17.02.11
15 – годишна девојка од Гостивар е згрижена по два месеци сексуално злоставување, полицијата за случајот уапсила пет мажи, кои добиле 30 дена притвор.
Девојката според полицијата на почетокот на декември го напуштила својот дом, а во паркот во Гостивар налетала на двајца од притворените кои со лажни ветувања ја убедиле да дојде со нив, по што ја сместиле во изнајмена соба, по што започнал нејзиниот кошмар.
Девојката била сексуално злоставувана, нудена на „муштерии“, добивала ќотек, а по некое време била принудена да работи во ресторанот „Милениум“, каде ја пронашле нејзините роднини, кои пријавиле во полиција.
Осомничените Х.Ф.(23),З.М.(20), З.Ј.(19), А.Ф.(57) и А.Ф.(32) завршиле во притвор, а девојката е сместена во Шелтер центарот на НВО Отворена порта.
Овде постои класичен стек на кривични дела. Со своите дејствија, лицата извршиле најмалку четири кривични дела и треба да им се суди за секое одделно.
Силување Член 186
(1) Тој којшто друг со употреба на сила или закана дека непосредно ќе нападне врз неговиот живот или тело или врз животот или телото на нему блиско лице, ќе го присили на обљуба, ќе се казни со затвор од една
до десет години.
(2) Ако поради делото од став 1 настапила тешка телесна повреда, смрт или други тешки последици или делото е сторено од страна на повеќе лица или на особено суров или понижувачки начин, сторителот ќе се казни со затвор
најмалку три години.
Посредување во вршење проституција Член 191
(1) Тој којшто врбува, наведува, поттикнува или намамува лица на проституција или тој којшто на кој и да е начин учествува во предавање на лице на друг заради вршење проституција, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години.
(2) Тој којшто заради заработувачка му овозможува на друг користење на сексуални услуги, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.
Грабнување Член 141
(1) Тој којшто ќе изврши грабнување на некое лице со намера него или некој друг да го присили да стори, да не стори или да трпи нешто, ќе се казни со затвор од една до десет години.
(2) Тој којшто делото од став 1 го стори спрема малолетно лице или тој којшто заради остварување на целта на грабнувањето од став 1 се заканува дека ќе го лиши оц живот грабнатото лице или дека тешко телесно ќе го повреди, ќе се казни со затвор најмалку три години.
Противправно лишување од слобода Член 140
(1) Тој којшто друг противправно ќе затвори, ќе го држи затворен или на друг начин ќе му ја одземе или ограничи слободата на движење, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.
(4) Ако противправното лишување од слобода траело подолго од 30 дена или е вршено на свиреп начин или ако на лицето противправно лишено од слобода поради тоа тешко му е нарушено здравјето или настапиле други тешки последици, сторителот ќе се казни со затвор од една до пет годнни.