Македонија се појавува во блескаво светло

Член од
5 август 2006
Мислења
164
Поени од реакции
10
Еве еден извадок од интервјуто на министерот Глигор Ташковиќ дадено во австралиски весник чиишто наслов на интервјуто е и наслов на темата:
После периодот на комунизмот и уште 15 години во хаос малата нација сега е Балкански светилник, пишува П.Т. Сингам во престижниот австралиски весник "The West Australian“.

После периодот на превирања и беззаконие, малата опколена со копно земја Македонија се појавува од црната дупка како светилник на некогаш немирниот Балкан, позиционирајќи се како Сингапур во Европа и настојувајќи да го повтори Ирското економски чудо.

Иако ја стекна својата независност од Југословенската федерација во 1991 година, без ниеден испукан куршум, позицијата на Македонија како регион кој обезбедува жито на сега непостоечката федерација, обезбедувајќи храна за 22 милиони луѓе, беше уништена од немирите и распаѓањето на комунизмот кој го забрза распадот на Југославија.

"Поранешните комунисти ја распарчија земјата и оставија црна дупка", вели министерот за странски инвестиции Глигор Ташковиќ.

Тој е министер во Владата на премиерот Никола Груевски кој за една година тврди дека ја искорениле корупцијата, ја зајакнале социјалната хармонија и го поставиле светлото темпо на економските реформи.

"Ги отстранивме сите правни пречки за странските инвестиции, повторно го градиме судскиот систем и назначуваме добри луѓе на вистинските места", вели Ташковиќ.

"Со евтина работна сила - просечна месечна плата од 370 евра, ниски даноци и отворање на бизнис само за два дена, Македонија се промовира како земја нудејќи бесцарински пристап на европскиот пазар од 650 милиони луѓе", вели Ташковиќ.

"Исто како Сингапур, ние сме мали со силна Влада и мултиетничко општество, на крстопатот на трговските правци и со 40 билатерални договори за слободна трговија", вели тој.

Исто така Македонија започна консултации со архитектите на Ирското чудо за совет за отворање на фабрики за производство на резервни делови за автомобили, за информатичка и комуникациска технологија, фармација, текстилна и чевларска индустрија, туризам како и енергетска и рударска индустрија.

Со цел да го зајакне својот меѓународен кредибилитет се однесува како добар светски граѓанин - како домаќин на војската на САД и на ОН и испраќајки свои сили во Босна, Ирак и Авганистан - и е на патот да стане земја членка на НАТО следната година и е секако земја-кандидат за членство во ЕУ.

Глигор Ташковиќ, експерт за комуникации кој успева водејќи се од принципот "попрофитабилно е да се биде етичен" се враќа во Скопје и помага во обновата на земјата, од која неговиот дедо си заминал после Втората светска војна.

(Вест Аустралиан)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom