МИМ - Висока школа за новинарство и односи со јавност

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
Се работи за високообразовна установа создадена од Македонскиот институт за медиуми која од оваа година започнува со работа како 4-годишна школа за две насоки:
-новинарство
-односи со јавност

Досега 4 години по ред се организираше Едногодишната школа за новинарство од која се излезени 130 студенти а од оваа година со добивањето на решение за работа како високообразовна устаова од Министерството за образование започнува со 4-годишни студии.

Овие податоци ги најдов од нивниот сајт па бидејќи сум заинтересиран би ве запрашал за мислење, дали имате било какви информации и сознанија за школава, можеби некој ја посетувал Едногодишната школа за новинарство...

Исто така не најдов цена на сајтот па ако имате и таква информација...

Значи ако знаете нешто за школава (или да ја наречам факултет) би ве замолил да го споделите.
 

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
еве и текст од а1 за школава...

МИМ отвори висока школа за новинарство и за односи со јавност



Македонскиот институт за медиуми отвори висока школа за новинарство и за односи со јавноста.

Во високата школа ќе се пренесат и искуствата стекнати по четиригодишното функционирање на едногодишната школа за новинарство.

Целта на оваа високообразовна институција е да се образуваат новинари кои ќе работат според светски стандарди и поради тоа што професијата портпарол станува се поинтересна и ја работат се повеќе новинари.

На двете групи ќе предаваат луѓе од медиумите кои и досега им го пренесувале своето практично знаење на оние кои учеле во МИМ, како и професори од земјава и од два факултета од Данска со кои МИМ и досега соработуваше.

Оттаму велат дека наставната програма е уникатна, составена од врвни имиња во новинарството.

„Ќе има навистина многу пракса, ќе има многу практична работа и со завршувањето на високата школа, освен што нашите нови студенти ќе добијат диплома за дипломирани новинари или дипломирани специјалисти за односи со јавноста и корпоративни информации, тие ќе имаат и многу, многу практично знаење и искуство, што значи дека веќе од истиот момент, дури и во текот на студирањето ќе можат да се приклучат во редакциите на медиумите“, рече Жанета Трајкоска, ВШ за новинарство и за односи со јавност.

Освен праксата по медиумите, студентите на оваа висока школа своето знаење и искуство ќе го стекнуваат и во двете компјутерски лаборатории, телевизиското и радио студиото кои се составен дел од МИМ.

Студиите траат три години плус една за постдипломски. Критериум за упис е завршено средно образование, а пријавените кандидати поединечно ќе бидат интервјуирани за да се утврдат нивните вештини и афинитети за една од двете студиски програми.

Уписот е веќе во тек, а предавањата започнуваат во учебната 2008/2009 година.
 

*LittLe heart*

*најубави очи-ЗЕЛЕНИ*
Член од
14 јануари 2008
Мислења
751
Поени од реакции
289
Имам колешка која ја има завршено едногодишната школа и вика дека е добро организирана дека имаат многу пракса ангажираност ама дека недостигаат повеќе теорија знаење од различни области.Во глобала ако имаш финансии би ти било супер да пробаш да се запишеш зошто имаат некои интервјуа а и стипендии за најдобрите:pipi:
 

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
аха... а колку е цена дали знајш... то нигде не најдов на сајтов, им пратив меил и чекам одговор...
 

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
цената е 1.800 евра годишно со можност за плаќање на 12 рати...
Имам колешка која ја има завршено едногодишната школа и вика дека е добро организирана дека имаат многу пракса ангажираност ама дека недостигаат повеќе теорија знаење од различни области.Во глобала ако имаш финансии би ти било супер да пробаш да се запишеш зошто имаат некои интервјуа а и стипендии за најдобрите:pipi:
што се однесува до ова... тоа било едногодишна школа па затоа најверојатно...
сега е 3 годишна (имам грешка горе кај 4 годишна), и ќе биде комплетна и теорија и пракса...

само што неможам да споредам со студии новинарство на државниов, нигде нема ни програма ни ништо за студииве на СВ Кирил и Методиј.
 

^Кристи^

Dreamer
Член од
1 ноември 2007
Мислења
781
Поени од реакции
41
само што неможам да споредам со студии новинарство на државниов, нигде нема ни програма ни ништо за студииве на СВ Кирил и Методиј.
Овде имаш детално објаснето за студирањето на новинарство на Св. Кирил и Методиј. Се надевам ќе ти помогне

http://www.pf.ukim.edu.mk/images/File/Vodic.pdf
 

Kajgana Shop

На врв Bottom