- Член од
- 17 јануари 2009
- Мислења
- 649
- Поени од реакции
- 550
Во однос на презимето на Македонецот низ вековите т.е. суфиксите наполно се согласувам дека до првата половината на 19 скоро и да не постоеле (Во Охрид на пр. сеуште се актуелни презимиња без суфикси) , потоа тие во согласност со пропагандите на соседските Цркви и отворени училишта од нив се јавуваат кај народот, во зависност од периодот од власта или пак која пропаганда била поприсутна на терен тие се менувале и презимињата добивале суфикси ОВ ЕВ или ИЌ. Во прилог ќе постирам и три слики од старите гробишта во тетовското село Доброште, каде може да се види како соседските пропаганди делувале врз презимињата, но воедно и на јазикот, настрана од тешките судбини што се опишани
Овој гроб е од периот кога не биле развиени пропагандите
За време на егзархиски учител во селото
За време на српската пропаганда