Цариградската патријаршија лукаво ја искористила немаштијата и немоќта на Македонската православна црква и настојувала пред Високата Порта да докаже дека единствено таа може да ги врати долговите на Охридската архиепископија, доколку оваа биде укината и приклучена кон неа. Дури успеала да постави и свој човек, Ананиј, на чело на Македонската православна црква. Но, македонските епископи, со цел да ја сочуваат автокефалноста на Архиепископијата, не го прифатиле Ананиј и на негово место, на својот редовен архијерејски собор за архиепископ го избрале Пелагонискиот митрополит Арсениј, Македонец, што ќе биде и последен македонски архиепископ до укинувањето на Архиепископијата со султанското иреде.
Тогашниот цариградски патријарх Самоил решил да и зададе конечен удар на Македонската православна црква, односно Охридската архиепископија. Ја убедил турската власт дека македонските архиереи се непријатели на турската империја и побарал власта во Цариград да го повика Арсениј во врска со долговите на Архиепископијата. Таму Арсениј, под притисок на турската власт, дал писмена оставка на 17 мај 1767 година. Со неговата оставка е укината Охридската архиепископија - Македонската православна црква. Патријархот Самоил со помош на влијателни Грци и Турци издејствувал султанско иреде, со кое била укината Македонската православна црква, а нејзините епархии се присоединиле кон Цариградската патријаршија. Султанското иреде забранувало да се примат какви и да е жалби против укинувањето на Архиепископијата, а со тоа биле оневозможени протестите од секој вид. На крајот демонската лукавост и алчност на Грците победила, со што на православието воопшто му бил нанесен тежок пораз, со несогледливи последици во вековите што претстојат
О тешкото! Зурли штом диво ќе писнат,
штом тапан ќе грмне со подземен екот -
во градиве зошто жал лута ме стиска,
во очиве зошто навирува река
и зошто ми иде да плачам ко дете,
да превијам раце, да прекријам лик -
та гризам јас усни, стегам срце клето,
да не пушти вик.
О тешкото! Старци излегуват еве,
на чело им мисла, во очи им влага
и првиот чекор по меката трева
е мирен и бавен, со задржана тага.
Но 'рзнува тапан и писок се крева
и молнија светнува во секој глед,
и напред се пушта, се стрелка, се слева
стегнатиот ред.
До старците момци се фаќаат скокум;
не издржа срце - сив сокол во клетка,
не издржа пламен жив потулен во око,
не издржа младост што сака да летне!
Се залула оро! Се заврте земја,
и чиниш - се корне стресениот век,
и околу трпнат ридиштата темни
и враќаат ек.
И божем се врасло кипнатово оро
со исконска сила за земјава наша
и во него шуми на реките зборот,
и во него рика див ветер и страшен
и во него шепнат узреани житја
и вечерен мирис се разлева тих,
и земјата дише во пролетна ситост
со запален здив.
И душата, чиниш, на родот мој мачен
во тешково оро се уткала сета -
век по век што трупал сè попуст и мрачен
од крвава болка, од робија клета,
век по век што нижел од корава мисла
за радосна челад, за слободен свет,
од песна - за љубов што гине со пискот
ко жерав во лет.
О тешкото! Кога во молк да те гледам,
на очиве магла ми напаѓа сура,
и одеднаш - в бескрај се растега редот
и ридја се губат в пустелија штура -
и еве кај иде од маглата матна
сè сенка до сенка, сè еден до друг -
во бескрајно оро син оди по татка,
по деда си - внук.
Времињата мрачни се нивното поле,
и нивната свирка - на прангите ѕвекот,
а главите им се наведени доле,
и покроце врват - сè чекор по чекор.
О времиња, што ве в мрак родот мој минал,
кој збор ќе ми најде за вашата стрв?
Кој збор ќе ми најде за ужасот зинат
над пустош и крв?!
Кој број ќе ми каже на лутите рани,
на пламнати ноќи, на пеплишта пусти,
кој на срце болки ќе изреди збрани,
и на очи солзи, и клетви на усти?
О тешкото! Синџир ти беше на робја,
од калеши моми и невести ред.
со врзани раце во плен што ги погнал
насилникот клет.
О тешкото! Синџир ти беше на робја,
дур не стана народ во листена гора,
сè дури со јадот од векови собран
не поведе бујно, бунтовничко оро!
се залула танец низ крвје и огон,
и повик се зачу и грмеж во чад -
те разнесе сегде бунтовната нога
по родниот кат.
О тешкото! Сега по нашите села
во слобода првпат штом оро ќе сретнам,
зар чудно е - солза да потече врела,
зар чудно е - жалба јас в срце да сетам?!
Од вековно ропство, мој народе, идеш
но носиш ти в срце дар златен и пој.
Пченицата твоја триж плодна ќе биде,
И животот твој!
Г. Стефан, од Рим, гракна: „Свети Кириле, денес во твојот и наш Солун е камен на камен од твоето дело! Денес во твојот роден град се е пепел и прав и нема ни буква ни слово од јазикот твој и наш. Во крајот во кој сите тогаш говореа како тебе и како ние денес, забрането е не само говорењето и молењето на тој јазик, туку и постоењето. Денес, за жал, таму однесувањето е полошо од она на тријазичниците во твое време.... Таму се прогонува и протерува се што е македонско и се негира и името на земјата и името на Црквата, се негира - вистината“