Македонија и Хрватска ќе разменуваат студенти и професори

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
Поголема мобилност на студенти и професори од Македонија и од Хрватска, кои ќе добиваат стипендии што ќе ги обезбедуваат двете држави. Ова ќе се овозможи со програмата за соработка што вчера во Загреб ја потпишаа министерот за образование Перо Стојановски и неговиот хрватски колега Драган Приморац.

- Со оваа програма се продолжува соработката на двете министерства. Приоритет е изработката на заеднички проекти и аплицирање во областа на земјоделството, сеизмологијата, медицината, ветерината информатиката и математиката - рече министерот Стојановски.

Хрватскиот министер Приморац истакна дека со ова се продолжува пријателската соработка со Македонија заради заедничките реформи што ги спроведуваат во образованието.

- Двете земји ќе бидат членки на Европската Унија и сакаме таму да влеземе како држави што ќе бидат конкурентни, а не како држави на наемни работници. Но без образование нема конкурентност - истакна Приморац.

Како што посочи Радован Фукс, пак, државниот секретар во хрватското министерство, државата поставила високи критериуми за отворање универзитети. Тој додаде дека таму нема, како што рече, поплава од универзитети, но затоа има многу приватни високи школи со стручни студии за надградба на средното образование.
Болоњскиот процес во Хрватска е пред втората фаза, а централно место во неа е мобилноста на студентите и поврзувањето на стопанството во високото образование.

извор
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
25
Поени од реакции
4
Одлично ! Ке треба на некој од овие факултети да одам :D:D:D
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Ова е многу добра вест, само нека се реализира. Браво за идејата.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
23
Поени од реакции
0
Каде може да се добијат повеќе информации за ова? Баш би било убаво..
 
Член од
31 мај 2008
Мислења
803
Поени од реакции
33
паметна тема на форумов по долго време
 

Kajgana Shop

На врв Bottom