27 септември 2010
- Мислења
- 4.339
- Поени од реакции
- 6.479
- Возраст
- 41
- Локација
- Somewhere in Midland
Сигурен сум дека тука на кајгана форумот има многу фанови на македонските класици, независно дали се филмови, серии или книги. И јас сум еден од фан базата. А како личност чие детство зафаќа и дел од лудата поп културата на осумдесеттите години од 20-от век (кичасти музички спотчиња, кичаста гардероба, синт поп, филмови кои не се филмови ако немаат музичка монтажа, извонредни акции со cheesy one лајнери, претеран патриотизам од типот-подобри сме од другите, другите се еднодимензионално лоши), се запрашувам какви би биле Република во пламен, Солунски патрдии, Македонска крвава свадба итн доколку би биле режирани, односно би добиле допир од американски сценаристи и режисери од ерата на кичестите, луди и трипозни осумдесетти.
Најдолгиот пат - група на македонски командоси е на тајна задача по налог на врховниот штаб на ВМРО со мисија да се инфилтрираат позади непријателските линии, длабоко на Османлиска територија, со цел да ослободат група на заробени востаници од Илинденското востание.
Македонска крвава свадба 4 - Осман бег ја грабнува Цвета и го убива најдобриот пријател на Спасе. Спасе, огорчен поради развојот на настаните, го предизвикува Осман бег на боксерски дуел, на негов терен, пред негова публика. Во понатамошниот тек на приказната следиме музички монтажи од тренингот на Спасе во природа, подготвувајќи се за дуелот.
Република во пламен - свесни дека ја губат Крушевската република, македонските востаници испраќаат свој човек, со помош на временска машина, назад низ времето, да го предупреди Гоце Делчев востанието да не се крева прерано. Она што не го знаат е дека високо софистицираната ТуркНет испраќа свој асасин со задача да ги елиминира сите лица со мустаќи кои се одзиваат на името и презимето Гоце Делчев.
Црнила - млад човек е ангажиран од тајна организација да изврши убиство врз лице кое е осомничено за неколку кривични дела. После извршеното убиство лицето сваќа дека убиениот е Ѓорче Петров, полицаец на тајна задача да ја разбие бугарската нарко мрежа која стои зад организацијата. Лицето преку боди билд и вооружен музички монтиран тренинг се подготвува да тргне против организацијата. ПС: Ѓорче имаше 3 дена до пензија.
Мис Стоун - група на христијански мисионерки намерно се изложува на грабнување од македонските револуционери. Тие се испратени по иницијатива на американската влада со цел да го обучат локалното население во борба против помоќниот Отомански окупатор.
Солунските атентатори - Солун 1903 година. Идеален град и идеално време за дејствување на гемиџиите кои се надеваат дека преку бомбашки напади ќе издејствуваат меѓународна реакција за нивната кауза. Нивната прва мета е австро-унгарскиот трговски брод Die Sсhwarzenneger. Она што не го знаат за бродот е дека тој е избран за ловиште на вонземјанинот познат како Предатор.
Исправи се, Делифна - филм за подвизите на Атина Бојаџи, првата Македонка која го преплива каналот ла Манш, воедно и првиот македонски филм во масовната државна кампања на борбата против дрогата. Целиот филм се води по слоганот „Македонците се победници, а победниците не зимат дрога.“
Белата долина - борбата на човековото преживување во дивината, прикажана од светогледот на човек кој живее изолирано од остатокот на човечката цивилизација. Неговата борба започнува од моментот кога поради дефекти во електричниот систем предивикан од масовните врнежи на снег не е во можност да игра на неговиот Нинтендо и да ужива во авантурите на Супер Марио. Снегот го тера да излезе од дома после 20 дена непрекинато играње Нинтендо (и немањето кока кола и чипс-од оној лутиот), и да провери каде е дефектот...

Последно уредено: