Македонија ги доби првите витези

Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248


Македонија ги доби првите витези од витешкиот ред на Коларите. Синоќа во католичката црква во Охрид членови на овој познат витешки ред со традиционален ритуал стар повеќе векови стана и титули дон добија и четворица македонци Дејан Страчковски, Јовица Накич, Милица Гегиќ и Стефан Кушан. Во овој христијански витешки ред има повеќе од 500 активни членови во светот, а од вчера тој ги доби првите витези на овие простори.
„Ние сме витези на витешкиот ред на Коларите основан во раниот среден век кој беше возобновен во средината на 19 век. На почетокот бевме воен ред, но сега остана само името. Такво бидејќи сега нашата цел е собирање пари за хуманитарни активности“, изјави Стивен Среч Принц од Монте Сент Анџело
На првата церемонија во Охрид витезите од редот на Коларите беа облечени во специјални свечени облеки кои ги носеа високи гости од светот меѓу кои имаше Принц, Барон и војводи. Кандидатите кои ги исполнуваат критериумите се промовираат во витези со традиционален меч, христијански крст и наметка.
Зошто првата ваква церемонија кај нас беше токму во Охрид?
„Јас направив избор за да се случи ова во Охрид, бидејќи Охрид е втор Ерусалим и најхристијански град со голем број на Цркви, бидејќи редот е црковен христијански ред и затоа го земавме Охрид како место“, рече Дон Деан Страчкоски.
Високите необични гости од витешкиот ред на Коларите кои по церемонијата вечераа во Охрид на градот во сезоната му дадоа поинаков светски сјај.
 
Член од
11 јуни 2006
Мислења
315
Поени од реакции
0
Фала Богу, и нешто христијанско да се случи во нашата Македонија, па нека е и католичко...
Нека им е со среќа на нашите први витези!
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.073
Сега им текна витези ?
абе малце дан касниме или мене така ми се чинит
не бе се зезам супер е ова шо бидна
ај со среќа нека им е and kick some bad ass
 

OBI VAN

Kenobi
Член од
5 мај 2006
Мислења
127
Поени од реакции
0
лугето на месечина се качија ние допрва витези ќе стануваме. Бог да чува и да брани
 
Член од
11 јуни 2006
Мислења
315
Поени од реакции
0
Кој знае?
Понекогаш од наѕад се стигнува напред!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom