Македонија во 2020!?

Член од
7 јануари 2011
Мислења
57
Поени од реакции
10
Прво помислив да го поставам прашањето како ја гледаме Македонија во 2020?

Но, претпоставив дека одговорите ќе ги базираме на „нечии“ способности и ќе ми се исполитизира темата. Затоа прашањето ми е следно

Што секој од нас како Македонец ќе направи за Македонија и како со свој придонес ја гледа во 2020?


Бидејќи е фер прво јас да се изјаснам почнувам од себе
Еве што јас планирам да направам ( или веќе правам)

- Семејство (повеќе деца)
- Што поголем сопствен капацитет во социјалните свери и културата на Македонија ( лично надополување на сопствениот интелект)
- Идеи за развој и интересни проекти доставени преку комуникациските средства до Владата
- Анимирање на Општините со она што е проблем за граѓанинот во градот
- Што е можно повеќе учество на блогови и форуми, дружење со ширење на македонизам и колективна свест за перцепција на државата како лична и колективна творевина за заеднички успех
 
Член од
21 декември 2010
Мислења
147
Поени од реакции
6
Додека македонските владетели не се чувствуваат Македонци ништо нема да се случи. Инаку во моментот кога почнат да за нивната земја ќе започне сосема бавно подобрување на сите аспекти на животот. Балканот смрди место за живеење и ќе притиснат на сериозни меѓународни пречки од страна на САД и ЕУ и соседните земји, но сепак ќе има движење напред.

--- надополнето ---

Прв ќе почнат да пречи ЕУ, бидејќи ако една земја е членка на ЕУ зголемувањето на животниот стандард во оваа земја значи полош живот за граѓаните на земјите како Франција, Германија и Англија.


Големите земји во светот се борат меѓу себе и единствениот начин за успех на мала држава на меѓународен план е игра на неколку фронта

--- надополнето ---

Тоа треба да биде многу курвенско, тивко и подмолно, бидејќи почувствуваат ли тие ќе те удираат сите.


Ако успее да добиеш моќно и големо меѓународно лоби заминуваат брзо напред и веќе не можат да те удираат и ти можеш да си дозволиш слободни активности против големи држави и непочитување на правилата кои се ставени само да ти пречат ако тоа е во твој интерес, но со мерка.
 
?

..........

Гостин
Еве сега го пишувам овој пост и ќе го прочитам по десет години, се разбира ако постои сеуште форумов, и ако сум жив и светот сеуште постои....


Поима немам:toe:
 

Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348
Што секој од нас како Македонец ќе направи за Македонија и како со свој придонес ја гледа во 2020?
Тоа што тивко ќе си замине од неа ќе придонесе многу и за себе и за државата... , во 2020 ја гледам македонија вака:

 
Член од
21 декември 2010
Мислења
147
Поени од реакции
6
Тоа што тивко ќе си замине од неа ќе придонесе многу и за себе и за државата... , во 2020 ја гледам македонија вака:

Не ја гледај затоа што сме сосед :nenene:
 
Член од
7 јануари 2011
Мислења
57
Поени од реакции
10
Тоа што тивко ќе си замине од неа ќе придонесе многу и за себе и за државата... , во 2020 ја гледам македонија вака:

зошто ја гледаш македонија, а не МАКЕДОНИЈА? ако ја гледаме сите на ист начин, можеби и ќе ја биде како што ја гледаме?
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Јас земјава во 2020 ја гледам на истово дереџе како што е и денес.Ни чекор понапред.Но да не внесувам политички елемент покрај Бугаров што прв се јавил да каже како ни ја гледа земјава (наместо да си ја гледа својата),ќе се обидам да ја прикажам желбата.
Мислам дека ќе се создаде генерација на либерали,младина без предрасуди и стереотипи,младина која ќе знае дека политиката е курва и секогаш ќе се пупи за интерес.Таа младина нема да верува никому кој е на власт и ќе размислува со своја глава.Нема да гледа реклами и да прави трето дете оти некој друг така сака,туку ќе планира семејство. Ќе се смее на некој кој ќе биде против абортус,на некој кој ќе малтретира сопруга и деца,ќе осуди се што е против воља на поединецот. Ќе има повеќе дебати,нема да се плашат да не му засадат марихуана во дворот,ќе има повеќе високо образувани кадри без купени дипломи,повеќе желба за напредок,повеќе можности за реализација на идеи. Дека некој ќе се бори со своја глава наместо да чека вујче да го чучне во администрација.Дека сите ликови кој денес се појавуваат ќе бидат истерани на клоца од земјава,ќе ги сакаме соседите и они нас,ќе работиме во систем во кој има судство,закон и устав.Ќе им ставиме даноци на поповите,ќе веруваме во Бога,нема да толерираме насилство.
Јас и во 2020 (ако сум жива) ќе се борам за ова,во секојдневна комуникација,потоа со воспитување на моите внуци и деца,во избор на пријатели,итн.
 
Член од
13 август 2010
Мислења
956
Поени од реакции
1.100
Не верувам дека ќе има некои драстични промени, горе-долу тука некаде би биле. 2020 и не е толку далеку за да гледаме дека се розево ќе биде, не сме од вчера независни. И нашите родители мислеле така за 10 години ќе биде подобро, ќе се смени моменталната ситуација, ќе има подобар живот... Јас мислам дека постојано во место тапкаме, а како што тргнало не иде на подобро.
Можеби сум скепична, но дај боже да грешам.
 
