Македонија во иста временска зона со Грција и со Бугарија?

Дали треба да одиме еден час понапред?

  • Вкупно гласачи
    206
Член од
12 декември 2010
Мислења
9.849
Поени од реакции
10.444
Дај бе достате со тој глуп муабет ,,покасно ќе се стемнува" ќе ве видам дали ќе можете да се расоните кога ќе биди во 8 сабајле мрак темница.
Јас во 6:30 кога се будам пак е темно и сеа што праиме? Логиката вика ако не си наспан и сонце нека пука тебе поише време ке ти треба да се расониш
Од друга страна за такво ми е у 4:30 у лето да се разденува, ве сфаќам вас пензионерите дека рано се будите ама дај не заебавајте ништо и онака не работи толку рано, покасно стемнување и вие покасно ке легнувате/будите

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Гледано географски ние сме си во Ок зона, политички не гледам причина зошто би мењале нешто, освен што може да го укинат зимското сметање на времето. Колку и да е безначајна промената имајте во предвид дека ќе треба долго навикнување на неа, физички, психички и логички :toe: Овие неколку возрасни генерации секогаш ќе калкулираат, дали јавување во Европа, дали спортски преноси, планирање на патување во странство. Навика е тоа, не се корне така како му текнало на некој!
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.122
Поени од реакции
5.229
Дај бе достате со тој глуп муабет ,,покасно ќе се стемнува" ќе ве видам дали ќе можете да се расоните кога ќе биди во 8 сабајле мрак темница.
Moжеш, демек сеа у зима не е у 6 сабајле темно
Автоматски споено мислење:

Гледано географски ние сме си во Ок зона, политички не гледам причина зошто би мењале нешто, освен што може да го укинат зимското сметање на времето. Колку и да е безначајна промената имајте во предвид дека ќе треба долго навикнување на неа, физички, психички и логички :toe: Овие неколку возрасни генерации секогаш ќе калкулираат, дали јавување во Европа, дали спортски преноси, планирање на патување во странство. Навика е тоа, не се корне така како му текнало на некој!
Реално нема нешто превише да добиеме освен суптилно чувство на подобрување у тек на зимските денови. Од аспект на трговија подобро ни е да седиме во оваа иста зона со ресто делот од Европа
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
9.849
Поени од реакции
10.444
Moжеш, демек сеа у зима не е у 6 сабајле темно
Автоматски споено мислење:

Реално нема нешто превише да добиеме освен суптилно чувство на подобрување у тек на зимските денови. Од аспект на трговија подобро ни е да седиме во оваа иста зона со ресто делот од Европа
Прашање и тоа колку ке смени улога не гледам нешто проблеми да имаат Бугарите и Грците од друга страна па за градежниците многу повеќе одговара подолг ден

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
28 јуни 2018
Мислења
743
Поени од реакции
920
I vremenskata zona e promasena (no ajde barem sme isto so 90% so koi imame business/personal kontakti) a i kalendarot so praznici (Xmas) e promasen.

Dobro vo toa sto sme ista zona so Evropa e sto nema problemi od tipot - a kolku e satot tamu, abe veke tie zavrsile so rabota aj utre, pa dal da se javam sea i slicni matematiki...
 
Временската зона е Ок, а за календарот е друга приказна! Знам дека не одговара никако во однос на окружувањето и ЕУ, т.е. скоро никогаш наш гастарбајтер не е дома за Божик, исто и со соседите!
Офтоп, Грците во поголема мера си тераат по ново, по Грегоријанскиот календар, ама имаат ветка која сеуште си тера по Јулијанскиот и си се нарекуваат верници по стар календар (на Крит особено). Мене ме есапеа како роднина кога ќе им кажев дека и ние исто по тој календар славиме :D
 
Календарот јас не би го менувал, се океј синхронизација бизниси и слично ама тој календар е културен белег на нас како Словенски народ и не верувам дека треба да го смениме тој дел. Нумерички сме синхронизирани ама според мене е многу глупо пример бугариве што слават Божиќ на 24ти а се православци, скроз нема логика. Знам и дел од грциве исто. Јас сум за тоа да си останеме на истото.
 
TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346

Тоа со календарот нема никаква врска ниту со православие ниту со словенството, а само прави незгодни ситуации во однос на цела Европа, па и цел свет.

Еве сега за пример ќе земам мојата работа. Овие 2 недели немам ама баш ништо за работа. Абе да ме убиеш немам што да измислам да работам,а сепак одам на работа и не можам да спојам од 24-03 без да спискам еден куп слободни денови. Следната недела кога ќе почнат клиентите да се враќаат со нови барања и нови проекти тогаш кај нас имаме 2 слободни дена.
Да не зборам што брат ми дојде за празниците, а никој од цела фамилија пола од времето не можеше да биде со него иако немавме ништо работа.

