После сите напади, обиди да ја уништат партијата, закани по живот, закани за бркање од работа, заплашувања, шиканирања и притисоци кои ги трпат Апасиев и Левица од актуелнава власт и нејзините полтрони од партиска, медиумска и НГО фела, мислам дека и со црн ѓавол би коалицирале само да го тргнат муртинсково ердоганче од власт кое има апсолутна власт и се понаша како државава да е негова приватна своина, нанесувајќи ѝ преголема штета на државава на секое поле, за рекордно краток временски период.
Апасиев не е веројатно дотолку прост и политички неписмен да прокоцка можност да биде дел од власта, каде ќе можат директно да условуваат, како што прави ДУИ, но овојпат во корист на македонскиот народ и држава.
Левица не е истата од пред 4-5 години, на стаклени нозе, каде не се знаеше ни дали ќе освојат 5000 гласови, па за да се плашат од некакво потонување и обезличување. Сега се етаблирана партија, со солидно гласачко тело и партиска инфраструктура.
Не се ни испрдок од некоја поголема партија или партија составена од рециклирани членови, како што се разни ГРОМови и ДОМови, па за да се плашат од некакво потонување.
Само партиски бот или тотално политички неписмен лик би помислил дека правилна одлука за Левица е да си остане вечна опозиција и вечно да си крака нешто од говорница, без никаква тежина и моќ да промени нешто.
Правилна одлука им беше што не коалицираа со никој на последниве парламентарни избори, туку чекаа подобро да се факторизираат, да добијат на тежина. За следни избори, откако ќе добијат повеќе пратеници, не верувам дека би ја пропуштиле можноста да бидат дел од власта, а воедно и да го тргнат малово ердоганче од власт. Сепак, два мандати му се повеќе од доволно.