L

Liberation

Гостин
Ако помине иницијативата за промена на член 40 од Уставот, и бракот се дефинира како заедница на маж и жена, во Македонија сите проблеми ќе бидат решени.
Со самиот чин на тотална дискриминација на хомосексуалците, ќе се решат сите економски, културолошки и меѓуетнички проблеми.
Децата повеќе нема да бидат одгледувани од фамилии каде еден од родителите е алкохоличар, проститутка, наркоман.
Нема да има деца на улица, злоставувани, гладни, боси, туку сите ќе се среќни и радосни, бидејќи Уставот ги решил сиииите можни и неможни проблеми.
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
2020...
и не е баш така далечна...
Една паралела...еве...скоро беше 2001...сега е 2011 и сега живеам поубаво од тогаш...
Здравје, 2020 ќе бидам 43-годишник, сопруг и татко на тинејџер (исе надевам уште едно дете од 8-9 години :))
Својот придонес го гледам во сопственото чесно работење, со што, се надевам, ќе успеам да поставам некакви стандарди... ама тоа е веќе утопија... Со воспитувањето на децата да умеат да проценат што е добро, што лошо, а што е лажен морал, ќе се создаде нова генерација луѓе кои нема да бидат стегнати од денешното посттранзициско општество.
Да...како што одат времињата напред, така и животот е поквалитетен, па сигурно тогаш ќе биде поубаво од сега.
 
Член од
13 декември 2009
Мислења
1.307
Поени од реакции
647
2020...
и не е баш така далечна...
Една паралела...еве...скоро беше 2001...сега е 2011 и сега живеам поубаво од тогаш...
Здравје, 2020 ќе бидам 43-годишник, сопруг и татко на тинејџер (исе надевам уште едно дете од 8-9 години :))
Својот придонес го гледам во сопственото чесно работење, со што, се надевам, ќе успеам да поставам некакви стандарди... ама тоа е веќе утопија... Со воспитувањето на децата да умеат да проценат што е добро, што лошо, а што е лажен морал, ќе се создаде нова генерација луѓе кои нема да бидат стегнати од денешното посттранзициско општество.
Да...како што одат времињата напред, така и животот е поквалитетен, па сигурно тогаш ќе биде поубаво од сега.
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Како поединец не можам апсолутно ништо да направам. Иако викаат дека мали групи ги прават промените во општеството, потребна е и подршка од народните маси. Нашиов народ е поделен на илјадници табори и речиси не функционира како Македонски. Првиот сосед, куќа со куќа што граничите, ви е крвен непријтел, ви мисли најлошо... Што останува за другите кои не ги ни познаваме? Баш недостатокот од единство не прави постојано да пропаѓаме се подлабоко и подлабоко. Тоа, зачинето со политиката и медиумите е целосно промашување од држава. Секој ден сум посигурен дека нема да се извлечеме никогаш од калта во која навлеговме пред 20-тина години. Тонеме како Титаник со таа разлика што овој пат патниците (ние) го бутнавме бродот. . Јас само би сакал да го видам денот кога народот ќе се обедини за некое прашање од кое зависи неговата иднина. Не мора да е 2020, некогаш додека сум жив.... Ден кога нема да го гледаме личното туку заедничкото! Ден кога ќе жртвуваме и дел од себе за да му помогнеме на соседот за и тој да се чувствува подобро. Ден кога народот ќе одлучи за својата иднина, ден кога сите ќе бидат задоволни и среќни...
Кога би се идеализирал сонот и кога би се избегало во крајност од реалноста, сакам до 2020 година во Македонија да се појави трета политичка опција, партија од народот, која ќе работи за народот.. Влада во која ќе влезат свежи лица со потполно нови идеи и кои ќе обезбедат сигурен здравствен сисем, перспективно образование, земјоделство за пофалба. За народот сакам конечно да се свести дека тој ја кеира сопственат иднина, а не лицата кои седат во удобни фотељи. Да биде со отворени сфаќања, либерален, да го почитува изборот на поединците, да ја подобри својат култура и секојдневните навики. Да ја разбуди еколошката свест, да оди почесто во театар, кино. Да чита, да ги шири хоризонтите.... И пред се да има пари. Сигурно ако сето ова се оствари и економската состојба значително ќе се подобри :)
 
C

cige

Гостин
Ако помине иницијативата за промена на член 40 од Уставот, и бракот се дефинира како заедница на маж и жена, во Македонија сите проблеми ќе бидат решени.
Тука си 100% во право, кога сите ќе станеме педери ќе почнат во македонија да инвестираат сите светски брендови, абе дај малку врати се во реалноста бе умоболен, не само на к**ови лапање да мислиш.
Со самиот чин на тотална дискриминација на хомосексуалците, ќе се решат сите економски, културолошки и меѓуетнички проблеми.
Децата повеќе нема да бидат одгледувани од фамилии каде еден од родителите е алкохоличар, проститутка, наркоман.
Нема да има деца на улица, злоставувани, гладни, боси, туку сите ќе се среќни и радосни, бидејќи Уставот ги решил сиииите можни и неможни проблеми.
Тогаш децата ќе бидат одгледувани од двајца ахкохоличари или две проститутки? А во тој случај кој ќе им прави деца на тие? Штркот ќе им ги носи?
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113
Опшеството ни е деградирано до даска- да речеме дека сеа сме ВРАТЕНИ 20 години наназад- , што значи за 20 години ако не продолжиме со актуелната тенденција НАДОЛУ, би требало да станеме Европа денес- т.е. европа од 2011 година.
појдете од тоа само што е главна преокупација на народот
- Бранко, Грујо,
какви серии гледа народот -(бандини, мандини....) спрема тоа какви серии сеа се гледаат серијата Династија може да се смета за ремек дело....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom