Македонија со среден ризик за странски инвестиции

Tutkar

Богомил
Член од
6 декември 2005
Мислења
1.967
Поени од реакции
34
Македонија е земја со среден безбедносен и политички ризик за странските инвестиции.

Ова го покажа студијата „Risk map 2008“ на консултантската куќа Control Risks, која оценува дека во речиси 60 насто од земјите во развој постојат сериозни закани за странските инвестиции во политичкото и безбедносното опкружување.

Студијата ги дели земјите според политичкиот и безбедносниот ризик во четири групи и тоа земји со висок, среден, низок и незначителен ризик.

Од европските држави, покрај Македонија среден безбедносен ризик имаат и Албанија, Грција, Франција, Италија, Казахстан, Молдавија, Србија, Шпанија и Туркменистан. Среден безбедносен ризик имаат и САД и Кина, а како високо ризични меѓудругите се оценети и Индија, Русија и Турција

Низок безбедносен ризик од земјите во регионот имаат Бугарија, БиХ, Хрватска, Црна Гора и Словенија, а незначителниот ризик е резервиран за Андора, Финска, Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Сан Марино.

И кај политичките ризици, меѓу кои е вбројуваат корупцијата, влијателните лоби групи, недостиг на законски гаранции и слаби политички институции, Македонија е сместена во групата со среден ризик, заедно со Албанија, Белгија, БиХ, Камерун, Кина, Иран. Пакистан, Србија, Сирија, Турција...

Најголем политички ризик за инвестициите имаат Сомалија, Северна Кореа и Зимбабве, а во групата со незначителни ризици се сместени Андора, Британските Девствени отрови, Кајманските острови, Данска, Финска, Шведска, Нов Зеланд.

Бугарија, Хрватска, Канада, Кипар, Грција, Унгарија, Романија, Словенија, Велика Британија и САД се меѓу земјите со низок политички ризик за странските инвестиции.
 
Член од
15 март 2007
Мислења
102
Поени од реакции
1
Во Романија над 15 милијарди евра странски инвестиции во 2006 Вредноста на директните странски инвестиции во Романија, минатата година ја достигнале сумата до 15,155 милијарди евра. Како што соопшти Националната банка на Романија, странските инвеститори најмногу вложувале во индустрискиот сектор на кој се однесува 34,2% од вкупните инвстиции. Најатрактивни беа челичаните со 8,3% од вкупните вложувања.
Заинтересираност постоела и кај индустријата за храна како и индустријата за пијалоци и тутун која покрива над 5,5% од вкупната сума на инвестиции.
Во индустријата за преработка на нафта, хемиската индустрија и индустријата за гума и пластика вложено е околу 4,5% од вкупните инвестиции.
(Тотал)



Евала на романците!

http://www.total.com.mk/ShowNewsAdv.aspx?ItemID=9204&mid=303&tabId=1&tabindex=0
 

Kajgana Shop

На врв Bottom