- Член од
- 6 февруари 2005
- Мислења
- 9.722
- Поени од реакции
- 248


Висок дипломат на Советот на Европа за А1 тврди дека ваквиот развој на настаните, иако тешко би можел да се случи, сепак не треба да се исклучи.
Според изворите на А1, многу поверојатно е македонските пратеници да го изгубат правото да гласаат за време на заседанието на интерпарламентарното собрание на Советот на Европа.
И во двата случаи тоа би бил голем политички удар за македонските власти по добивање на статусот кандидат.
Во Брисел велат дека подобро е земјата навреме да ги даде сите информации за Ел Масри и да ја намали политичката штета затоа што секоја формална осуда од страна на европските тела за Македонија им оди во прилог на противниците на проширувањето кои добиваат аргумент дека Македонија и Балканот се уште не се подготвени за прием во Унијата.
И покрај достапноста во првичните наоди за случајот Ел Масри, евродипломатите не сакаат да зборуваат за евентуалната вина на македонските власти се додека не завршат сите три европски истраги за тајните затвори на ЦИА.
Дел од пратениците од десните партии во европарламентот, по сведочењето на Ел Масри пред привремената комисија на европарламентот, се убедени дека Ел Масри не ја говори целата вистина за Македонија.
Претседателот на комисијата за надворешна политика Елмар Брок за А1 вели дека и во случај со државите важи институтот презумпција на невиност.
Не треба да се зборува за нечија вина се додека не се утврди дека Ел Масри навистина бил нелегално уапсен и предаден на ЦИА, спротивно на европската конвенција за човекови права, вели Брок за А1.