Немаше да ми биде воопшто криво ако бевме поразени затоа што не сме имале шанси, затоа што не сме биле способни. Го имале тие Хорфорд НБА играч кој топка не виде во првото полувреме.
АМА она што тие го имаа, а го немавме ние е Калипари и Дел Харис, тоа се вика УСПЕШЕН тренер кој знае да ја прочита ситуацијата на терен и времено да реагира. Дефинитивно нашата репрзентација замина во Венецуела без тренер.
Што ѓавол правеше Газовски после толку одиграни пријателски средби, имаше ли во таа црпката негова резервен план, знаеше ли дека треба да смислува кој, што, како, зошто, или отиде таму да се прошета со рацете во џеб, па што ќе биде, нека биде.
Да прокоцкаш 30 кошеви (20 разлика + 10 ) значи дека си заспал и не си бил присутен да видиш дека нешто се случува.
За момците нема да коментирам, затоа што сметам дека главната вина лежи во нашиот НЕСПОСОБЕН тренер, кој нема очи да види (веднаш да си смени диоптер) дека Гечевски неможе да го даде својот максимум, годините, тежината, начинот на игра не соодветствуваа на синоќешното темпо, ама нашиот Газовски упорно и упорно удираше со главата во ѕид, дури и кога виде дека победата ни се лизга од раце.
Нов ден, овој пораз ќе боли уште долго, златна шанса, златна генерација, самите си ја прокоцкавме, благодарение и на судиите секако, тие никако несмеат да се заборават
.
Со нови сили, во нови победи,,, до некоја следна прилика
Бо друже, секоја чест за твојата пожртвуваност да ги браниш боите на нашата земја