Временската зона е ок, календарот мора да се смени. Ако веќе сакаме до јулијанскиот да се држиме црковно, зошто побогу во секуларните работи тогаш се водиме од поточниот грегоријански?
 
Епа неможе се да ти се угоди и временска зона иста и празници
Ок ти е временскта зона пошто ти одговара ама и мене Божиќ ми е сосема океј зашто неам такви маки ко твоите и не би сакал ради некој гастрабајтер ова да се менува

Види, околинава не е софтвер па да си ја кастомизираме како на секој од нас што сакаме. Можда у метаверсот тоа хаха. И ја работам со странски компании како мои клиенти и периодов е лабаво после кога нас ни се битни празници е гужва зашто сите се враќаат у work-mode. Ама си поставуваш граници зашто тогаш тебе ти се празници и истите се почитуваат се што треба е да им соопшти. А исто знам како вработен на тебе за верски празници компанијата треба да ти отстапи слободни денови затоа што ти следуваат тоа е така у 99% од држави у Европа. Никој нема да ти каже зашто и како и не може.

Ако ме прашуваш мене се има врска со културниот идентитет и не треба да се претопиме тотално во некоја wanna be западна државичка кога не сме такви ни по менталитет ни по навики. Не викам дека треба да сме необразована стока (savages) него дека треба да си негуваме некои традиции кои што се уникатни за нас. Што имаат бугарите од тоа што слават на 24ти? Реално ништо не добиваат.
 
SkimSkam

Full Stack Говнар
Член од
26 август 2021
Мислења
2.119
Поени од реакции
5.667
Не сме географски во точна временска зона. Уште сме во Екс ЈУ временска зона. Секаде се разденува и стемнува покасно.
 
Ме сфаќате погрешно :D Не е работата да ми се угоди на мене, земав само личен пример. Јас сум за целосна интеграција со нашите најголеми пазари, а тоа е централна и западна Европа. Нема да се одвојуваме од нив понатаму, само ќе стануваат бизнис, роднинските врски и туризмот уште поинтегрирани. Кога веќе е така јас сум за во целост да ги прифатиме и CET временската зона на која географски и припаѓаме и верскиот календар да го приспособиме на Грегоријанскиот кој секулрано го користиме секако, а не постои никаква културолошка или верска пречка да го прифатиме.
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.122
Поени од реакции
5.229
a не постои никаква културолошка или верска пречка да го прифатиме.
Па самото тоа по себе што е различно е на некој начин пречка, треба да отстапиме од нешто што е врежано во нас. И онака никому нешто посебно не му смета ова така да таман сме си. Временската зона нека остане 1 за сите според мене ресто празнициве е банално да се мењаат. Следно ќе треба родендени да синхронизираме :pos:
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Не сме географски во точна временска зона. Уште сме во Екс ЈУ временска зона. Секаде се разденува и стемнува покасно.
Само Берово и Делчево не се!
Автоматски споено мислење:

vremenski zoni.png
Горе и доле поделбата е без политики, географски! Сите кривини се од некои други причини ;)
Ме сфаќате погрешно :D Не е работата да ми се угоди на мене, земав само личен пример. Јас сум за целосна интеграција со нашите најголеми пазари, а тоа е централна и западна Европа. Нема да се одвојуваме од нив понатаму, само ќе стануваат бизнис, роднинските врски и туризмот уште поинтегрирани. Кога веќе е така јас сум за во целост да ги прифатиме и CET временската зона на која географски и припаѓаме и верскиот календар да го приспособиме на Грегоријанскиот кој секулрано го користиме секако, а не постои никаква културолошка или верска пречка да го прифатиме.
Ми се чини дека поместувањето на календарот ќе предизвика поголема галама од промена на името и бугарските услови, ма какви, далеку поголема! Не е во прашање само навика иако таа е најизразена како причина. Овој народ се крепи на традиции и таму не треба да се чепка. Нели христијанството забранува раздавање храна и носење на гробишта, 2000 и кусур години маЌедончето си тера пагански обичај на принесување на жртви и мува не го лази и ти сега ради гости и ИТ бранша ќе му мењаш календар, мало сутра!
 
Последно уредено:
Член од
18 април 2010
Мислења
2.632
Поени од реакции
3.506
Ми се чини дека поместувањето на календарот ќе предизвика поголема галама од промена на името и бугарските услови, ма какви, далеку поголема! Не е во прашање само навика иако таа е најизразена како причина. Овој народ се крепи на традиции и таму не треба да се чепка. Нели христијанството забранува раздавање храна и носење на гробишта, 2000 и кусур години маЌедончето си тера пагански обичај на принесување на жртви и мува не го лази и ти сега ради гости и ИТ бранша ќе му мењаш календар, мало сутра!
Секако, христијанството на Македончето му е побитно и од сопствените деца(освен во ситуации кога пие и ждере како свиња, кога лаже, краде, оговара итн итн)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom